Столтенберг ненајавено пристигна во Украина: Не го исполнивме ветувањето, оружјето ќе пристигне

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за време на ненајавената посета на Украина изјави дека земјите членки на таа алијанса не ги исполниле ветувањата за воена помош за Киев во последните месеци.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска за време на ненајавената посета на Украина изјави дека земјите членки на таа алијанса не ги исполниле ветувањата за воена помош за Киев во последните месеци, но вети дека сега ќе се зголемат испораките на оружје и муниција.

„Ќе бидам многу искрен со претседателот Зеленски и во парламентот и ќе кажам дека сојузниците во НАТО не го исполнија она што го ветивме во последните месеци. САД потрошија шест месеци за да се договорат за пакетот, а европските сојузници не ја доставија муницијата што ја ветивме Но, сега сум убеден дека тие ќе ги променат работите“, рече тој во возот со кој отиде во Киев.

Тој рече дека очекува други „нови обврски“.

„Тоа ќе направи разлика - исто како што недостатокот на поддршка направи разлика“, рече тој, алудирајќи на неуспесите на Украина на бојното поле, според Ројтерс.

Тој исто така изјави дека „Русите платиле висока цена за маргинална територијална придобивка“ и оцени дека Украина сепак може да ги „сврти работите“.

„Не е доцна Украина да надвладее и затоа е толку итно сојузниците од НАТО да го сторат она што го ветивме и да ги претворат тие обврски во вистински испораки на оружје и муниција“, рече тој.

Столтенберг се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а треба да се обрати и во парламентот.

Ова е негова трета посета на Украина од почетокот на војната.

Зеленски: На Украина ѝ се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска од Харков изјави дека се потребни неколку дополнителни системи за воздушна одбрана „Патриот“ за заштита на овој град од руските напади.

-Ситуацијата е многу сериозна. Не можеме да си дозволиме да го загубиме Харков... Се што ни треба се два системи Патриот. Русија нема да може да го окупира Харков ако ги имаме, рече Зеленски во интервју за ТВ каналот Еј-Би-Си Њуз, за време на посета на една од болниците во Харков.

Според него, во текот на изминатите неколку дена, стотици луѓе се убиени или повредени во офанзивата на руските сили во областа Харков.

-Многу од нив беа војници од регионот и затоа беше важно претседателот да биде таму и да ги поддржи, додаде Зеленски.

На прашање на новинарите дали САД се виновни за тоа што се случува во Харков, Зеленски одговори: „Целиот свет е виновен. Тие му дадоа на Путин можност да ја окупира украинската територија. Но, сега светот може да помогне “, истакна украинскиот лидер.

На забелешката на новинарот на Еј-Би-Си Њуз дека многу Американци се загрижени за тоа колку пари се трошат за Украина, Зеленски кажа дека овие пари не се трошат во Украина, туку во американски фабрики и дека Украина не се бори само за својата слобода.

-Овие пари не се префрлаат во Украина. Тоа се пари потрошени во американски фабрики за создавање американски работни места... И ние не се бориме само за нашата слобода. Да не беше Украина, тоа ќе беше друга земја, изјави претседателот.

Зеленски денеска во Харков одржа состанок на штабот на врховниот командант и ги посети ранетите бранители во болницата.

Османи: „Вреди“ се малцински претставник на Албанците

„Наша обврска е волјата на граѓаните да ја преточиме во реалноста“

Има разлика меѓу погледите и интересите на политичките партии од државните интереси.

Наша обврска е волјата на граѓаните да ја преточиме во реалноста.

Во предизборниот период имаше замислена пропаганда кај Албанците дека ДУИ се криминални.

Влада без Албанци и влада што го нема легитимитетот.

Уставното уредување не е идентично со владеењето, до Рамковниот договор дојде поради надгласувањето.

Еден глас да имаше „Вреди“ повеќе, јас ќе водев битка тие да ги застапуваат Албанците.

„Вреди“ се малцински претставник.

Стана тренд дека ако правите кампања против ДУИ ќе ја добиете наклонетоста на Македонскиот народ.

Имаше добро смислена пропаганда во партиските центри против ДУИ, но, не го убеди албанскиот народ.

Влада со нелегитимни Албанци е исто како и влада без Албанци.

Мандатарот има обврска да го почитува основниот договор меѓу македонскиот и албанскиот народ.

Тоа што се случи во дик е класична кражба и СДСМ е дел од заговорот со дик, тие може да добијат уште еден пратеник во 5-тата изборна единица.

Османи: Изборниот фолклор заврши

„Одговорноста на мандатарот е да не го поништи договорот меѓу Албанците и Македонците“.

Не може ништо да се смени во преговорите со Бугарија, мислите не се обидувавме? Или може, но на наша штета. Уставните измени се наш начин како да имаме контрола над тој процес. Само се губи време, се губи кредибилитетот на државата, убеден сум дека уставните измени се најголемиот интерес. Македонија е територија на четири држави, да кажете Македонската претседателка значи дека е претседателка само на македонската етничка заедница. Немаме луксуз да се расправаме со соседите, изборниот фолклор заврши. Албанци сите приватно може да бидеме, влада без легитимен претставник на Албанците е исто како влада без Албанци. Одговорноста на мандатарот е да не го поништи договорот меѓу Албанците и Македонците, инаку би се влегло во период на пост-охридска Македонија, рече Бујар Османи во Само Интервју.

притисни ентер