Полицијата спречи 3 000 луѓе да си играат криенка во Икеа

Шкотската полиција имаше малку необична задача- да ги наоѓа сомнителните кои си играат криенка во продавницата за мебел на Икеа.

По дојавата на Фејсбук , над 3 000 луѓе се изјасниле дека ќе одарт во Икеа и ќе играат масовна криенка . Полицајците од Глазгов веднаш ја обиколиле продавницата за да спречат масовен упад на ,,играчите”.

Идејата за играње криенка во Икеа им била забавна зашто се протега на 28 000 метри квадратни на три ката со многу мебел и предмети каде што може да се скријат. Оваа идеја сепак не е оригинална.

Во Холандија пред четири години Икеа официјално забрани да се игра криенка , откако 32 000 луѓена Фејсбук потврдија дека ќе дојдат и ќе учествуваат во играта во Ајндховен.Во продавницата во Амстердам потврдиле присуство 19 000 играчи , како и 12 000 во Утрехт.

Поради слична ситуација криенките во Икеа ги забрани и Австралија. Пред три години околу 33000 Австралијци се изјаснија дека ќе играат криенка , а влезницата била 1 долар.

Единаствените кои успеале да играат масовна криенка пред забраните се Белгијците кои во 2014 , го почнаа овој тренд .

Сепак , главен виновник е Белгијката Елис Де Ријк , која ја организирала оваа криенка , зашто тоа и било желба да го направи пред својот 30. роденден. Тогаш се собрале 500 играчи на криенка во Икеа.

Ристовски: Споменот на Делчев мора да го одржиме жив, немојте да си играте со образот и честа

„Ова е денот кога се сеќаваме на Великото дело на нашиот револуционер Гоце Делчев, денес е споменот на неговото вековно дело кое остави неизбришлива трага во духот на македонскиот народ. “

Тој е во суштината, континуитетот на вековната борба на македонскиот народ за своја национална слобода и за своја држава. Споменот на Гоце Делчев мора да го одржиме жив во срцата и во душите на генерациите денес, но и како аманет да го оставиме за нашите генерации и потомства утре“, изјави носителот на листата во ИЕ2 на Коалицијата Храбро за Македонија и претседател на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски по средбата со граѓаните во Градско.

Ристовски упати порака и опомена до двата престедателски кандидати, но и до сите идни пратеници во македонскиот парламент.

„Вие можете да си ги продадете образот и честа за 30 сребреници но сама да знаете според Библијата во мираз ќе добиете проклетство до седмо колено. Немојте да си играте со образот и честа на македонскиот народ, не чепкајте во Уставот, во светињата во него, во таа вековна борба на македонскиот народ за национална слобода. Немојте да чепкате во државотворната позиција на македонскиот народ, немојте да си играте со судбината на Македонците во својата татковина Македонија. Бидете свои на своето. Македонија навистина во својот Устав е дефинирана како држава која е круна на вековната борба на македонскиот народ за своја самобитност, за свој нација, за своја држава за своја национална слобода“, рече Ристовски.

Тој упати и порака до јавноста.

„Пораката до македонската јавност е внимавајте кому ќе го доверите својот глас во среда на 8 мај, размислете пред да заокружите, ние сакаме да ве повикаме во името на тие 53 проценти неопределни, но и на сите вас кои сте одлучиле да гласате, заокружете број 3 за да добиете бедем и бастион во македонскиот парламент кој ќе се грижи и ќе го чува македонскиот национален интерес“.

Јордан Николов, носител на листата во ИЕ3 на Коалицијата Храбро за Македонија по средбата со граѓаните во Градско и со земјоделците ги пренесе нивните поплаки дека нема пласман за земјоделските производи.

„Тие истакнаа дека го паметат времето од стара Југославија кога имаа сигурен пласман за нивните производи. Денес после 30 години земјоделците немаат пласман за нивните производи, ние ќе ги решиме овие проблеми, ќе работиме заедно со земјоделците, заедно ќе помогнеме водата која е насушен ресурс да биде дадена на земјоделците кога е најпотребна. Кога имаат потреба да го предадат својот откуп во откупните центри, да најдеме пласман за нивните производи. Заедно ќе работиме да ја обновиме механизацијата, а заедно и ќе работиме на селскиот туризам и да го подигнеме овој крај сите заедно, рече Николов, се наведува во партиското соопштение.

НАТО ги започна досега најголемите воени вежби, реагира Русија: Тоа е подготовка за војна

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“, се доказ дека Алијансата се подготвува за потенцијален конфликт со Русија.

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“, се доказ дека Алијансата се подготвува за потенцијален конфликт со Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Захарова неделава ги отфрли обвинувањата на НАТО дека Русија води хибридна војна против нејзините членки, тврдејќи дека тоа е дезинформација со цел да се одвлече вниманието од активностите на алијансата.

„НАТО е тој што води хибридна војна против Русија, поддржувајќи ја Украина со оружје, разузнавачки информации и финансии, рече таа.

„Во моментов, најголемата вежба на НАТО од Студената војна, Непопустлив бранител, се одржува во близина на руските граници. Според нивното сценарио, акциите на коалицијата против Русија се практикуваат со користење на сите инструменти, вклучително и хибридно и конвенционално оружје“, продолжи Захарова.

„Мора да признаеме дека НАТО сериозно се подготвува за потенцијален конфликт со нас“, рече Захарова.

Најавувајќи го почетокот на вежбите во јануари, НАТО најави дека на нив ќе учествуваат 90.000 војници, кои ќе го вежбаат сценариото како американските сили да им помагаат на Европејците во земјите кои граничат со Русија и на источното крило на алијансата доколку конфликтот се разгори.

Вежбите ќе траат до мај, пишува Ројтерс.

Мик Џегер на концерт во Лујзијана го прозва гувернерот за инклузија- експресно му одговори

Англискиот пејач Мик Џегер (80) накратко зачекори во политиката на американската сојузна држава Луизијана, упатувајќи вербален „удар“ до конзервативниот гувернер на државата.

Англискиот пејач Мик Џегер (80) накратко зачекори во политиката на американската сојузна држава Луизијана, упатувајќи вербален „удар“ до конзервативниот гувернер на државата, додека „Ролинг Стоунс“ настапувале на фестивал во Њу Орлеанс, пренесува АП.

Бендот ја заврши песната „You Can't Always Get What You Want“ за време на настапот во четвртокот вечерта, кога Џегер почна да зборува за инклузија, објави Асошиејтед прес, цитирајќи медиумски извештаи од Њу Орлеанс.

„Сакаме да го вклучиме и него. Дури и ако сака да нѐ врати во каменото доба“, рече Џегер за гувернерот Џеф Ландри.

Лендри (53) е републиканец поддржан од Доналд Трамп, поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат, а откако беше повикан, тој му одговори на Џегер:

„Не можеш секогаш да го добиеш она што го сакаш. Единствената личност која веројатно може да се сети на каменото доба е Мик Џегер. Те сакам пријателе, секогаш си добредојден во Луизијана!“.

притисни ентер