Поддршка од 200 милиони евра за земјоделците, субвенции, прилагодување со агрополитиката на ЕУ, вети Хоџа

Вети дека ќе обезбедат услови за порентабилно земјоделско производство преку зголемување на  кофинансирањето на трошоците за набавка на  зелена нафта.

Во наредните четири години земјоделството и руралниот развој ќе ги поддржиме со годишна финансиска поддршка од 200 милиони евра и ќе вршиме навремена исплата на субвенции по принципот 30 отсто од висината на субвенциите за основните мерки да се исплаќа 30 дена по одобрувањето, а 70 отсто според календарот за исплата, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арианит Хоџа.

-Во следните четири години ќе работиме на креирање на политики кои се во согласност со генералните обврски и насоки на државата за приспособување кон заедничката земјоделска политика на ЕУ. Наша задача е со стратегија и соодветна поддршка земјоделството да стане една од најпродуктивните и најисплатливите гранки преку искористување на сите природни ресурси што ги нуди нашата држава, рече Хоџа при презентацијата на мандатното писмо.

Вети дека ќе обезбедат услови за порентабилно земјоделско производство преку зголемување на кофинансирањето на трошоците за набавка на зелена нафта.

-Годинава државата покрива 50 отсто од трошоците, а овој процент секоја година ќе се зголемува и до крајот на 2024 година ќе биде 100 отсто субвенциониран, посочи Хоџа.

Ќе го продолжиме, додаде, процесот на консолидација, односно опкрупнување на земјоделското земјиште, ќе ги мотивираме младите земјоделци до 40 години да останат во земјоделството преку доделување на грантови до 20.000 евра и ќе ја зголемиме поддршката за жени земјоделки до крајот на 2024 година.

-Ќе биде формиран Интервентен фонд во програмата за директни плаќања, а наш приоритет ќе биде инвестирањето во инфраструктура на пасишта во јавно-приватно партнерство и градба на брани и системи за водоснабдување, потенцира Хоџа.

Посочи дека нашата држава годинава се наоѓа во еден од најтешките пеироди пред,како што рече, најголемиот предизвик, справување со глобалната закана за здравјето на луѓето – вирусот Ковид-19.

-Но, покрај ризиците за здравјето на луѓето последиците од оваа глобална пандемија има економијата вклучувајќи го и земјоделството. Токму здравствената криза покажа дека домашното производство на храна и земјоделски производи е најважно, нагласи Хоџа./МИА

Кина ја лансираше сондата, што ќе собира примероци од темната страна на Месечината (ВИДЕО)

Кина денеска започна двомесечна беспилотна мисија за собирање примероци од темната страна на Месечината, што е прв пат некоја земја да го стори тоа.

„Долгиот марш-5“, најголемата кинеска ракета, беше лансирана во 17:27 часот по локално време од центарот за лансирање Венчанг лоциран на јужниот остров Хаинан. Ја носи осумтонската лунарна сонда Chang'e-6.

Целта на сондата е да слета на темната страна на Месечината, онаа која секогаш гледа обратно од Земјата, каде што ќе собира примероци.

Ова лансирање е нова пресвртница во вселенската програма на Кина.

„За нас е малку мистерија како Кина успеа да развие толку амбициозна и успешна програма за толку краток временски период“, рече Пјер-Ив Меслин, француски научник кој работел на една од научните цели на мисијата.

Претходната мисија Chang'e-4 во 2018 година беше првото вселенско летало без екипаж што слета на темната страна на Месечината, а во 2020 година Chang'e-5 врати примероци од сателит на Земјата за прв пат по 44 години.

Мисијата лансирана денеска би можела да биде првата што ќе донесе примероци од далечната страна на Месечината, пишува Ројтерс.

Сиљановска-Давкова на трибина во Велес на тема: "Ранливи категории"

Во рамките на претставувањето на клучните точки од Програмата „Македонија повторно горда“ петтата трибина на тема: "Ранливи категории". 

На трибината свое обраќање имаше кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова. Исто така, беше промовирана и аудио-верзијата на програмата „Македонија повторно Горда“. На трибината учество зедоа преставници на различни групи на ранливи граѓани.

Сиљановска-Давкова истакна:

"Оние кои ме познаваат знаат дека нема луѓе со хендикеп, туку има држави со посебни потреби, како нашава.

Член 9 од Уставот е нецелосен, мора да се прошири со лицата со посебни потреби.

Никој подобро не може да ги застапува овие лица, од самите тие, преку нивна промоција во разни сфери.

Оваа држава не смее да се откаже од лицата со посебни потреби. Можеби им треба повеќе време за изразување, но ние имаме човечка обврска да го браниме и поддржиме тоа. Тоа е само различен начин на изразување, а не хендикеп.

Јас секогаш ќе водам сметка за сите категории на луѓе, вклучително и за овие лица. Тие луѓе можат на еден поинаков начин да придонесат за развојот на општеството.

Пресреќна сум што ВМРО- ДПМНЕ даде шанса на оваа категорија на луѓе да се промовираат себеси.

Јас ќе бидам промоторка и заштитничка на ранливите категории на луѓе, за да имаат шанса да го докажат она што го знаат."

Нова Алтернатива: Сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија

Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Во изминатите две години на место каде имаше дива депонија од над 50 илјади метри квадратни направивме мега парк во Ѓорче Петров, исчистивме над 280 диви депонии, каде некој трупа отпад, загадува и заработува.

Први поднесовме кривична пријава против еден од најголемите загадувачи во Македонија и без компромис се бориме против секој што се обидува да ги труе нашите сограѓани.

Затоа за обезбедување услови за Македонија во која ќе живееме здраво и во чиста животна средина мора да се пристапи кон:

-Кривично гонење на сите кои ќе се утврди дека извршиле дело против животната средина и здравјето на граѓаните

-Да се донесе Закон за комунална полиција

-Спречување на заадувањето од големите индустриски капацитети

-Нема да дозволиме рестартирање на рудниците и мора да се изврши ревизија на сите долгорочни договори за концесии за експлоатација на минерални суровини

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Политичка партија Нова Алтернатива

притисни ентер