Почнува рокот за собирање потписи и увид во Избирачкиот список за изборите на 12 април

Течат роковите за подготовка на предвремените парламентарни избори на 12 април. Утре почнува рокот за собирање потписи на избирачите за кандидати за пратеници и за јавен увид во Избирачкиот список.

Новина е што од овие избори освен од службени лица на Државната изборна комисија, потписи ќе се собираат и пред надлежен нотар на образец што неодамна беше утврден на седница на ДИК.

Подносителот на листата определува пред кои нотари ќе се собираат потписи и за тоа ја известува ДИК, која на својата интернет-страница објавува листа на нотари пред кои подносителите на листа собираат потписи.

Секој избирач својот потпис може да го даде за повеќе листи на кандидати за пратеници. Избирачите кои ја поднесуваат листата треба да имаат избирачко право и постојано живеалиште на подрачјето на изборната единица, општината, односно Град Скопје.

Собирањето потписи пред овластено лице од дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии за предлагање листа на кандидати за пратеници во Собранието на Македонија од група избирачи започнува исто така в среда и завршува на 6 март на полноќ.

Листите на кандидати за пратеници во Собранието овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК и тоа најдоцна до 12 март на полноќ.

Јавниот увид во Избирачкиот список за изборите на 12 април започнува исто така утре и завршува на 11 март на полноќ. Гласачите своите податоци во Избирачкиот список и досега можеа да ги проверат и пред овој рок, преку апликацијата на веб-страницата на ДИК www.sec.mk и во канцелариите на ДИК.

Според Роковникот на ДИК, најдоцна 10 дена од денот на распишувањето на изборите Избирачкиот список се става на јавен увид, кој граѓаните може да го направат во подрачните одделенија и месните канцеларии на Комисијата, но своите податоци исто така може да ги проверат и преку апликацијата ставена на веб-страницата на ДИК.

Во истиот период од 26 февруари до 11 март граѓаните можат да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење податоци во Избирачкиот список и тоа во подрачните одделенија и месни канцеларии на Комисијата.

Увид во Избирачкиот список ќе им биде овозможен и на затворениците и лицата во притвор во казнено-поправните установи. Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи на Избирачкиот список за време на јавниот увид државјаните на РСМ кои се во притвор или се наоѓаат на извршување казна затвор го поднесуваат преку органот надлежен за извршување на санкциите до ДИК најдоцна до 11 март.

Јавниот увид на 26 февруари започнува и за македонските државјани кои живеат или работат во странство и тој може да се направи во дипломатско-конзуларните претставништва. ДИК преку МНР ги доставува до ДКП и конзуларните канцеларии посебните извори од Избирачкиот список за лицата на привремена работа или престој во странство врз основа на евиденцијата од надлежен орган, за ставање на јавен увид.

Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список за време на јавниот увид, државјаните на РСМ кои се на привремена работа или престој во странство го поднесуваат преку апликацијата со лична електронска пошта до ДИК.

Од денот на распишувањето на изборите до завршувањето на јавниот увид државјаните на РСМ кои се на привремена работа или престој во странство можат да достават пријава своерачно потпишана или испратена преку апликацијата со лична електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на претстојните избори.

Пријавата, ДКП/КК веднаш, а најдоцна во рок од два дена по завршувањето на јавниот увид ја доставува по електронска пошта до МНР, а МНР најдоцна во рок од 24 часа од денот на приемот ги доставува до ДИК.

ДИК на 16 февруари упати јавен повик за пријава и увид во Избирачки список за гласање во странство за предвремените избори за пратеници на 12 април.

Според податоците на ДИК до вчера напладне биле пристигнати и обработени 627 пријави за гласање во ДКП на РСМ. Најмногу од нив 75 се од Венеција, 63 во Берн, 62 во Берлин и 45 во Минхен. Гласањето во дијаспората ќе се организира само доколку се пријават околу 7.000 гласачи.

По барањата и пријавите на граѓаните ДИК е должна да одлучи со решение во рок од 24 часа од денот на приемот на барањето. Против решението со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа по приемот на решението може да поднесе тужба до Управниот суд по електронски пат. По тужбата УС решава во рок од 24 часа по нејзиниот прием и одлуката веднаш му ја доставува на тужителот по електронски пат.

ДИК во рок од пет дена (до 16 март) од денот на завршување на јавниот увид, Избирачкиот список го доставува до политичките партии.

Синоќа на полноќ истече рокот до кога МИОА до ДИК требаше да ги достави податоците за вработените во државната и општинската администрација, администрацијата на Град Скопје, како и јавната администрација. Исто така, на полноќ заврши и рокот до кога МНР требаше да ги достави до ДИК податоците за дипломатите вработени во соодветно ДКП, односно конзуларна канцеларија. Од редот на администрацијата и дипломатите се избираат членови во избирачките одбори што ќе ги спроведуваат изборите во земјата и во странство. /МИА

НАТО ги започна досега најголемите воени вежби, реагира Русија: Тоа е подготовка за војна

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“, се доказ дека Алијансата се подготвува за потенцијален конфликт со Русија.

Четиримесечните воени вежби на НАТО во близина на границите на Русија, наречени „Непоколеблив бранител“, се доказ дека Алијансата се подготвува за потенцијален конфликт со Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Захарова неделава ги отфрли обвинувањата на НАТО дека Русија води хибридна војна против нејзините членки, тврдејќи дека тоа е дезинформација со цел да се одвлече вниманието од активностите на алијансата.

„НАТО е тој што води хибридна војна против Русија, поддржувајќи ја Украина со оружје, разузнавачки информации и финансии, рече таа.

„Во моментов, најголемата вежба на НАТО од Студената војна, Непопустлив бранител, се одржува во близина на руските граници. Според нивното сценарио, акциите на коалицијата против Русија се практикуваат со користење на сите инструменти, вклучително и хибридно и конвенционално оружје“, продолжи Захарова.

„Мора да признаеме дека НАТО сериозно се подготвува за потенцијален конфликт со нас“, рече Захарова.

Најавувајќи го почетокот на вежбите во јануари, НАТО најави дека на нив ќе учествуваат 90.000 војници, кои ќе го вежбаат сценариото како американските сили да им помагаат на Европејците во земјите кои граничат со Русија и на источното крило на алијансата доколку конфликтот се разгори.

Вежбите ќе траат до мај, пишува Ројтерс.

Светна Благотаниот оган во храмот на Христосовото Воскресение во Ерусалим

Во црквата на Воскресението Христово во Ерусалим, се појави чудотворниот благодатен оган.

Ерусалимскиот патријарх Теофил Трети излезе од Едикулата и почна да им го дели на народот пламенот, кој, како што се верува, настанал со чудо, по молитва.

Овој храм е едно од најважните христијански светилишта и во него, во пресрет на Велигден, се појавува Благодатниот оган.

Според традицијата, црквата била изградена токму на местото на распнувањето, погребот и воскресението на Исус Христос.

За слегувањето на благодатниот оган зборувал и апостол Петар.

Обредот на наметнување оган се врши откако претходно се провери дека никој не донел запалувачки агенс во храмот. Потоа следи призивот на Светиот Дух.

Ерусалимскиот патријарх прв го прими огнот на својата свеќа и им го предаде на останатите. Огнот при допир наводно не предизвикува изгореници, ниту пак се чувствува жешко.

Ристовски: Споменот на Делчев мора да го одржиме жив, немојте да си играте со образот и честа

„Ова е денот кога се сеќаваме на Великото дело на нашиот револуционер Гоце Делчев, денес е споменот на неговото вековно дело кое остави неизбришлива трага во духот на македонскиот народ. “

Тој е во суштината, континуитетот на вековната борба на македонскиот народ за своја национална слобода и за своја држава. Споменот на Гоце Делчев мора да го одржиме жив во срцата и во душите на генерациите денес, но и како аманет да го оставиме за нашите генерации и потомства утре“, изјави носителот на листата во ИЕ2 на Коалицијата Храбро за Македонија и претседател на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски по средбата со граѓаните во Градско.

Ристовски упати порака и опомена до двата престедателски кандидати, но и до сите идни пратеници во македонскиот парламент.

„Вие можете да си ги продадете образот и честа за 30 сребреници но сама да знаете според Библијата во мираз ќе добиете проклетство до седмо колено. Немојте да си играте со образот и честа на македонскиот народ, не чепкајте во Уставот, во светињата во него, во таа вековна борба на македонскиот народ за национална слобода. Немојте да чепкате во државотворната позиција на македонскиот народ, немојте да си играте со судбината на Македонците во својата татковина Македонија. Бидете свои на своето. Македонија навистина во својот Устав е дефинирана како држава која е круна на вековната борба на македонскиот народ за своја самобитност, за свој нација, за своја држава за своја национална слобода“, рече Ристовски.

Тој упати и порака до јавноста.

„Пораката до македонската јавност е внимавајте кому ќе го доверите својот глас во среда на 8 мај, размислете пред да заокружите, ние сакаме да ве повикаме во името на тие 53 проценти неопределни, но и на сите вас кои сте одлучиле да гласате, заокружете број 3 за да добиете бедем и бастион во македонскиот парламент кој ќе се грижи и ќе го чува македонскиот национален интерес“.

Јордан Николов, носител на листата во ИЕ3 на Коалицијата Храбро за Македонија по средбата со граѓаните во Градско и со земјоделците ги пренесе нивните поплаки дека нема пласман за земјоделските производи.

„Тие истакнаа дека го паметат времето од стара Југославија кога имаа сигурен пласман за нивните производи. Денес после 30 години земјоделците немаат пласман за нивните производи, ние ќе ги решиме овие проблеми, ќе работиме заедно со земјоделците, заедно ќе помогнеме водата која е насушен ресурс да биде дадена на земјоделците кога е најпотребна. Кога имаат потреба да го предадат својот откуп во откупните центри, да најдеме пласман за нивните производи. Заедно ќе работиме да ја обновиме механизацијата, а заедно и ќе работиме на селскиот туризам и да го подигнеме овој крај сите заедно, рече Николов, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер