Почнува петтиот „Македокс“

Под мотото „Природно“ денеска во Куршумли Aн и Младинскиот културен центар (МКЦ) почнува петтото издание на Фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“.

Фестивалот, кој ќе трае до 20 јуни, ќе биде отворен со филмот „Револт“, а потоа ќе биде прикажан филмот „Откачи“. Главната програма ќе почнува во 21 часот во Куршумли Ан, а вечерните проекции во МКЦ се во 19 часот, додека во 12 часот ќе има пладневни проекции кои се новина од годинава.

Директорката на „Македокс“, Киријана А. Николоска на прес-конференција најави дека покрај стандардните термини за разговор со гостите „Под смоквата“, новина во програмата е „Утринско доку-кафе“ во МКЦ, замислено како серија класови на режисерите, чии филмови ќе бидат дел од филмската програма, секој ден од 10:30 до 12 часот.

- Со петтото издание на „Македокс“ ќе се обидеме да се сетиме, потсетиме и осетиме што значи „Природно“. Ги задржавме старите програмски целини и истиот број проекции, а ја проширивме дополнителната програма. Годинава има околу 380 пријавени филмови од 64 земји во светот, што зборува за поставеноста на фестивалот на светската документарна мапа, рече Николоска.

Во рамки на фестивалот се предвидени две работилници, „Креативна употреба на архивски материјали во документарните филмови“, што ќе ја водат Ноеми Скори од Израел и Мира Турајлиќ од Србија и „Филмска продукција“, предводена од Катриел Скори од Израел.

На фестивалот ќе гостуваат автори од Балканот, Шпанија, Израел, Германија,...

Патувачкото кино на „Македокс“ ќе се одржи во август во осум села во Демирхисарско. /МИА

Се урна дел од автопат во јужна Кина, при што загинаа најмалку 19 лица, а 30 се повредени

 Најмалку 19 лица загинаа денеска при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јави кинеската државна телевизија CTV.

Дел од патот долг 17,9 метри се урна околу два часот наутро, објавија властите во главниот град на Гуангдонг, Меижоу.

„Околу 11:45 часот по локално време, под урнатините (на патот) се пронајдени 18 автомобили. Властите потврдија 19 смртни случаи, а уште 30 лица се во болница, но нивните животи не се во опасност“, јави телевизијата.

Изминативе денови во областа врнеа обилни дождови./MИА

Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот

Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, денеска се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа својата борба за осумчасовен работен ден.

На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, беше одлучено следната година да се одржи голема манифестација со која ќе биде прославен 1 мај, како знак на сеќавање на протестите во Чикаго и како форма на борба за работничките права.

На вториот конгрес на Работничката интернационала е одлучено од 1890 година на 1 мај ширум светот да се одржуваат манифестации, демонстрации и штрајкови. /МИА

Шмит: Сериозни закани по територијалниот интегритет на БИХ доаѓаат од лидерите на РС

 Високиот претставник во Босна и Херцеговина (БиХ) Кристијан Шмит синоќа истакна дека постојат закани по територијалниот интегритет на БиХ и дека тие доаѓаат од лидерите на Република Српска (РС).

„Постојат закани за Босна и Херцеговина, бидејќи претставниците на РС постојано зборуваат за отцепување, одвојување на ентитетот од државата. Додик неодамна изјави дека Бошњаците можат да имаат 25 отсто од територијата. Некои го сфатија ова како простор за етнички инциденти“, рече Шмит во своето обраќање пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

Тој посочи дека неговиот мандат е да го надгледува спроведувањето на Дејтонскиот договор и оти за тоа има поддршка од Советот за безбедност.

„Советот за безбедност повеќе пати искажа поддршка за моето работење. Веќе со нетрпение го очекувам мојот извештај следниот месец“, додаде Шмит.

Тој се осврна на излагањето на српската членка на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, која упати сериозни обвинувања против Шмит, наведувајќи дека во него „не се почитуваат фактите и правната рамка на БиХ“.

„Се надевам дека разбирате дека ова не е место за разговор за навреди, ова е место за разговор едни со други. Повикувам на поголема точност, единственото нешто што го гледам е злонамерност“, рече Шмит.

Тој посочи дека како висок претставник мора да биде гарант за постоењето на ентитети, кои се делови од БиХ, која има меѓународен субјективитет, додавајќи дека РС е составен дел на БиХ. /МИА

притисни ентер