Почнува 54. издание на „Охридско лето“

Италијанските оперски ѕвезди, сопранот Барбара Фритоли и баритонот Лео Нучи, во придружба на уметниците на Македонската филхармонија, под диригентско раководство на маестро Луис Горелик, вечер, на сцената на Античкиот театар, ќе го отворат 54. издание на најголемата музичко-сценска манифестација во земјата, фестивалот „Охридско лето“.

Уметниците од Италија уште по пристигнувањето во Охрид изразија задоволство што имаат чест да бидат тука, да се претстават пред македонската публика во овој за нив егзотичен дел од светот.

Ѕвездите на свеченото отворање вчера ги прими и претседателот на Република Макеоднија, Ѓорѓе Иванов, кој како покровител на манифестацијата ќе го отвори годинешното фестивалско издание.

Наредните 40 дена до 20 август Охрид ќе биде местото на големи концерти, театарски претстави, со ексклузивни уметници од кои за повеќето од нив тоа ќе биде премиерно нивно претставување во овој дел од Европа.

Музичкиот дел од фестивалската програма нуди изобилие од звучни имиња, потврдени уметници, атрактивни фестивалски настани. Тука се настапите на пијанистите Елизавета Леонскаја, Аркадиј Володос, волинистите Кирил Трусов, Нинг Фенг, виолончелистот Нарек Хакназариан, Кадеша дуото од Албанија, камерниот оркестар „Св. Ѓорѓе“, гудачкиот квартет Јанкелиевич, ансамблот Вариабиле... За пошироката публика во Охрид ќе видиме и неколку светски атракции, чии имиња и настапи се дел од најпрестижните светски музички сцени, настани што претставуваат вистински ексклузивитет. Меѓу нив се концертите на хрватскиот пијанист Максим Мрвица, „Моцарт групата“ од Полска, сензационалните вокалисти, но и актери од израелската перформанс група „Вока пипл“, како и целовечерниот концерт на кинескиот Симфониски оркестар „Шенжен“. За роденденот на фестивалот 4. август публиката во Охрид ќе има можност да ужива во настапот на еден поинаков Немања Радуловиќ, светски познатиот виолинист кој како што беше најавено заедно со групата „Ѓаволски трилери“ ќе понуди несекојдневна атрактивна програма, со нови звучни димензии.

Драмскиот дел од фестивалот содржи девет најнови продукции, од кои две премиери, како од домашните театарски куќи, така и со гостувања на звучни имиња од меѓународната театарска сцена. Самиот избор на претставите ветува несекојдневни уметнички доживувања, претежно комедии, топли претстави со ведар дух, под закрилата на класиката и високата уметност.

Драмската програма започнува со „Отело“ во изведба на Битолскиот народен театар, „многу врева за ништо“ на Театар „Комедија“, праизведбата на „Аферата Елсинор“ на Љубиша Георгиевски во изведба на МНТ, „Ждрело“ во изведба на Драмскиот театар од Скопје. Од македонската драмска сцена тука е уште и настапот на Албанскиот театар со претставата „Предавање“ на текст на познатиот Мартин МекДонах.

Од гостувањата во драмскиот дел на фестиваслките сцени во Охрид ќе ги видиме суптилната комедија „Како шпо милувате“ во изведба на „Њу битом“ театарот од Полска, „Његош и ја“ во изведба на Црногорското народно позориште од Подгорица, „Женидба“ од Гогољ во продукција на „У-моста“ театарот од Русија.

Затворањето на ова фестивалско издание годинава ќе биде токму од драмскиот дел на програмата, со претставата „Роденденот на господин Нушиќ“ во изведба на Звездара театарот од Белград, претстава на текст на познатиот режисер Душан Ковачевиќ, а во изведба на познати актери од глумиштето во регионот, предводени од Бранислав Лечиќ. /МИА

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер