Почна 15-от Интернационален фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски""

Со свечено дефиле низ улиците на градот и презентација на традиционалните носии и везови од државите што ги претставуваат играорците, во Крива Паланка започна 15- от Интернационален фолклорен фестивал „Св.Јоаким Осоговски”.

На градскиот плоштад од синоќа до понеделник ќе продефилираат околу петстотини фолклористи од Белгија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Турција и Македонија, претставувајќи се со традиционални игри и ора автентични за краевите и регионите од каде доаѓаат.

Гостин на првата фестивалска вечер беше градоначалникот на збратимената општина Самбервил од Белгија, Жан Чарлс Луперто.

– Почитувани гости и учесници, драго ми е што некои од вас ги гледам и по десетти пат, зашто фестивалот годинава одбележува мал јубилеј, а вашето присуство го збогатува ова фестивалско издание. Велат, вредите толку колку што пријатели имате,а овој колорит од знамиња говори дека имаме толку многу пријатели кои не почитуваат и заслужуваат почит. Денес пристигнав од збратимената општина Млава, Полска, каде потпишавме меморандум за мир со градоначалници на пет држави, заветувајќи се на взаемно почитување, мир и соработка,она што е перспективата на овој свет.Со овој фестивал градиме иднина,трајни вредности и пријателства, рече градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Фестивал го организираат општина Крива Паланка и националната установа Центар за култура Крива Паланка,со поддршка од министерството за култура.

– Вдахновени од закрилникот на градот Св.Јоаким Осоговски и најрепрезентативниот објект манастирот, ние на фестивалот што го носи името на светецот три дена торжествено ќе славиме низ игра и песна, со тридневна програма ќе патуваме низ традицијата на Балканот и дел од Европа.Фолклорот не зближува и обединува, низ мир и задоволство нека ечи песна, да заигра душа, истакна директорката на НУ Центар за култура Крива Паланка,Мира Ѓоргиевска.

Втората фестивалска вечер е утревечер,ќе започне со дефиле од ул.Херој Карпош во населбата Бавчалак во 18 часот,а програмата на градскиот плоштад е од 19 часот. /МИА

Гори фабрика во Берлин, градот е обвиен во отровен чад (ВИДЕО)

Голем пожар избувна во фабрика во Берлин-Лихтерфелд, а пожарникарите предупредуваат дека токсичен чад се шири низ градот.

Според првичните информации, четирикатницата била целосно опожарена.

"Можеме да потврдиме дека во зградата горат хемикалии. Таму се складирани сулфурна киселина и бакар цијанид. Постои ризик да се формира водород цијанид и да се издигне во воздухот со чадот. Моментално дежураат 130 пожарникари. Противпожарната служба ја известил јавноста преку апликација за тревога. Спасувачите носат заштитни одела“, велат пожарникарите од местото на настанот.

По проценка на временските услови и соодветниот правец на ветерот, димните гасови од фабриката се движеле кон север.

Пожарникарите советуваат избегнување на просторот околу деловните објекти, затворање на прозорците и вратите и исклучување на вентилацијата и климатизацијата.

„Зградата сега е целосно изгорена. Дел од зградата веќе се сруши. Ја чистиме само надворешноста. Пожарот повеќе не може да се држи под контрола одвнатре“, изјави Адријан Венцел, портпарол на берлинската противпожарна служба, кој во моментов е на лице место.

Берлин издаде официјална тревога со која ги советува луѓето да ја избегнуваат областа.

Учениците и наставниците од околните училишта се испратени дома.

Во е-пошта до родителите, едно средно училиште напиша: „Учениците се советувани да си одат дома што е можно поскоро“.

Засега нема информации за повредени лица или за причини за пожарот.

Најмногу граѓани за празниците заминале за Србија и Грција

Голем дел од граѓаните велигденските празници ќе ги поминат во домашна атмосфера, но дел заминаа и во странство.. 

Велигденските празници голем дел од македонските граѓани ќе ги поминат надвор од земјава. Во изминатите три дена државата ја напуштиле над 140 илјади граѓани,а релчиси идентичен број и влеге во зејава.

ВО ПЕРИОД ОД 30.04.2024 ДО 02.05.2024

ИЗЛЕЗ ОД МАКЕДОНИЈА - 141476 ПАТНИЦИ

ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА - 140374 ПАТНИЦИ

ГП „ТАБАНОВЦЕ“

ИЗЛЕЗ ОД МАКЕДОНИЈА – 30270 ПАТНИЦИ

ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА – 38525 ПАТНИЦИ

ГП „БОГОРОДИЦА“

ИЗЛЕЗ ОД МАКЕДОНИЈА – 25887 ПАТНИЦИ

ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА – 14892 ПАТНИЦИ

Најфрекветна е границата кон Србија. На Табановце од земјава во изминатите три ден излегле над 30 илјади грагани.

Нешто помалку, околу 25.000 заминале за Грција преку Богордица, каде деновиве е најфреквентно, од каде потврдуваат и од Регионалниот центар за гранични работи Југ.

Оттаму додаваат дека сообраќајот на премините Меџитлија и Стар Дојран се одвива нормално.

Началникот Богоев вели дека во функција се сите човечки капацитети на граничниот премин Богородица, со цел да нема подолги задржувања на патниците.

Сообраќајот, додавај тој, се одвива непречено и без поголеми проблеми на патните правци.

Дека Грција е една од омилените дестинации на нашите државјани согласни се и од повеќето туристички агенции од земјава.

Островот Крф и уникатната велигденска традиција со фрлање на илјадници садови полни со вода на улиците, е едно од најпосакуваните места за граѓаните на Македонија деновиве.

Освен во Грција, и во останатите држави од регионот, македонските туристи за празниците како посакувани дестинации ги избрале Италија и Франција.

Цените претпразнично го достигнаа „плафонот“

Граѓаните ги прават последните подготовки пред велигеденските празници. И денеска растрчани по маркетите и пазарите. 

Цените предпразнично го допираат плафонот. Екипа на Канал 5 и минатата недела и денеска направи обиколка низ скопските пазари.

За една недела цената за килограм краставица е зголемена дупло. Ако пред неколку дена можеше да се купи за 50 до 60 денари за килограм, денеска граѓаните килограм краставица купуваат по цена од 100 до 120 денари. Од 90 до 150 денари е цената на килограм домат, во зависност од видот на производот. Од 5 до 10 денари има промени и компирот, салатите, пиперката.

„Малце пониско ќе биде тоа, ако си земала 2 кила ќе земеш кило и ќе го тераш денот...“

„Се е покаспаено. Краставички од 50 – 120 денари се...“

„Секогап е така за секој празник, продавачите тука на пазарите дигаат цените...“

„И денеска и еве и пред една недела... Тие си ги менуваат цените еве два три пати идеме...“

Во пресрет на Велигден, скокнаа и цените на јагнешкото месо. Во месарниците и маркетите килограм јангешко се продава по цена од 550 до 650 денари, па велигденската трпеза годинава за многумина ќе помине без традиционалното јагнешко печење. Граѓаните велат согласно домашниот буџет и високите цени трпезата ќе биде поскромна.

„Ем покачено ем го нема...“

„Јагнешко не купувам не знам, а свинското тука е исто ...“

„По мене празниците не се да се покаже кој што е како е, туку едноставно скромно да се одбележи...“

„Па ќе гледаме да ја напраиме да личи малку и како прошла година...“

„ Ќе биде поскромно зашто еве пензии нема во банкоматите.... Цените се високи.... “

Инаку вредноста на минималната синдикална кошничка за месец април надмина 60 илјади денари или е за 1 200 денари повисока од март. Според пресметките на ССМ, едно четири члено семејство месечно само за храна и пијалаци троши нешто над 22 илјади денари, вредност што е речиси идентична со една минимална плата во земјава.

притисни ентер