По добар резултат во Данска

Македонката машка ракометна репрезентација и покрај пеховите со повредите на Наумче Мојсовски и Филип Лазаров е подготвена за успешен настап на уште едно големо натпреварување Европското првенство во Данска.

Капитенот Кире Лазаров пред заминувањето за Данска задоволен од сработеното на подготовките и од досегашните резултати на тимот порача дека без разлика на се црвено жолтата експедиција е рамноправнана со сите ривали и дека репрезентативците се подготвени да го прифатат предизвикот и повторно да ја израдуваат јавноста со добар резултат , како што и доликува на најуспешната селекција.

Од репрезентацијата секогаш се очекува многу, мислам дека оваа репрезентација има направено најмногу во последните дваесетина години во македонскиот колективен спорт. Ќе го прифатиме предизвикот, формата ни се движи во нагорна линија. Најважно е добро да се фокусираме во оние клучни моменти кога ќе се решаваат натпреварите. Мислам дека без оглед на проблемите со повредите, со квалитетот не заостануваме многу зад ривалите со кои ќе се сретнеме. Ќе дадеме се од себе повторно да ја израдуваме цела македнија, истакна на денешниот прес капитенот на црвено жолтите Кире Лазаров.

Поддршка на своите колеги им изрази Наумче Мојсовски.

- Се наоѓам во состојба кога за првпат во 15 години репрезентативна кариера не можам да им помогнам на моите колеги директно на теренот. Верувам во овие играчи и верувам дека можат да го надополнат моето и отсуството на Лазаров. Само да бидеме единствени и успехот е неизбежен, потенцира Мојсовски.

На стартот на првенството в недела прв противник на нашиот национален тим е бранителот на тронот домашната селекција на данска , два дена подоцна ќе играме против Чешка а последен противник во групната фаза ќе ни биде репрезентацијата на Австрија на 16 јануари

Драма во САД: Уште еден брод се заби во мост, блокиран е сообраќајот (ВИДЕО)

Во Галвстон, Тексас, речен брод удри во мост.

Според извештаите, бродот удрил во мостот на островот Пеликан, предизвикувајќи полицијата и другите служби за итни случаи веднаш да го блокираат целиот сообраќај, јавува Click2Houston.

Засега не се познати деталите за инцидентот, па не е јасно како дошло до судирот, ниту што му претходело. Не се знае дали има повредени или во каква состојба е мостот.

Претставниците на Галвстон рекоа само дека шлеп удрил во мостот, што предизвикало истекување на нафта.

Крајбрежната стража е повикана да помогне во спречувањето на излевањето на нафтата, а инженерите на TxDot се на терен за да помогнат.

Да потсетиме, на крајот на март во Балтимор, брод удри во мостот и го урна, а во таа прилика загинаа шест работници кои работеа на одржување на мостот.

Камионите се пренасочуваат од Блаце- има проблем со терминалот

На 15.05.2024 година во 18.30 часот од страна БПС започнато е со пренасочување на товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце .

На 15.05.2024 година во 18.30 часот од страна БПС започнато е со пренасочување на товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце заради проблем со терминалот на Македонска царина на ГП Блаце.

Товарниот сообраќај ќе биде пренасочен се додекa не се надминe проблемот, соопшти АМСМ.

Манекенка поминала низ скенер на аеродром- цариниците шокирани што имала во главата

Манекенка од Тајван доживеала шок при безбедносната проверка на аеродромот, па решила да им ги открие деталите на своите следбеници.

Фанг Киуан (36) е самопрогласена „фанатик за пластична хирургија“ со повеќе од 19 операции, а нејзината објава собрала 1,3 милиони прегледи.

Фанг потрошила преку 250.000 долари на различни естетски зафати, вклучувајќи две операции на челото, пет на очните капаци, исто толку на носот, две на брадата...

Неодамна поминала низ скенерот кога машината „засвирила“. Не ѝ било јасно што се случува, додека не се утврдило дека има неколку „туѓи предмети“ во главата, пренесува New York Post.

Така сфатила дека ѝ останала хируршка завртка во брадата по операцијата пред осум години. Но, тоа не било сѐ.

„На видеото се гледаат и завртките во носот“, рекла Фанг и додала дека „се чувствува како вуду кукла“.

Нејзините фанови останале шокирани од фотографиите кои ги објавила на Инстаграм.

„Ова е тешко за гледање“, напишал еден, а друг продолжи: „Еве што прават луѓето за убавина“.

Фанг откри дека закажала нова процедура за отстранување на металните предмети.

притисни ентер