По четврти пат стартува судењето за убиството во Ореше

Само што започна и веднаш се одложи повтореното судење за платеното убиство на старецот Лазо Милошевски во селото Ореше.

Во судницата на велешкиот суд одлагањето на главниот претрес го побараа адвокатите на обинетиот нарачател на убиството Ѓоре Петровски и на обвинетите извршители на убиството Ордан и Љупчо Ѓоргиевски.

Бранителот на браќата Ѓоргиевски побара изземање на судиите Тања Милева и Габриела Гајдова поради тоа што тие претходно биле дел од кривичен совет кој им го продолжувал притворот на обвинетите.

И покрај мислењето на јавниот обвинител Славица Темелковски дека станува збор за одолговлекување на процесот Милева го одложи главниот претрес за први април, годинава. Таа му даде три дена рок на бранителот Давидовиќ да ги достави писменото барање за изземање и доказите по кој потоа ќе треба да се произнесе претседателот на судот во Велес.

Инаку, на прво и второ обвинетите во овој предмет велешкиот суд им суди по четврти пат. Претходно два пати ги осуди на казни затвор со по 12 години браќата Ѓоргиевски а третиот пат ги ослободи. Судии поврзани со овој предмет и обвинител се осудени на затворски казни поради серија пропусти во претходната постапка. Четвртиот обид да суди во случајот Ореше почна пред комплетно нов судски совет.

Нова Алтернатива: Сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија

Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Во изминатите две години на место каде имаше дива депонија од над 50 илјади метри квадратни направивме мега парк во Ѓорче Петров, исчистивме над 280 диви депонии, каде некој трупа отпад, загадува и заработува.

Први поднесовме кривична пријава против еден од најголемите загадувачи во Македонија и без компромис се бориме против секој што се обидува да ги труе нашите сограѓани.

Затоа за обезбедување услови за Македонија во која ќе живееме здраво и во чиста животна средина мора да се пристапи кон:

-Кривично гонење на сите кои ќе се утврди дека извршиле дело против животната средина и здравјето на граѓаните

-Да се донесе Закон за комунална полиција

-Спречување на заадувањето од големите индустриски капацитети

-Нема да дозволиме рестартирање на рудниците и мора да се изврши ревизија на сите долгорочни договори за концесии за експлоатација на минерални суровини

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Политичка партија Нова Алтернатива

Ковачки: Ветуваме изградба на експресниот пат Кочани-Виница- Делчево

Денеска во пресрет на големиот христијански празник сме во посета на Кочани.

За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани - Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом.

Почитувани граѓани,

Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република Македонија. рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

.

НБА кошаркар дивее на теренот- намерно со топка ги гаѓа навивачите (ВИДЕО)

Милвоки Бакс се прости од оваа сезона во НБА со пораз во првото коло од плејофот на Источната конференција од Индијана Пејсерс.

Серијата ѝ припадна на екипата на Индијана со вкупни 4:2, а додека се уште траеше последниот натпревар, кошаркарот на Бакс, Патрик Беверли, на непримерен начин го исфрли бесот и фрустрацијата.

Во последните минути од натпреварот кој отиде на страната на Пејсерси со 120:98, Беверли седеше на клупата за резерви. Тој стана од неа и со топка удри навивачка на ривалскиот тим во глава. Потоа побарал да му ја вратат топката, а потоа со неа го удрил човекот кој му ја фрлил. Играчите на Бакс, стручниот штаб и обезбедувањето ја смируваа ситуацијата.

притисни ентер