Гледајте „Избор на најдобри рецепти“ секој ден од понеделник до четврток во 10 часот на Канал 5
Потребни состојки: 1 пилешки стек, 1 главица кромид, 1 зелена пиперка, 100 гр. печурки, малку бело вино, неколку лажици доматен сос, малку пармезан, неколку чешни лук, малку зачин од сув зеленчук и малку сол.
Постапка:
Во тава со загреано масло се пропржува сечкан кромид.
Во друга тава со загреано масло се пропржува стек, исечен на 3 парчиња.
Во тавата со кромидот се додава сечкана зелена пиперка и се продолжува со пржењето.
Потоа се додаваат печурките и лукот и се продолжува со пржењето.
Во тавата со стекот се додава малку бело вино и се продолжува со пржењето.
Зеленчукот се зачинува со сол и зачин од сув зеленчук и се продолжува со пржењето.
По неколку минути се додава доматен сос и пилешкото месо.
Се додава рендан пармезан и се пропржува уште малку.
Се сервира со прилог од динстани: брокула, карфиол, морков и ориз.