PEUGEOT I-COCKPIT® со интегрирана вештачка интелегенција ChatGPT

PEUGEOT е еден од првите производители на автомобили кој ја интегрира вештачката интелигенција ChatGPT* како услуга за своите клиенти.

ChatGPT е интегриран во култниот i-Cockpit® и се активира преку гласовниот асистент „OK PEUGEOT“, може да одговори на секое прашање и понудува едно сосема ново ниво на услуга, досега неискусено.

ALLURE: PEUGEOT им нуди на своите клиенти ново интерактивно искуство.

EMOTION: Со ChatGPT, PEUGEOT i-Cockpit® го подобрува задоволството при возење и овозможува да добиете нови знаења.

EXCELLENCE: PEUGEOT е еден од првите производители што го воведе ChatGPT во своите патнички автомобили.

Секогаш посветен на иновациите, PEUGEOT за своите клиенти ја воведува генеративната вештачка интелигенција ChatGPT во својата најновата генерација на модели.

Генеративната вештачка интелигенција ChatGPT, што е кратенка од „Chat Generative Pre-trained Transformer“, е најсовремена технологија развиена од OpenAI. Оваа технологија поседува енормна количина на податоци, со цел да обезбеди софистицирани, точни и концизни одговори на своите корисници.

Интегриран во екранот на допир на познатиот PEUGEOT i-Cockpit®, податоците се добиваат преку вградениот гласовен асистент на многу едноставен и природен начин близу до човечкиот. За да се активра ChatGPT само кажете „OK PEUGEOT“ и соопштете го Вашето барање.

ChatGPT може да одговори на широк спектар на прашања, од едноставни до сложени и може да се вклучи во разговор.

На пример, ако пристигнете во град, можете да побарате од него да покаже кои културно-историски споменици или музеи да ги посетите, да Ви ја каже историјата за овие места, а потоа доколку сакате, системот за навигација на автомобилот да Ве води до избраната знаменитост.

ChatGPT може да направи многу повеќе отколку само да одговара на прашања. Дали на Вашите деца им е здодевно за време на долго патување? Побарајте од ChatGPT да организира квиз на тема која им е забавна и ги интересира... За неколку секунди вештачката интелигенција ќе овозможи повеќечасовна забава!

Креатор на ново искуство

Со воведување на вештачката интелигенција ChatGPT во своите автомобили, PEUGEOT го подобрува искуството со гласовниот асистент што го прави поинтерактивен, флуиден и интуитивен.

PEUGEOT воведува ChatGPT во i-Cockpit® кај сите модели од најновата генерација опремени со поврзана навигација. Како соодвети модели тука се вклучуваат: новиот 208, новиот 2008, новиот 308, новиот 308 SW, новиот 408, новиот 508, новиот 508 SW, новиот E-3008, новиот E-RIFTER, новиот E-TRAVELLER, новиот E-Partner, новиот E-Expert и наскоро новиот E-5008.

Сите сопственици на PEUGEOT од погоре споменатите и компатибилни модели, можат да го активираат ChatGPT преку PEUGEOT Service Store. Воведувањето на генеративната вештачка интелигенција во возилата на PEUGEOT е предмет на пилот фаза која овозможува системот да се активира и бесплатно да се користи во период од 6 месеци**. Првично резервирана за првите 5.000 клиенти, оваа понуда е проширена на 10.000 клиенти.

По оваа фаза, PEUGEOT ќе ги земе предвид повратните информации од корисниците за да го овозможи ChatGPT за сите клиенти кои поседуваат соодветно возило.

*Оваа нова услуга ја користи моќта на генеративната вештачка интелигенција, вклучувајќи ги технологиите од платформата Chat AI на SoundHound. Верзијата 3.5 ChatGPT користи податоци кои датираат најдоцна до јануари 2022 година и затоа нема информации за настани и податоци што се случуваат по тој датум.

**Во оваа фаза, ChatGPT ќе им се понуди на клиентите на PEUGEOT, на нивниот јазик, во Франција, Германија, Шпанија, Италија и Велика Британија.

Сиљановска-Давкова на трибина во Велес на тема: "Ранливи категории"

Во рамките на претставувањето на клучните точки од Програмата „Македонија повторно горда“ петтата трибина на тема: "Ранливи категории". 

На трибината свое обраќање имаше кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова. Исто така, беше промовирана и аудио-верзијата на програмата „Македонија повторно Горда“. На трибината учество зедоа преставници на различни групи на ранливи граѓани.

Сиљановска-Давкова истакна:

"Оние кои ме познаваат знаат дека нема луѓе со хендикеп, туку има држави со посебни потреби, како нашава.

Член 9 од Уставот е нецелосен, мора да се прошири со лицата со посебни потреби.

Никој подобро не може да ги застапува овие лица, од самите тие, преку нивна промоција во разни сфери.

Оваа држава не смее да се откаже од лицата со посебни потреби. Можеби им треба повеќе време за изразување, но ние имаме човечка обврска да го браниме и поддржиме тоа. Тоа е само различен начин на изразување, а не хендикеп.

Јас секогаш ќе водам сметка за сите категории на луѓе, вклучително и за овие лица. Тие луѓе можат на еден поинаков начин да придонесат за развојот на општеството.

Пресреќна сум што ВМРО- ДПМНЕ даде шанса на оваа категорија на луѓе да се промовираат себеси.

Јас ќе бидам промоторка и заштитничка на ранливите категории на луѓе, за да имаат шанса да го докажат она што го знаат."

Нова Алтернатива: Сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија

Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Во изминатите две години на место каде имаше дива депонија од над 50 илјади метри квадратни направивме мега парк во Ѓорче Петров, исчистивме над 280 диви депонии, каде некој трупа отпад, загадува и заработува.

Први поднесовме кривична пријава против еден од најголемите загадувачи во Македонија и без компромис се бориме против секој што се обидува да ги труе нашите сограѓани.

Затоа за обезбедување услови за Македонија во која ќе живееме здраво и во чиста животна средина мора да се пристапи кон:

-Кривично гонење на сите кои ќе се утврди дека извршиле дело против животната средина и здравјето на граѓаните

-Да се донесе Закон за комунална полиција

-Спречување на заадувањето од големите индустриски капацитети

-Нема да дозволиме рестартирање на рудниците и мора да се изврши ревизија на сите долгорочни договори за концесии за експлоатација на минерални суровини

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Политичка партија Нова Алтернатива

Ковачки: Ветуваме изградба на експресниот пат Кочани-Виница- Делчево

Денеска во пресрет на големиот христијански празник сме во посета на Кочани.

За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани - Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом.

Почитувани граѓани,

Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република Македонија. рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

.

притисни ентер