Петрушев: Во НБА се соочив со одредени работи кои не ги очекував

Кошаркарот Филип Петрушев објасни зошто решил да ја напушти НБА на самиот почеток на својата дебитантска сезона во најсилната лига на светот.

Петрушев потпиша 3-годишен договор со Олимпијакос откако не го доби очекуваниот статус во Сакраменто.

- Решив дека во Европа ќе си најдам во поповолна ситуација за себе. Во НБА морав да се справам со одредени работи кои не ги очекував, а тоа не беше грешка од моја страна, не беше моја вина. Како млад кошаркар ми треба време за игра, треба да играм. Верувам дека можам да имам корист од мојот нов тим, изјави Петрушев.

Претходно кошаркарот играше за Црвена ѕвезда, Анадолу Ефес и Мега.

Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата

Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, доцна синоќа поднесе оставка од функцијата.

Таа самата ја соопшти веста додека зборуваше во Собранието, откривајќи дека причината за оваа оставка е поврзана со нејзината здравствена состојба.

- Почитувани колеги од парламентарното мнозинство и почитувани колеги од парламентарната опозиција. Овде денеска завршува мојот 3-годишен ангажман на чело на Собранието. Поради мојата здравствена состојба, не можам да ја извршувам високата должност на вториот државен функционер на државата, со потребната посветеност што ја повлекува оваа должност, рече Никола од собраниската говорница.

Секојдневно, додаде, се трудев да дадам се од себе за да се обезбеди непречено одвивање на работата во оваа сала.

- Ако некому сум оставила поинаков впечаток, го уверувам дека тоа не ми била намерата. Ако сум згрешила, не сакајќи, се извинувам. Кон сите го имам убавото чувство на почит што сите ми ја упатувате. Ви благодарам на сите, посочи таа.

Линдита Никола(59) е позната универзитетска професорка. Пред да биде избрана за парламентарец таа беше министерка за образование.

Олимпиското знаме закачено наопаку на јарболот на свеченото отворање на Игрите во Париз

Олимпиското знаме беше обесено наопаку за време на отворањето на Игрите во 2024 година во Париз.

Знамето беше неправилно фиксирано на јарболот, поради што се издигаше со два прстени нагоре, а не со три, како во класичната верзија.

Покрај овој гаф, на отворањето на Олимпијадата, организаторот спортистите од Јужна Кореја по грешка ги претстави како натпреварувачи од Северна Кореја.

Јелен: Г-7 до октомври треба да договори 50 милијарди долари за Украина

 Министерката за финансии на САД, Џенет Јелен синоќа изјави дека „сѐ оди добро“ земјите од Г-7, групата на најразвиени демократии, да се договорат до октомври за условите за обезбедување 50 милијарди долари за Украина.

Средствата ќе бидат дадени како кредит од залогот на средствата на Русија замрзнати во меѓународните банки и финансиски институции.

Во изјава дадена на маргините на состанокот на министрите за финансии на Г-20 во Рио де Жанеиро, Бразил, Јелен рече дека „преговорите за кредитот биле конструктивни“, вклучувајќи ги и „барањата на САД да обезбедат гаранции дека средствата ќе останат замрзнати подолго време“.

- Имавме конструктивен разговор. Работиме заедно за да напредуваме по ова прашање. Мислам дека сѐ оди добро и дека ќе можеме да ја завршиме оваа работа, најверојатно до октомври, рече Јелен.

Кредитот од 50 милијарди долари, принципиелно договорен од лидерите на Г-7 во јуни, ќе биде обезбеден и ќе се враќа од приходите што доаѓаат од вложувањето на средствата на Централната банка на Русија во износ од околу 300 милијарди долари, замрзнати од Западот по инвазијата на Москва на Украина на почетокот на 2022 година.

притисни ентер