Петар Рупески по петти пат го фати крстот во водите на Охридското Езеро

Петар Руепски од охридската населба Варош беше најсреќниот меѓу неколку стотините верници кои денеска скокаа по Чесниот крст што во осветените води на Охридското Езеро го фрли митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, владиката Тимотеј.

– Ова ми е петти пат како го фаќам крстот и секое фаќање ми носи нови возбуди, и сега како да ми е прв пат да успевам да го направам тоа. Се надевам дека и оваа година како претходните ми носеле многу успех, рече 30-годишниот Рупески.

Тој им порача на луѓето верба во Господ, а мотивот на сите што скокаат да им е единствено да им е верскиот празник. За себе очекува оваа година неговото семејство да добие принова.

Инаку, потребна беше одважност на студеното време да се влезе во студените езерски води чија температура според утринските мерења изнесуваше шест степени.

Први на најсреќниот денеска му честитаа Владиката Тимотеј и градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, кои го дарува Рупески со златно ланче и икона со ликот на Свети Јован Крстител.

Тоа го сторија и лидерите на најголемите партии во земјата, Зоран Заев и Христијан Мицкоски кои присуствуваа на церемонијата на осветувањето на езерските води.

Лидерот на СДСМ Заев на сите православни верници им го честиташе празникот Богојавление Христово.

– На сите наши граѓани православни верници им го честитам големиот празник, кога се раѓаме повторно во верата наша, кога веруваме во заедништвото, кога си помагаме меѓу себе во верба за нов почеток за нешто добро. На Петар, неговото семејство и на целиот македонски народ да му носи среќа, затоа што кршевањето христово е голем симбол за сите нас православни христијани кои веруваме дека навистина носи ново вдахновени за почеток и добро здравје на сите. Нека е честит празникот, рече тој.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски во лично и во име на партијата на сите граѓани им посака здравје, среќа и бериќет за нивните семејства, а оваа година година да биде година на обнова.

Празнувањето на Богојавленскиот водосвет во Охрид продолжува и утре на празникот Свети Јован Крстител односно во Охрид познат и како Денот на рибарите, кога своевремено се означуваше крај на сезонската забрана за риболов. Во поново време после овој ден почнува изловот на охридската пастрмка за нејзино измолзување на икрата за вештачки мрест.

Традиционалното капење на рибарите со што своевремено се означуваше крајот на забраната за риболов за време на зимскиот мрест, е своевидна атракција која привлекува многу гости во градот, а ќе биде збогатена со културно забавна програма и со бесплатна греана ракија, пача и препознатливата рибна чорба. Чорбата ќе се подготвува во голем казан поставен на Градскиот плоштад. За подготовката на овој специјалитет ќе бидат задолжени професорите и учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески". За чорбата набавени се 400 килограми риба, 70 килограми морков, 20 килограми целер, 25 килограми пашканат, 10 килограми кромид, 100 литри масло, 60 килограми брашно, како и сите останати потребни намирници и зачини. Според планираното, се очекува да бидат подготвени околу 1,5 тони чорба или околу пет илјади порции, кои ќе бидат послужени на присутните гости на манифестацијата. Дел од подготвената чорба ќе биде доставена и до социјално ранливите семејства од градот.

Празнувањето по повод верските празници Богојавление и Свети Јован Крстител во Охрид е една од најмасовните црковно-верски манифестации во православието, барем во овој дел од светот, како според бројот посетители на чинот на осветувањето на водите на Охридското Езеро, така и според бројот верници и гости кои влегуваат во студените езерски води за да го фатат Светиот крст. /МИА

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер