Пеп Гвардиола: Сакам да го напуштам фудбалот и да играм голф, ама не можам (ВИДЕО)

Пеп Гвардиола (53) е еден од најдобрите фудбалски тренери досега.

Со Барселона, Баерн и Манчестер Сити освои 39 трофеи и три пати беше прогласуван за најдобар тренер на светот. Во клубот од Манчестер е од 2016 година, а сега го доживува еден од најтешките периоди во кариерата.

Во Премиер лигата се четврти со осум бода помалку од водечкиот Ливерпул кој има и натпревар помалку, а во Лигата на шампионите се 17-ти со осум бодови. Тимот од Манчестер беше во серија од седум последователни натпревари без победа, па почна да се прашува дали е време Гвардиола да си замине. Сепак, тој го продолжи договорот до 2027 година.

Во емисијата Десмонтадито, кај готвачот и водител Даније Гарсија призна дека ќе има корист од паузата од фудбалот. „Сакам да престанам со фудбалот и да играм голф, но не можам. Ќе дојде момент кога ќе почувствувам дека е доста и тогаш дефинитивно ќе престанам. Нема да раководам со друг тим. Не зборувам за долгорочна иднина, но нема да го напуштам Манчестер Сити и да одам во друга земја да работам исто како сега.

Не би имал енергија за тоа, сè уште сум тука. Мислата да одам на друго место, со процесот на тренирање и сѐ останато... Не, не, не. Можеби би ја водел репрезентацијата, но тоа е поинаку.

Треба да престанам, како оние готвачи кои одат во други земји, да застанам и да видам што сум направил добро и што можам подобро. Кога сте зафатени цел ден, немате време за тоа. Паузата би ми направила добро“, изјави Гвардиола и истакна дека голфот е „една од најдобрите терапии“ за него.


Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Компанијата Вива внесе празнична магија во болничките ходници, со донација на новогодишни пакетчиња за најмладите пациенти во Универзитетската клиника за детски болести и Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, во Скопје.

Овие моменти беа исполнети со искрена благодарност и возбуда. Насмевките на децата и нивните блескави очи се доказ дека малите гестови создаваат големи радости. Новогодишните пакетчиња, полни со внимателно избрани сокови и овошни каши направени од 100% овошје, беа мала, но значајна порака дека грижата за децата треба да биде врвен приоритет.

„Децата секогаш се во центарот на нашите активности. Како општествено одговорна компанија, се стремиме не само да ги израдуваме, туку и да ги едуцираме за здравите навики уште од најмала возраст. Затоа, производите во пакетчињата се 100% природни и содржат витамини и минерали, токму кога им се најпотребни на децата. Секое насмеано лице и секој момент на радост за нас е непроценлив, и со оваа донација сакавме да внесеме празничнаеуфорија во нивното секојдневие,“ велат од менаџментот на Вива.

Во годината кога Вива го одбележа својот 30-годишен јубилеј, оваа донација е уште еден доказ за посветеноста кон најмладите и придонесот кон пошироката заедница. Празниците се време кога најмногу се чувствува важноста на споделувањето и грижата за другите, а оваа иницијатива е потсетник дека радоста што ја даруваме е најубавиот подарок што можеме да го дадеме.

Холандија: Над половина од родителите сметаат дека е в ред децата да испијат малку алкохол

Над половина од родителите сметаат дека е в ред нивните деца да испијат малку алкохол за празниците.

Повеќе од половина од родителите во Холандија со деца на возраст од 16 или 17 години сметаат дека е прифатливо нивните тинејџери одвреме-навреме да испијат чаша алкохолен пијалак за време на празниците, според истражување спроведено од агенцијата „РТЛ њуз панел“ (RTL News Panel).

Испитувањето покажа дека 58 отсто од родителите веруваат дека е прифатливо нивните деца да се напијат малку алкохол при божиќните и новогодишните прослави, пишува „НЛ тајмс“ (NL Times).

Многу од родителите, патем, велат дека им е тешко да се одлучат за строга забрана за алкохол, според наводите, плашејќи се дека тоа може да доведе до тајно консумирање алкохол.

Собрани рекордни донации за инаугурацијата на Доналд Трамп

 Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата претседател на САД на 20 јануари, а за неговата инаугурација се собрани значително повеќе средства отколку за инаугурацијата на актуелниот претседател Џо Бајден.

Големи корпорации како Тојота, Форд, Џенерал Моторс, Амазон, Мета, ОпенАИ донираа по еден милион долари, а Убер два милиони долари. Форд и Џенерал Моторс ветија дека ќе обезбедат и возила за овој настан.

„Седумцифрени чекови“, според „Волстрит журнал“, биле донирани од Еј-ти-ен-ти (AT&T), Чартер Комуникејшнс (Charter Communications), Стенли Блек енд Декер (Stanley Black & Decker), Интуит (Intuit), Чартер Комуникејшнс (Charter Communications), Прат Индустрис (Pratt Industries) и групата Фарма (The PhRMA Group).

Донациите доаѓаат и од банки како Benk of Amerika i Golden Saks, како и платформите за размена на криптовалути Kraken и Coinbase.

Некои компании, кои порано се дистанцираа од Трамп по нападот на Капитол на 6 јануари 2021, сега го поддржуваат. Според информативниот портал Аксиос, ова може да биде обид за „додворување“ со цел подобрување на односите со новиот претседател.

притисни ентер