Пентагон го засилува военото присуство на Блискиот Исток- испраќа бомбардери, воени авиони...

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најави распоредување бомбардери, борбени авиони и воени бродови на Блискиот Исток за да го зајакне американското присуство во регионот, соопшти Пентагон.

Портпаролот на американското Министерство за одбрана, Пат Рајдер, рече дека Остин наредил распоредување на неколку бомбардери Б-52 Стратофортрес, ескадрила борбени авиони, авиони за полнење гориво и уништувачи на морнарицата, пренесе АП.

Единицата се очекува да започне да пристигнува во регионот во наредните месеци додека носачот на авиони УСС Абрахам Линколн се подготвува да се врати во САД.

Рајдер истакна дека последната одлука на Остин ја покажува способноста на САД брзо да распоредат сили низ светот како одговор на заканите за националната безбедност.

„Доколку Иран или неговите партнери целат на американскиот персонал или интереси во регионот, САД ќе ги преземат сите неопходни мерки за да го заштитат сопствениот народ“, додаде тој.

Според планот, носачот на авиони УСС Абрахам Линколн и три разурнувачи во својата група бродови до средината на месецот ќе го напуштат Блискиот Исток и ќе се вратат во матичното пристаниште во Сан Диего.

Вива со новогодишна донација внесе празнична атмосфера во детските болници

Компанијата Вива внесе празнична магија во болничките ходници, со донација на новогодишни пакетчиња за најмладите пациенти во Универзитетската клиника за детски болести и Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, во Скопје.

Овие моменти беа исполнети со искрена благодарност и возбуда. Насмевките на децата и нивните блескави очи се доказ дека малите гестови создаваат големи радости. Новогодишните пакетчиња, полни со внимателно избрани сокови и овошни каши направени од 100% овошје, беа мала, но значајна порака дека грижата за децата треба да биде врвен приоритет.

„Децата секогаш се во центарот на нашите активности. Како општествено одговорна компанија, се стремиме не само да ги израдуваме, туку и да ги едуцираме за здравите навики уште од најмала возраст. Затоа, производите во пакетчињата се 100% природни и содржат витамини и минерали, токму кога им се најпотребни на децата. Секое насмеано лице и секој момент на радост за нас е непроценлив, и со оваа донација сакавме да внесеме празничнаеуфорија во нивното секојдневие,“ велат од менаџментот на Вива.

Во годината кога Вива го одбележа својот 30-годишен јубилеј, оваа донација е уште еден доказ за посветеноста кон најмладите и придонесот кон пошироката заедница. Празниците се време кога најмногу се чувствува важноста на споделувањето и грижата за другите, а оваа иницијатива е потсетник дека радоста што ја даруваме е најубавиот подарок што можеме да го дадеме.

Холандија: Над половина од родителите сметаат дека е в ред децата да испијат малку алкохол

Над половина од родителите сметаат дека е в ред нивните деца да испијат малку алкохол за празниците.

Повеќе од половина од родителите во Холандија со деца на возраст од 16 или 17 години сметаат дека е прифатливо нивните тинејџери одвреме-навреме да испијат чаша алкохолен пијалак за време на празниците, според истражување спроведено од агенцијата „РТЛ њуз панел“ (RTL News Panel).

Испитувањето покажа дека 58 отсто од родителите веруваат дека е прифатливо нивните деца да се напијат малку алкохол при божиќните и новогодишните прослави, пишува „НЛ тајмс“ (NL Times).

Многу од родителите, патем, велат дека им е тешко да се одлучат за строга забрана за алкохол, според наводите, плашејќи се дека тоа може да доведе до тајно консумирање алкохол.

Собрани рекордни донации за инаугурацијата на Доналд Трамп

 Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата претседател на САД на 20 јануари, а за неговата инаугурација се собрани значително повеќе средства отколку за инаугурацијата на актуелниот претседател Џо Бајден.

Големи корпорации како Тојота, Форд, Џенерал Моторс, Амазон, Мета, ОпенАИ донираа по еден милион долари, а Убер два милиони долари. Форд и Џенерал Моторс ветија дека ќе обезбедат и возила за овој настан.

„Седумцифрени чекови“, според „Волстрит журнал“, биле донирани од Еј-ти-ен-ти (AT&T), Чартер Комуникејшнс (Charter Communications), Стенли Блек енд Декер (Stanley Black & Decker), Интуит (Intuit), Чартер Комуникејшнс (Charter Communications), Прат Индустрис (Pratt Industries) и групата Фарма (The PhRMA Group).

Донациите доаѓаат и од банки како Benk of Amerika i Golden Saks, како и платформите за размена на криптовалути Kraken и Coinbase.

Некои компании, кои порано се дистанцираа од Трамп по нападот на Капитол на 6 јануари 2021, сега го поддржуваат. Според информативниот портал Аксиос, ова може да биде обид за „додворување“ со цел подобрување на односите со новиот претседател.

притисни ентер