Потребни состојки: 1 пастрмка, неколку главици кромид, 2 зелени пиперки, неколку чешни лук, 1 домат, 1 лимон, малку магдонос, сол и бибер по вкус.
Постапка:
Пастрмката се чисти и се отстрануваат коските.
Се преполовува на половина и се става на скара да се пече.
Додека се пече рибата се подготвува зајрето.
Во тава со загреано масло се пропржува сечкан кромид.
Потоа се додава сечкани зелени пиперки и сечкан лук и се продолжува со пржењето.
При крај се додава сечкан домат, се пропржува уште неколку минути и се зачинува со сол, магдонос и бибер по желба.
Зајрето се става на средина на отворената печена риба.
Потоа рибата се поклопува со зајрето и се декорира со лимон и магдонос.