Папата Франциск го прими аргентинскиот претседател Милеи

Папата Франциск го прими аргентинскиот претседател Милеи, средбата зад затворени врати траеше околу еден час.

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск денеска во Ватикан го прими претседателот на Аргентина, Хавиер Милеи, а аудиенцијата зад затворени врати вo Апостолската палата во Ватикан траеше околу еден час.

Аргентинскиот претседател на папата му подари три подароци, а според Мануел Адорни, портпарол на претседателот, тоа е копија од писмо од мај 1854 година во кое тогашниот министер за надворешни работи на Аргентина, Хозе Марија Гутиерез, му доделил на Хуан Баутиста Алберди клучна дипломатски мисија во Европа.

Вториот подарок е комеморативна разгледница отпечатена од аргентинската пошта во август 2017 година, кога Марија Антонио де Паз и Фигероа, „Мама Антула“ беше прогласена за блажена.

Претседателот Милеи беше придружуван од неговата сестра Карина Милеи, која е генерален секретар на Претседателството на Аргентина.

Педесет и тригодишниот Милеи, роден во Буенос Аирес, положи заклетва како претседател на 10 декември 2023 година.

Според прес-службата на Светата столица, претседателот Милеи потоа се сретнал со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, придружуван од надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите и меѓународните организации.

„За време на срдечните разговори, кои се одржаа во Државниот секретаријат, беше изразена благодарност за добрите односи меѓу Светата столица и Аргентинската Република и волјата за нивно дополнително зајакнување. Соговорниците потоа се осврнаа на програмата на новата Влада за справување со економската криза. Потоа беше посветено внимание на различни теми од меѓународен карактер, особено тековните конфликти и посветеноста на мирот меѓу народите, стои во соопштението.

Од понеделник благо опаѓање на температурите и краткотрајни поројни врнежи

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

И викендов земјава ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што ќе преовладува претежно сончево и натпросечно топло време, но од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање.

Како што информира УХМР, утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде од 15 до 23, а максималната од 33 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Мисијата на Иран во ОН: Хезболах е способен да се брани себеси и Либан од Израел

Иранската мисија во Обединетите нации денеска соопшти дека либанското движење Хезболах е способно да се брани себеси и Либан од Израел.

Иранската мисија во ОН предупреди на платформата Икс дека можеби е дојдено време за самоуништување на израелскиот „нелегитимен режим“.

„Секоја непромислена одлука на окупаторскиот израелски режим да се спаси може да го турне регионот во нова војна“, истакна иранската мисија во ОН./МИА

Најмалку 32 Палестинци загинаа во израелските напади врз Рафа

Најмалку 32 Палестинци загинаа денеска во нападите на израелските сили врз Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, како и врз други области низ енклавата, јавија светските агенции, повикувајќи се на жители на Рафа и израелската армија (ИДФ).

Жителите велат дека Израелците изгледа се обидуваат да го завршат заземањето на Рафа, кој е во фокусот на израелската офанзива од почетокот на мај.

Тенковите се пробиваат во западните и северните делови на градот, а израелските војници веќе ги окупираа истокот, југот и центарот.

Израелските сили нападнаа од авиони, тенкови и бродови од брегот, предизвикувајќи нов бран на раселување од градот, кој засолни повеќе од милион раселени лица, од кои повеќето беа принудени повторно да избегаат. /МИА

притисни ентер