Памела Андерсон: Тој е романтичен џентлмен

Памела Андерсон за 3 месеци ќе наполни 50 години, но тоа не ја спречува да сними нова рекламна кампања за долна облека. Таа неодамна призна дека е восхитена од Џулијан Асанж.

Андерсон изгледа неверојатно добро во новиот бренд долна облека за кој сними рекламна кампања.



Жената која за 3 месеци ќе наполни 50 години не изгубила ни малку од својата привлечност. Како и пред 3 децении, нејзините фотографии измамуваат воздишки.

- Долната облека не мора да ја види некој за жената да се чувствува женствено и привлечно. Јас носам убава долна облека поради себе, а ако некој ја види - тоа е бонус - изјави Памела за Вог.

Model body: Three months before her 50th birthday, Pamela hasn't lost one inch of her sex appeal


Таа неодамна изрази восхитеност од Џулијан Асанж и одговори на шпекулациите за нивната специјална поврзаност.


- Тој е романтичен и џентлмен. Мојата врска со Џулијан не е тајна. Тој е еден од моите омилени луѓе и можеби најславниот и најполитизиран бегалец на сите времиња. Да се биде славен бидејќи си гонет не е позиција на моќ туку позиција на ранливост. Загрижена сум - напиша Памела на својот блог.

- Џулијан е емпатична личност кому му значи што се случува во светот. Поради својата работа тој направи моќни непријатели во неколку земји, особено во Америка, разоткривајќи ги. Тој сака да го ослободи светот преку едуцирање. Тоа е романтична борба и го сакам поради тоа!

Image result for pamela anderson and julian assange

Во 14 часот во седиштето на ВМРО- ДПМНЕ,средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и „ВРЕДИ”

Денеска во 14 часот, во, седиштето на ВМРО- ДПМНЕ, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ВРЕДИ”, ќе одржат  средба за договор за формирање на новата влада.

Досега на лидерската средба се договорени општите начела на соработка која ќе се базира на три цели: евроинтеграции, економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Изет Меџити претходно изјави дека владата ќе има околу 80 пратеници.уставните измени се приоритет за нив, а со ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат меѓународни гаранции.

.

Царинска управа: Запленети 4,8 килограми злато при влез на ГП Богородица

Царински службеници запленија 4,8 килограми златен накит со проценета вредност од 20,4 милиони денари, по контрола на автобус на граничниот премин Богородица при влез во државата.

Како што соопшти денеска Царинска управа, царинските службеници на граничниот премин Богородица селектирале автобус кој сообраќал на линија Истанбул - Гостивар, при што бил извршен детален претрес.

Во пределот за багаж била пронајдена црна торба, во која во девет пакетчиња обвиткани со најлон е откриено злато со тежина од 4,8 килограми. Возачот кој првично изјавил дека нема ништо за пријавување по откривање на златото потврдил дека торбата е негова.

-Нашите царински службеници се грижат за забрзан транспорт на легална трговија, но истовремено ги штитат приходите на државата спречувајќи шверц и криминал. Во случајот е спречено избегнување плаќање увозни давачки во износ од 5 милиони денари, се наведува во соопштението од Царинска управа.

Случајот, како што велат од Царинска управа, е преземен од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги при што против возачот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија. Златото согласно закон ќе биде предадено во Народна банка.

„Гответе со Дракче“ - Гибаница од бајат леб

Во среда  (15.05.2024) во емисијата гостин ни беше Влатко Плевнеш.

Состојки за денешниот рецепт:

1 бајат леб

500 мл. минерална вода

3 јајца

500 гр. кисело млеко или јогурт

100 гр. сирење

200 гр. кашкавал

микс од сувомесни производи

(печеница, сланина, свински врат и др.)

масло

зачини по желба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер