Овации за „Одисеј“ на Горан Стефановски во Виена

Претставата „Одисеј“ на Горан Стефановски вчера во Театарот Акцент во Виена беше изведена со режисерски иновации и актерска прецизност, што создаваше амбиент гледачите сами да одберат - дали гледаат театар или филм.

Стефановски алудира на хомеровиот еп, но тој е само искористен за приказ на распаѓањето на поранешна татковина на авторот. Обидот на Одисеј да се врати дома, да не остане да талка во туѓина, претставува негово ново спознавање на значењето на семејните врски, лојалноста и достоинството. Стефановски го разобличува начинот на создавањето преданија и митови, кои ја искривуваат реалноста, така што на крајот ниту „боговите“ не знаат што било вистина, а што, мит. Нарачаниот текст е претворен во претстава од Алексанар Поповски, режисерот - „театарски волшебник“ („Вечерњи лист“).

Во улога на Одисеј, прикажан како негативец, настапи Озрен Грабариќ. Никола Ристановски го играше водителот на група музичари (членовите на македонската група „Фолтин“, автори на музиката, овојпат и актери), преку чии песни се прераскажувале настаните, додека тие ја менуваа содржината со тек на времето, зависно од политичките состојби на теренот.

Публиката ја прифати претставата со многу емоции. Пиесата е направена во копродукција на шест различни театарски групи, групата на Раде Шербеџија од Бриони, Гавела од Загреб, Словенско народно гледалишче од Марибор, Атеље 212 од Белград, Српско народно позориште и Стеријино позориште од Нови Сад, како и Театар на навигаторот од Скопје, со десет актери од Скопје, Љубљана, Белград и Загреб.

По претставата, режисерот Поповски, актерите, музичарите и претставници на копродуцентите, како и членови на Парламентот на градот Виена се дружеа со амбасадорите на Македонија и на Хрватска, Ѓорѓи Филипов и Гордан Бакота, со дипломатите и претставници на дијаспорите на овие земји.

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи

ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им сугерира и број на гласачко ливче.

По објавениот документ од кој се гледа како Битиќи бара од компании да го поддржат затоа што им исплаќал државна помош тој требаше да се повлече од политиката.

Фактот што Битиќи не само што не се повлече, туку и не се извини, говори како СДС и ДУИ ја заробија државата и како 100тина функционери управуваат со државата како да е нивен личен имот.

ДКСК не смее да чека, да отвори случај и да се отвори постапка и пред другите институции.

Злоупотребите на институциите мора да запрат. По 8ми мај ќе се стави крај ма ваквите практики, а таквите како Битиќи ќе се соочат со одговорност.

Време е да ја вратиме државата на народот. Македонија повторно твоја,се наведува во партиското соопштение.

Пендаровски со порака по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака:

„Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество.

Квалитетните, професионални и независни новинари, коишто ја сфаќаат сериозноста и тежината на креирање на јавното мислење, можат да претставуваат силен глас на јавноста.

Затоа мора да продолжиме да вложуваме во воспоставувањето стандарди со кои медиумите ќе можат слободно и независно да работат и да се развиваат. Да градиме атмосфера во која медиумските работници ќе се чувствуваат безбедно и заштитено. Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето. Само така ќе имаме моќни и силни медиуми и новинари коишто ќе бидат објективни во известувањето и ќе ѝ служат на јавноста, а не на политичките елити и на изворите на финансирање.

На сите медиумски работници им го честитам Светскиот ден на слобода на медиумите.“, соопштуваат од неговиот кабинет.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер