Отворено 13-то Балканско првенство во кендо

Со поддршка на Општина Карпош, во организација на Македонската Кендо - Иаидо Федерација, викендов во спортскиот центар „Форца“ започна Балканскиот Кендо Куп за јуниори, сениори и ветерани, кој се одржува по тринаесетти пат. 

Во нашата земја, оваа мечувалска боречка полуконтактна вештина се практикува од 2006 година, а Македонија е домаќин на едно вакво првенство по трет пат.

Покрај љубителите на оваа древна јапонска вештина, на настанот присуствуваше и амбасадорот на Јапонија во нашата земја, господинот Казуја Отсука, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, како и претседателот на Комисијата за спорт при Советот на локалната самоуправа, Давор Грче.

Ми претставува особно задоволство што сите вие денеска сте гости, токму во нашата општина. Ова натпреварување е помогнато исто така од локална самоуправа од Карпош и многу ми е драго што ја негувате оваа древна вештина. Јас како поранешен шампион на Македонија и СФР Југославија во карате, но и како ваш „домаќин“ ви посакувам успешно спортско натпреварување и оттука да понесете само добри впечатоци и спомени – посочи првиот човек на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

На овој голем спортски настан учествуваат над 160 кендо-борци од вкупно 11 земји од соседството и поширокиот регион, поточно од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Романија, Црна Гора, Турција, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, како и гостите од Малта. Инаку, Општина Карпош како покровител, го поддржува овој настан со финансиски средства во висина од 30.000 денари, кои ги обезбеди преку Програмата за спорт на Одделението за култура и спорт при локалната самоуправа.

Инаку, борбите истовремено се одржуваат на неколку борилишта (шиаи), кои пак се поделени во индивидуални и тимски категории. Притоа, се натпреваруваат јуниори на возраст од 9-18 години, потоа жени и мажи над 18 години, како и ветерани над 40 годишна возраст. Интересно е тоа што покрај борбите, учесниците имаат можност и да полагаат за прв, втор и трет степен (дан), како и од 7 (седми) до 1 (први) степен (кју).

Вештината Кендо којашто е родена во „земјата на изгрејсонцето“ и во својот организиран облик датира уште од 800 година, подразбира ракување со меч, односно мечување според правила кои се создадени во Јапонија. Притоа, кендото се смета за уметност на мечувањето, а неговите ученици се нарекуваат Кендоки. Оваа вештина е популарна во целиот свет, а борбите се одвиваат со shinai или поточно, мечеви од бамбус и заштитен оклоп. Кендо или „патот на мечот“ е еден од неколкуте форми на јапонско мечување кое го практикуваат околу 9 милиони луѓе ширум светот.

Општина Карпош

Скандал во Швајцарија: Уапсени се неколку лица повезани со „комората за евтаназија“

Полицијата на северот на Швајцарија денеска соопшти дека се уапсени неколку лица и дека е отворена кривична постапка во врска со сомнителната смрт на едно лице во т.н. комора за самоубиство.

Полицијата на северот на Швајцарија денеска соопшти дека се уапсени неколку лица и дека е отворена кривична постапка во врска со сомнителната смрт на едно лице во т.н. комора за самоубиство, или како што се нарекува „charco капсула“, која се користи за евтаназија.

Таканаречената капсула Сарко, комора за самоубиство која никогаш досега не била користена, е дизајнирана да му овозможи на лицето во затворен простор да притисне копче што го активира вбризгувањето на азотниот гас, од кој лицето набрзо заспива, а потоа за само неколку минути, умира од задушување, пренесува Еуроњуз.

„Обвинителите во кантонот Шафхаузен беа известени од адвокатска канцеларија дека во понеделникот во близина на шумска кабина во Мерсхаузен се случил потпомогнат самоубиствен чин со капсула Сарко“, соопшти полицијата.

Во соопштението се наведува дека се уапсени „неколку лица“ и дека обвинителството отворило истрага поради сомнение за поттикнување и соучесништво во самоубиство.

По драматична потера, пронајдено е исчезнато девојче- мирно спие во шумата (ВИДЕО)

Исчезнато девојче од Луизијана е пронајдено како спие во шумата по еднодневна потрага.

10-годишната Пејтон Сентињан исчезнала од својот дом и последен пат била видена на 14 септември пред спиење облечена во сини пижами на тема Frozen и без чевли, објави Дејли Мејл.

Шерифот на округот, Џејсон Паркер рече дека девојчето залутало од дома и било најдено од дрон додека шетала во шумска област.

Полицијата започна голема потрага на 15 септември со голем број волонтери и полицајци, кога им биле понудени услугите на Drone Management Services LLC од Арканзас.

Користејќи беспилотни летала на компанијата опремени со камера за термичка слика, полицијата го пронашла девојчето свиткано како спие на земја во шумата.

„Таа беше во густа шума на околу 300 метри од местото каде што камерата ја фати порано во неделата наутро“, рече Паркер.

Како што рекол, девојчето спиело кога ја нашле.

„Ја проверивме и беше добро, но гладна“, додаде тој.

На видеото од дронот се гледа како спасувачите го разбудиле девојчето и ја однеле на безбедно околу 23 часот.

„Службата за контрола на дронови ја имаше честа да учествува во операцијата за пребарување и спасување. Сведочејќи го моментот кога Пејтон беше пронајдена, мирно спиеше во шумата.“, велат од компанијата.

Милионер тајно ја снимал дадилката на неговите деца- ќе ѝ плати отштета од 3 милиони долари

На дадилка ѝ е доделена отштета од огромни 3 милиони долари, откако милионер, татко на четири деца, тајно ја снимал гола со камера скриена во детектор за чад.

Кели Андраде, која е родена во Колумбија, живеела со Мајкл Еспосито (35) и неговото семејство во нивниот луксузен дом на Стејтен Ајленд, Њујорк, објави Фокс Њуз.

Според тужбата, која била поднесена пред федералниот суд во Бруклин, Еспосито се обидел да упадне во нејзината соба откако таа ја открила скриената камера.

Тој бил приведен во 2021 година под сомнение за незаконско следење, кривично дело казниво со максимална казна од четири години затвор. Но, тој бил пуштен на условен отпуст со обврска за советување.

Сега судијата на Менхетен одлучи дека мора да ѝ плати отштета од огромни 2,78 милиони долари.

Кели работела за него и неговата сопруга Даниела, а додека нивната куќа се реновирала, семејството живеело во куќата на родителите на Даниела.

Кели добила соба за спиење додека се грижела за нивните четири мали деца.

Меѓутоа, кога го видела Еспозито како почесто од очекуваното го поставува детекторот за чад во нејзината соба, се посомневала дека нешто не е во ред. Три недели откако се вселила во таа соба, ја пронашла скриената камера.

Според тужбата, скриената камера снимила стотици снимки на кои е полугола или целосно гола.

Андраде рече дека била фокусирана на опоравување од судењето бидејќи морала повторно да ги доживее моментите што се обидувала да ги заборави.

Колумбијката, која живее во Њу Џерси со својот сопруг, рече дека зборува за да ги охрабри другите дадилки и имигранти кои биле „жртви на злоупотреба“.

притисни ентер