Откриен мотивот на нападот во Њу Џерси во кој се убиени шестмина

Полицијата на Њујорк е ставена во состојба на висока подготвеност за да ги заштити еврејските населби по неколку часови пукање во „кошер Џерси“ продавницата во која загинаа шест лица, соопштија властите.

Престрелаката на полицијата со две вооружени лица избувна во вторникот по пладне во Џерси.

Меѓу шесте загинати има тројца цивили, еден полицаец и обајцата напаѓачи, објаснуваат властите.

Полицијата во Џерси најпрво соопшти дека мотивот за напаѓачот не е познат, но градоначалникот Стивен Фулоп истакна дека двете цели се очигледно еврејски кошер супермаркет, лоциран крај реката Хадсон, крај Манхетн.

„Врз основа на нашата првична истрага, сега веруваме дека напаѓачите ја таргетирале точно локацијата што ја нападнаа“, рече Фулоп во твитот.

„Поради зголемена претпазливост, заедницата може да види дополнителни полициски сили во наредните денови / недели“, напиша Фулоп, додавајќи дека засега нема индикации за каква било закана.

Полициски детектив е убиен обидувајќи се да ги запре осомничените, кои потоа побегнале во блискиот супермаркет.

Полицијата соопшти дека тројца цивили биле убиени најверојатно од вооружените лица, кои возеле во продавница во украден пикап и зеле заложници. Кризата траеше со часови, бидејќи вооружените напаѓачи одбија да се предадат. „Тие брзо се движеа внатре и околу продавницата цели четири часа“, рече Кели.

Локалните медиуми објавија дека пукањето се случило во супермаркетот „J.Ц. Кошер“.

Сите училишта во Њу Џерси беа привремено затворени.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, на Твитер напиша дека ја ставал во состојба на готовност полицијата, иако нема специфична закана во градот. Вчеравечер , њујоршката полиција беше „распоредена за да ги заштити клучните локации на еврејската заедница. Ние ќе објавиме дополнителни мерки утре“, рече тој.

„Оваа трагедија потврдува дека подемот на насилен антисемитизам сега се претвори во криза за нашата нација. И сега таа закана излезе на прагот на Њујорк“, истакна Де Бласио.

ЕУ го заостри визниот режим со Етиопија поради „несоработка“ во реадмисијата на азиланти

Советот на ЕУ денеска реши времено да суспендира одредени одредби од одлуката со кој се регулира издавањето визи за државјаните на Етиопија.  

Со денешната одлука се укинува ослободувањето од обврската за поднесување на доказите што треба да ги достават апликантите за виза, се забранува издавањето на повеќекратни визи и се укинува ослободувањето од обврската за плаќање визната такса за имателите на дипломатски и службени пасоши.

Дополнително, како што јави дописникот на МИА од Брисел, рокот за одговор на поднесената апликација за виза се продолжува од досегашните 15 на 45 календарски дена.

Ваквата одлука на Советот на ЕУ е донесена врз основа на оценката на Еврокомисијата дека „соработката на Етиопија на полето на реадмисија на нејзините државјани кои илегално престојуваат во ЕУ е недоволна“.

Според ЕК, има недостиг на одговори од страна на етиопските власти во однос на барањата за реадмисија и постојат потешкотии со издавањето на итни патни документи и со организација на враќањето на одбиените баратели на азил.

Одлуката за суспензија е привремена, но нема конкретен краен рок на нејзината важност, туку тој ќе зависи од понатамошната оценка на Комисијата за постигнатиот напредок во соработката за реадмисија од страна на Етиопија.

Европската комисија редовно ја оценува соработката на трети земји во процесот на реадмисија на илегалните мигранти и одбиените баратели на азил. Врз основа на овие оценки, ЕК може да заклучи дека соработката на одредена трета земја при реадмисијата е „недоволна“ и може да ја суспендира одлуката за визна либерализација или да го заостри постојниот режим за издавање визи.

Во случајот на Етиопија, Еврокомисијата процени дека има „особено ниска стапка на реадмисија“ и се издадени мал бројот на патни документи врз основа на барањата за враќање на етиопските државјани во нивната матична земји, што во целост е оценето како „ниско ниво на соработка“. /МИА

Иран ги отфрли шпекулациите дека соработува со Северна Кореја во врска со нуклеарни прашања

Иранското Министерство за надворешни работи денеска по пристигнувањето на севернокорејската деловна делегација во Техеран, ги отфрли шпекулациите за соработка со Пјонгјанг во врска со нуклеарни прашања.

„Делегацијата, предводена од министерот за надворешни економски односи Јун Јонг Хо, отпатува во иранската престолнина минатата недела на економска конференција. Секоја поврзаност со соработка за нуклеарни прашања е „неоснована“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Насер Канаани.

Во Јужна Кореја имаше шпекулации дека за време на посетата може да се разговара за воена соработка меѓу Северна Кореја и Иран.

Двете земји - и двете се соочија со строги меѓународни санкции и изолација на дипломатската сцена поради нивните нуклеарни активности - постојано беа обвинувани за активна соработка, особено во областа на ракетната технологија.

Контроверзната иранска нуклеарна програма е предмет на обновен интерес во последните месеци по избувнувањето на војната во Газа. /МИА

Сиднеј: Тинејџери планирале да купат оружје и да ги напаѓаат Евреите

 Група тинејџери планирале да набават оружје и да нападнат Евреи само неколку дена по нападот врз епископот на Асирската православна црква во Сиднеј, покажа полициската истрага, објавија денеска австралиските локални медиуми.

Петмина тинејџери, на возраст од 14 до 17 години, во четвртокот беа обвинети пред судот во Сиднеј за низа прекршоци, вклучително и заговор за учество или планирање терористички чин.

Полицијата соопшти дека сите тие „се придржувале до религиозно мотивирана, насилна екстремистичка идеологија“ и биле дел од мрежата во која беше и 16-годишно момче обвинето за прободување на епископот на Асирската православна црква Мар Мари Емануел на 15 април.

Според полициските информации доставени до Детскиот суд во Сиднеј, двајцата обвинети разговарале за купување оружје на 19 април, истиот ден кога е обвинет наводниот напаѓач на бискупот, објави весникот News Corp Australia.

Одделот за односи со јавноста на полицијата на Нов Јужен Велс денеска за Асошиетед прес изјави дека не може да ја потврди точноста на извештајот.

Родителите на момчето во интервју за австралиските медиуми изјавиле дека нивниот син бил насилен и дека се сомневаат дека има нарушување од спектарот на аутизам, но додале дека тој не е терорист.

Еј-Би-Си објави дека на нивниот син му се допаѓаат онлајн видеата на основачот на Ал Каеда, Осама бин Ладен, а сликата на профилот на момчето Вотсап е слика на самиот Бин Ладен. /МИА

притисни ентер