Откако ја нападнаа дека отекла од користењето „филери“, Лима го покажа вистинското лице!

Иако помина многу време откако бразилскиот модел Адриана Лима се породи и нејзините обожаватели oчекуваа таа набргу да се врати во полн сјај, сепак тоа не се случи.

Имено, манекенката со месеци наназад доживува навредливи коментари дека изгледа непрепознатливо од последната бременост. Обожавателите не „ѝ ги простија“ ни отворените тоалети со длабок шлиц, бидејќи, според коментарите на социјалните мрежи, „премногу си дозволила“ со таквиот изглед.

Иако се чинеше дека поранешната манекенка тоа не ја засега многу, таа на својот профил покажуваше дека напорно вежба за да се врати во форма. А, според последните фотографии од Канскиот филмски фестивал, каде таа се појави во гламурозен црн фустан украсен до долга жолта сатенска лента, таа не е далеку од целта.

Сепак, во фокус беше и нејзиното лице, за кое многумина велеа дека е отечено и надуено, но не поради хормоните во бременоста, туку поради користењето „филери“ за да изгледа помладо. Но, преку една снимка, на која шминкерите ја подготуваат да излезе на црвениот тепих, Андриана покажа дека ѝ се враќа стариот сјај на лицето.

На снимката се гледа дека лицето ѝ е чисто и убаво, и дека нема многу работа за да се сокријат нејзините недостатоци, па со шминката нејзиното лице ја доби некогашната симетрија, а Лима излгедаше како некогашните гламурозни холивудски диви.

-Таа секогаш ќе биде ТАА девојка-

-Изгледа поразлично, не би ја препознала –

-Да ми кажевте дека има 25 години, би поверувала-

-Не залудно е „ангел на Викторија“ –коментираа корисниците на мрежата.

Нејзиниот атрактивен изглед, шминкерите го комплетираа со шминка, па некогашниот ангел на Викторија со голема самодоверба позираше пред насобраните фотографи.

@patrickta GRWM Part 2 Cannes Edition W/ @AdrianaLima I Used @Patrick Ta Beauty ♬ Imperial Orchestra_Interstellar - Imperial Orchestra

Андонова: ИЈЗ оставен без реагенси за голема кашлица

Иако и натаму на сила е прогласената епидемија на голема кашлица во Скопје, Институтот за јавно здравје бил оставен без реагенси, тврди новата директорка Марија Андонова.

Според неа претходното раководство не ги направило потребните набавки за реагенси.

Во Шпанија уапсен еден од најопасните италијански мафијаши во бегство

Еден од најопасните италијански мафијаши во бегство, член на организацијата Роман камора, Франческо Лапис, е уапсен во Барселона, соопшти денеска шпанската полиција.

Како што се наведува, Лапис бил на италијанската листа на „најопасните бегалци“ откако се дознало дека е поврзан со таа организација.

Тој е осуден во Италија за шверц на големо количество кокаин, хашиш и марихуана во Шпанија. Откако побегнал, италијанската полиција побарала помош од шпанските колеги да го пронајдат.

Шпанската полиција прво претпоставувала дека тој е на островот Ибица, но кога неговите соработници од Франција пристигнале во Барселона, почнала операција за надзор во тој град.

Иако неговите соработници презеле мерки да избегнат апсење, полицијата ги следела до предградие на Барселона, каде го пронашла на улица и набрзо го уапсила. Италијанската полиција по Лапис распиша потерница преку Интерпол.

Малцинствата во Албанија со остри реакции за неприфаќање на гарантирани места во парламентот

Со незагаранитираните места за малцинствата во албанскиот парламент со усвоената нова изборна реформа, албанските политичари го игноираат Советот на Европа

Со незагаранитираните места за малцинствата во албанскиот парламент со усвоената нова изборна реформа, албанските политичари го игноираат Советот на Европа кој во извештајот за Албанија објавен во 2023 година силно препорача Албанија да креира политика со загаранитирани места за малцинствата во парламенот, пратеникот во Албанија Васил Стеројвски за канал 5.

Според Стерјовски оваа одлука преставува игнорирање и е јасен показател за недостигот на волја за следење на европските стандарди и подобрување на демократијата во земјата. Партиите потенцираат дека сегашниот регионален пропорционален изборен систем е „дискриминаторски и не гарантира правична застапеност на малцинствата“, а географската распространетост на малцинствата низ целата територијата на Албанија го отежнува ефективно застапување на нивните интереси во Парламентот. А исто така претставува и клучен критериум за членство на Албанија во Европската Унија.

Албанскиот парламент, со 106 гласови за, оние на пратениците од владејачкото мнозинство и опозициските демократи на Сали Бериша, доцна синоќа го усвои изменетиот Изборен законик, со кој од 140 пратеници, колку што брои законодавниот дом, 1/3 ќе се избираат со отворени листи, додека останатите според досегашниот пропорционален модел.

Со законикот за прв пат се дава можност да гласа и албанската дијаспора. На полноќ Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, поднесе оставка од функцијата. причината за оставката е поврзана со нејзината здравствена состојба.

притисни ентер