Османи: Без датум во март, ЕУ ќе се вмеша во изборите во април

Охрабрен од оптимистичките пораки на францускиот амбасадор Тимоние, дека датумот за преговори е близу, Вицепремиерот Бујар Османи во обид да изврши дополнителен притисок кон Унијата.

Според него, доколку на Македонија не и се додели датум за почеток на преговори на Советот во март, Брисел ќе изврши директно мешање во априлските избори во земјава. Ваквиот негов став вели дека се должи на тоа што евентуалното зелено светло од Унијата за Македонија пред изборите, би било признание за досега постигнатото на Владата, на патот кон ЕУ. Според него, земјава ги исполнила своите ветувања, а редот е и на Унијата да го испорача своето.

Со порака до Унијата да ги започне преговорите со Македонија и Албанија излезе и првиот европарламентарец Давид Сасоли. Тој го повика Европскиот совет да ги одржи ветувањата кон земјите во регионот и да ја поддржи нивната европска перспектива. Според него, одлуката за почеток на преговори со Македонија и Албанија е од големо значење и очекува Советот да донесе позитивна и недвосмислена порака.

-Мислам дека процесот на проширување не треба да биде запрен и треба да се развива веднаш. Мислам дека пристапот и одлуката за почеток на преговори со Албанија и С. Македонија е од големо значење,вели Давид Сасоли – Претседател на Европски парламент.

Почетокот на преговорите со Македонија и Албанија е и меѓу главните приоритети на Европската комисија која денеска ја усвои работната програма за 2020 година. Во програмата меѓудругото стои дека покрај заложбата да се отворат преговорите со двете држави, комисијата паралелно ќе се посвети и на новата методологија за членство. Целта во периодот кој следува, според програмата ќе биде продлабочување на партнерството кое комисијата го има со земјите од Западен Балкан, а кое би било потврдено на загребскиот самит во мај.

Санкционирани 131 возач во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територијата на град Скопје изрече 131 меркa.

Како што соопшти МВР, за возење без возачка дозвола 17 санкции, 14 мерки за непочитување на брзината на движење, девет мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Три лица загинаа, а три се повредени во рускиот ракетен напад врз Одеса

Командата на силите за специјални операции на Украина денеска соопшти дека во синоќешниот напад со руски балистички ракети врз Одеса загинале три лица, а три се повредени.

Од друга страна, вооружените сили на Украина уништија два руски противвоздушни ракетни системи „бук“ во секторот Суми, се вели во објава на Фејсбук, пренесува Укринформ.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина и треба „значително забрзување“ во испораката на оружје од партнерите за да и се овозможи на нејзината армија да се соочи со унапредувањето на руските сили на неколку фронтови.

„На Украина и треба значително забрзување во испораката на оружје за што поскоро да стигне до војниците на фронтот“, рече Зеленски.

Се огласи и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кој наложи „поголема и побрза испорака на оружје за специјалната воена операција во Украина“. /МИА

Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом

Полициски службеници од ОВР Гевгелија, вчера во 16.10 часот во село Стојаково, општина Богданци, го лишиле од слобода В.К.(30) од село Стојаково.

-При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР.

притисни ентер