Организатори на Олимпијадата: Им се извинуваме на католиците и другите христијани

Организаторите на Олимписките игри во Париз им се извинија на католиците и другите христијани кои беа налутени поради кич сцената на свеченото отворање, пародијата на Тајната вечера, сликата на славниот ренесансен уметник Леонардо да Винчи.

Настапот, во кој учествуваа членовите на групата „Drag Race France“, трансродова манекенка и гола пејачка во улогата на старогрчкиот бог на виното Дионис, наликуваше на библиската сцена на Исус Христос и неговите апостоли како ја делат последната вечера пред распнувањето.

Непристојната пародија на сликата на Да Винчи предизвика гнев кај католиците и другите христијани, особено во САД.

Поради овој настан од отворањето на Игрите, сега организаторите тврдат дека немало намера да покажат непочитување кон христијанските верници.

"Јасно е дека немаше намера да се покаже непочитување кон ниту една религиозна група. Церемонијата на отворање беше замислена како прослава на толеранцијата во општествената заедница. Веруваме дека ја постигнавме таа амбиција. Ако некои луѓе беа навредени, многу ни е жал. - изјави Ен Дешамп, портпаролка на Олимпијадата.

Франција, иако горда на своето културно наследство, има и долга традиција на секуларизам и антиклерикализам, а богохулењето не само што е легално, туку и се смета за еден од клучните столбови на слободата на говорот. Многумина ја поддржаа таа точка на церемонијата на отворање на ОИ бидејќи во неа гледаат порака за инклузивност и толеранција.

Француската католичка црква изрази длабоко жалење за сцените кои „вклучуваа исмејување на христијанството“.

Некои коментатори ја нарекоа целата сцена како контроверзноста уште еден пример за културните војни во 21 век поттикнати од социјалните медиуми и постојаното бомбардирање на вести.

Томас Џоли, уметнички директор и мозокот на раскошната церемонија на отворање, рече дека религиозната субверзија никогаш не била негова намера, туку дека „тие сакале да зборуваат за различноста бидејќи тоа значи да се биде заедно“. „Едноставно кажано, сакавме да ги вклучиме сите“, им рекол Џоли на новинарите.

Најмалку осум британски војници се повредени во верижна сообраќајка во Естонија

 Десетина војници на НАТО, вклучително и најмалку осум британски војници, беа повредени минатата недела во верижна сообраќајка по учеството на вежба на НАТО во Естонија, соопштија синоќа локалните власти.

Војниците се враќале во нивната база во Тапа во време на снежна бура кога нивните комбиња учествувале во голем верижен судир што се слчил по сообраќајка на два автомобила на автопатот Талин-Нарва.

Седумнаесет лица, меѓу кои 12 војници, се повредени и пренесени во болница по несреќата, соопшти полицијата.

Осум британски војници се пренесени во Британија на понатамошно лекување, изјави портпаролот на Министерството за одбрана. Тројца остануваат во болницата „Кралица Елизабета“ во Бирмингем.

Британските војници се распоредени во Естонија како дел од операцијата Кабрит, како дел од зголеменото воено присуство на источното крило на НАТО, по почетокот на руската инвазија на Украина.

Медиуми: Нејмар сонува да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид

 Напаѓачот на Ал Хилал, Нејмар, ја разгледува можноста да се пресели во Реал Мадрид по завршувањето на договорот со саудискиот тим, објавија некои шпански медиуми.

Забележано е дека 32-годишниот фудбалер сонува да игра во врвен шпански клуб заедно со Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе со кои има развиено добри односи.

Нејмар му се приклучи на Ал-Хилал во август 2023 година. Сезонава одигра два натпревара. Претходно Нејмар помина една година закрепнувајќи од повредата на вкрстените лигаменти на коленото.

Договорот на Бразилецот со клубот од Саудиска Арабија е до летото 2025 година, со опција за продолжување на една сезона.

ЕФЈ ја напушта мрежата Х кога Трамп официјално ќе стане претседател

Европската федерација на новинари (ЕФЈ) одлучи да не објавува ништо на платформата X на Илон Маск од 20 јануари 2025 година, кога Доналд Трамп официјално ќе стане 47-ми претседател на САД.

Како и многу европски медиуми и новинарски организации, ЕФЈ смета дека повеќе не може етички да учествува во социјалната мрежа која нејзиниот сопственик ја претвори во дезинформативна и пропагандна машина, објавија тие.

„Не можеме да продолжиме да учествуваме во социјалната мрежа на човек кој прогласи смрт на медиумите, а со тоа и на новинарите“, рече претседателката на ЕФЈ, Маја Север.

„Социјалната мрежа Х стана вектор за теории на заговор, расизам, екстремно десничарски идеи и мизогинска реторика. X е платформа која повеќе не служи на јавниот интерес, туку на одредени идеолошки и финансиски интереси на нејзиниот сопственик и неговите политички сојузници“.

„Уредувачката еволуција на X, откако беше купена од Илон Маск, едноставно е во спротивност со нашите хуманистички вредности, нашата посветеност на слободата на медиумите и медиумскиот плурализам и нашата борба против сите форми на омраза и дискриминација. Одлуката да се отстрани нашата сметка @EFJEUROPE ни се чинеше очигледна и ги повикуваме сите подружници и организации кои ја бранат слободата на изразување да се префрлат на други платформи“, рече генералниот секретар на ЕФЈ, Рикардо Гутиерез.

Веднаш по изборот на Трамп, Илон Маск, кој беше активен во американската политика и како финансиски поддржувач на Трамп, изјави дека „традиционалните медиуми се мртви“, тврдејќи дека „поголемиот дел од традиционалните медиуми ја лажеле јавноста“.

притисни ентер