Општина Ѓорче Петров ги засилува безбедносните мерки во сообраќајот

Поставени нови столбчиња и пешачки премини, следуваат успорувачи на брзина пред училиштата и градинките.

Општина Ѓорче Петров продолжува со сериозни напори за зголемување на безбедноста во сообраќајот, особено на критични точки во населените места. Во изминатите денови, општината постави безбедносни столбчиња на најризичните локации во населбата, со цел да се намали опасноста од несреќи, како и да се подобри протокот на возила и пешаци.

Овие столбчиња имаат за цел да го спречат нелегалното паркирање на возила и да создадат безбедна зона за пешаците, посебно на оние места каде што има интензивен сообраќај.

Во исто време, се изврши и бележење на пешачките премини на повеќе локации низ општината, што е од особена важност за безбедноста на пешаците, особено на местата каде што децата, учениците и родителите се најчесто присутни. Одбележувањето на овие премини ја зголемува видливоста и ја намалува можноста за несреќи со возила.

Во наредните денови, општината ќе продолжи со уште една значајна мерка – поставување на т.н. „легнати полицајци“ или успорувачи на брзина на локации со голема фреквенција на луѓе. Овие т.н.„легнати полицајци“ ќе бидат поставени пред училиштата, градинките и на други фреквентни локации во општината.

Оваа мерка има за цел да го намали брзото возење и да обезбеди поголема безбедност за најмладите и сите граѓани кои се движат низ овие делови од населбата.

Општина Ѓорче Петров во континуитет работи на подобрување на инфраструктурата и безбедноста на своите жители, вложувајќи во мерки кои ќе ја зголемат сигурноста на сите учесници во сообраќајот. Овие нови мерки се само дел од пошироките напори за создавање на побезбедни и поудобни услови за живеење.

Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат новите сообраќајни правила и да се грижат за својата безбедност и безбедноста на другите.

Општина Ѓорче Петров

Патријарх Кирил до Русите: Не плашете се од нуклеарно оружје и крајот на светот

Патријархот на Руската православна црква Кирил изјави дека христијаните не треба да се плашат од крајот на светот, дури и во контекст на нуклеарното оружје.

Руските медиуми ја пренесуваат изјавата на Кирил, дадена на пленарната седница на XXVI Светски руски народен собир.

- Нуклеарното оружје не треба да предизвикува страв, бидејќи христијаните не се плашат од крајот на светот. Го очекуваме Господ Исус, кој ќе дојде во голема слава, ќе го уништи злото и ќе им суди на сите народи, изјави патријархот.

- Ескалацијата на стравот околу можни апокалиптични сценарија, прекумерната вознемиреност и шпекулациите за нуклеарното прашање не се корисни од духовна гледна точка. Непријателот на човештвото се обидува да сее вознемиреност во срцата на луѓето... бидејќи со човек што е лишен од духовен мир полесно се манипулира. Не треба да си играме, додаде тој.

Претходно, во ноември, патријархот Кирил предложи можност за враќање на смртната казна во Русија, посочувајќи дека ниту Црквата, ниту Исус Христос експлицитно не ја осудиле.

Над 1.300 камери ќе бидат поставени на улиците во Атина за да „ловат“ сообраќајни прекршоци

 Преку безбедносни камери поставени на улиците во областа Атика, поширокиот регион на Атина, ќе се следат и ќе се „ловат“ сообраќајните прекршоци во грчката метропола.

Преку безбедносни камери поставени на улиците во областа Атика, поширокиот регион на Атина, ќе се следат и ќе се „ловат“ сообраќајните прекршоци во грчката метропола, а планирано е воведување и на дигитален систем преку кој на возачите кои направиле прекршок ќе им стигнува смс порака на мобилниот телефон, јави дописничката на МИА од Атина.

Надлежните министри за транспорт, за заштита на граѓаните и за дигитално управување на прес-конференција го презентираа владиниот план за поставување камери за зголемена безбедност во сообраќајот и соопштија од следното лето ќе бидат ставени во функција 1.388 безбедносни камери и дигитално ќе ги проверуваат прекршоците во областа Атика, а во иднина ќе бидат поставени и во Солун.

Новите камери дигитално ќе потврдуваат прекршоци за: надминување на дозволената брзина, поминување на црвено, употреба на мобилен телефон, недозволено користење на десната лента, возење возило без осигурување или без важечка картичка за поминат технички преглед.

Дополнително ќе биде воведен и дигитален систем преку кој на возачите кои направиле некој прекршок ќе им стигнува смс порака.

Министерот за дигитално управување Димитрис Папастергиу објасни дека по следното лето системот целосно ќе функционира и „целта е кога ќе се изврши прекршок, тој директно да оди кај возачот“.

- Нашата цел е со имплементирањето на системот кога ќе се направи прекршок, на пример, поминување на црвено, возачот да добие смс порака на мобилен број заведен во контакт регистарот, а во пораката ќе пишува дека се врши проверка за таков или таков прекршок. Ќе пишува дека се врши контрола затоа што прекршувањата треба да ги потврдат полициските органи, посочи Папастрегиу.

Дополнително, како пример ја спомена Република Кипар каде, како што рече, функционираат 110 камери, 90 фиксни и 20 мобилни и дневно се изрекуваат 1.500-2.000 казни.

ДОМ: Здравјето на граѓаните во заложништво на политички игри

Додека  надлежните се препукуваат и се саботираат околу набавката на еколошки автобуси колапс доживува единствено здравјето на граѓаните од загадениот амбиентален воздух.

ДОМ ги повикува советниците на град Скопје да се одважат и гласаат за набавка на нови еколошки автобуси само и само во интерес на здравјето на граѓаните на Скопје.

Демократска обнова на Македонија

притисни ентер