ООН усвои резолуција за Авганистан без заштитна зона

Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција во која се наведени обврските на талибанците во врска со безбедно заминување на оние што сакаат да го напуштат Авганистан.

Не бараат формирање заштитена зона претходно предложена од Франција. Тринаесет од 15 -те членки гласаа за текстот, кој беше составен од САД, Франција и Британија, додека Кина и Русија биле воздржани.

Советот во резолуцијата вели дека очекува талибанците да ги почитуваат своите обврски, особено во однос на безбедно заминување на Авганистанците и странските државјани од Авганистан по повлекувањето на Соединетите држави, што треба да заврши утре. Но, во резолуцијата не се споменува безбедна или заштитена зона за која зборуваше францускиот претседател Емануел Макрон. Тој рече дека Париз и Лондон ќе работат во ОН за воспоставување безбедна зона во Кабул за да се овозможи продолжување на хуманитарните операции.

„Нашето иницијатива за резолуција има за цел да воспостави заштитена зона под контрола на Обединетите нации во Кабул, што ќе овозможи продолжување на хуманитарните операции“, им рече Макрон на новинарите. Дипломатите на ОН објаснија дека ова не е вистинска заштитена зона, туку дека талибанците се сметаат за обврзани да ги почитуваат своите обврски во однос на безбедно заминување на оние кои сакаат да ја напуштат земјата.

"Оваа резолуција не е оперативна. Се работи за принципи, клучни политички пораки", им рече неименуваниот дипломат на новинарите. Ричард Гован, експерт за превенција на конфликти на ОН во Меѓународната кризна група, рече дека резолуцијата барем испраќа политичка порака до талибанците за потребата од одржување на аеродромот отворен и дека ОН можат да дадат помош.

„Но, глобално, текстот е прилично благ и Макрон погреши што ја напушти идејата за заштитена зона на аеродромот во Кабул или не ја пренесе јасно таа идеја“, рече Гован.

Според резолуцијата, Советот за безбедност ја потврдува важноста од почитување на човековите права, вклучително и правата на жените, децата и малцинствата и го охрабрува изнаоѓањето на инклузивно политичко решение со значително учество на жените. Советот, исто така, бара територијата на Авганистан да не се користи со закани или напади врз други земји или како засолниште за терористите, се вели во резолуцијата.

Мик Џегер на концерт во Лујзијана го прозва гувернерот за инклузија- експресно му одговори

Англискиот пејач Мик Џегер (80) накратко зачекори во политиката на американската сојузна држава Луизијана, упатувајќи вербален „удар“ до конзервативниот гувернер на државата.

Англискиот пејач Мик Џегер (80) накратко зачекори во политиката на американската сојузна држава Луизијана, упатувајќи вербален „удар“ до конзервативниот гувернер на државата, додека „Ролинг Стоунс“ настапувале на фестивал во Њу Орлеанс, пренесува АП.

Бендот ја заврши песната „You Can't Always Get What You Want“ за време на настапот во четвртокот вечерта, кога Џегер почна да зборува за инклузија, објави Асошиејтед прес, цитирајќи медиумски извештаи од Њу Орлеанс.

„Сакаме да го вклучиме и него. Дури и ако сака да нѐ врати во каменото доба“, рече Џегер за гувернерот Џеф Ландри.

Лендри (53) е републиканец поддржан од Доналд Трамп, поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат, а откако беше повикан, тој му одговори на Џегер:

„Не можеш секогаш да го добиеш она што го сакаш. Единствената личност која веројатно може да се сети на каменото доба е Мик Џегер. Те сакам пријателе, секогаш си добредојден во Луизијана!“.

Велигденска порака на Арихепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење...

Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога, се вели во посланието на Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан.

Костадиновска Стојчевска од Пустец: Хероите како Гоце Делчев се нашиот патоказ кон Европа

Хероите како Гоце Делчев и нивните идеали за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа.

Денеска, на денот на неговата херојска смрт, во Пустец ја откривме бистата на македонскиот револуционер и учител, Гоце Делчев. Таа ќе биде вечен потсетник за значењето на искрената борба во име на високите цели за напредна и независна држава.

Заедно со нашите сограѓани Македонци му оддадовме почит на еден од најсветлите ликови во нашата историја, идеолог и борец за слободна македонска држава. На дело покажуваме како заедно, од двете страни на границата, се грижиме за македонската историја и култура, и ги афирмираме македонскиот јазик и идентитет.

Зборовите на Гоце Делчев и неговата визија дека го разбира светот како поле за културен натпревар меѓу народите никогаш нема да исчезнат од нашата колективна меморија и од нашето настојување да создадеме сигурна, просперитетна и заедничка иднина.

Ние никогаш не сме се откажале ниту ќе се откажеме од делото и визијата на македонските револуционери, на оние кои биле на вистинската страна на историјата и денес наша обврска е да останеме на нивната страна.

Да живее споменот на Гоце Делчев!, објави на ФБ министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска.

притисни ентер