ОЈО: Започната е постапка за нападот врз девојче од страна на две малолетнички

ОЈО започна постапка за нападот врз 15 годишното девојче од страна на две врснички кој се случи во петокот центарот на Скопје.

Оттаму велат дека се известени за случајот и дека се дадени насоки за натамошно постапување. Овие случаи се решаваат согласно Законот за малолетници, а казната се определува во судска постапка, објаснува адвокатот Ѕвонко Давидовиќ. Според него ова е резултат на запуштање на малолетник, па во овој случај најголемиот дел од вината освен малолетниците треба ја сносат родителите. Одговорност според него, треба да има и за сведоците, кои не укажале помош и не пријавиле кривично дело.

- Постои кривично дело Запуштање и малтретирање на малолетник, овде е очигледно дека малолетникот во своето воспитување е запуштен. Пред се тие немаат почит, немаат почит кон својот наставник, немаат почит кон професорот, кон соседите, постарите лица, во краен случај ни кон своите родители таквите деца не можете да очекувате таквите деца не може да очекувате дека ќе имаат почит кон законот и институциите кон својата држава. Родителите мора да бидат свесни дека за однесувањето на своето дете се додека не е полнолетно во некои случаи одговараат,- Ѕвонко Давидовиќ – адвокат.

Иако психолозите велат дека тепачките помеѓу соученици се случувале и во минатото, она што претставува ризик во денешно време е пристапот до интернетот и масовно споделување на ваквите видеа за да се чувствуваат дека припаѓаат во толпата. Според психологот Д-р Мирјана Јовановска клучно е родителите да не забораваат да посветат внимание и да ги воспитуваат своите деца, додека се трудат да ги задоволат сите нивни останати материјални барања.

-Често пати луѓето бркајќи други обврски кои ги имаат во животот земаат од времето на родителството и секогаш тоа ни се свети. Што и да правиме како и да планираме би требало времето во кое што треба да бидеме родители да не го намалуваме, да не им го одземаме на нашите деца тоа време, бидејки децата оставени сами на себе многу лесно ќе побараат каде да припаднат, со кого да комуницираат, каде да најдат информација, на кого да личат,-д-р Мирјана Јовановска – психолог.

Вознемирувачкото видео кое деновиве масовно се споделува на социјалните мрежи започнува со вербална расправија со погрдни зборови, а потоа преминува во физички напад. Додека трае сето тоа соучениците снимаат со телефоните и ги бодрат насилничките. Случајот по неколку часа бил пријавен во полиција од страна на родителот, а неофицијално девојката по тепачката се здобила со повреди на главата и телото и колабирала во училиштето.

Во еден ден му извадиле 20 заби и му вградиле 12 импланти- се вратил дома и починал

Жителка на кинескиот град Јонгканг, неодамна поднела жалба до Општинското здравствено биро, а по смртта на нејзиниот татко.

Г-ѓа Шу наведува дека на несреќниот човек во еден ден во локалната стоматолошка клиника му биле извадени 20 заби и вградени 12 импланти. Таа тврди дека тоа ја предизвикало неговата прерана смрт 13 дена подоцна.

Ќерката тврди дека таткото во последните денови од животот претрпел „страшни болки“, пред да доживее срцев удар на 28 август, пренесува Oddity Central.

Таа бара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според писмената согласност на пациентот, на мажот му биле извадени природните заби, по што на вилицата му биле дупнати 12 дупки за импланти.

Претставникот на клиниката, каде што била извршена процедурата, објаснува дека бројот на заби кои може да се вадат одеднаш го одредува лекарот, врз основа на општата состојба на пациентот.

Не постои специфична регулатива, а клиниката и лекарот мора да ја имаат предвид толеранцијата на болката на пациентот и ризикот од инфекција.

„Колку повеќе заби отстранувате, толку повеќе пациентот реагира на болка и поголема е веројатноста за постоперативна инфекција“, рече Ксијанг Гуолин, директор на Центарот за орална медицина во Вухан.

Истрагата е во тек, но претставник на Општинското биро за здравство изјави дека „докажувањето на вината може да биде тешко“, со оглед на тоа што смртта настапила 13 дена по постапката.

Ужас во Франција: Маж си ја убил сопругата и двете мали деца, на една и 5- годишна возраст

Во Морман, во Сена-ет-Марн, во областа Ил-д-Франс, е уапсен човек кој рекол дека штотуку го убил „своето семејство“.

Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност, кој одел на работа, видел маж вооружен со нож како напаѓа друг минувач на улицата, објави ТВ БФМ.

Пешакот е повреден во раката, а другиот во вратот, „и двајцата без значителни последици“, изјави обвинителот Жан Мишел Бурле.

Полицаецот успеал да го стави под контрола и да го уапси.

Потоа рече дека штотуку го убил „своето семејство“, сопругата и двете деца на една и петгодишна возраст.

Осомничениот нема криминално досие, туку „психијатриска историја“, додаде обвинителот.

Тој во моментов е хоспитализиран за да се утврди дали е способен да биде во притвор.Отворена е истрага за убиство со умисла, соопшти обвинителот.

Во Франција во просек се случува фемицид на секои три дена.

Во 2023 година, родителите убиле повеќе од 60 деца, според Voa d-lanfan, здружение кое брои убиства врз основа на случаи објавени во медиумите.

„Операција саксија“ е во тек во Амстердам, жителите во тешка меѓусебна кавга

Властите во холандската престолнина Амстердам ја почнаа „операција саксии“, бидејќи, како што истакнаа, прекумерното поставување саксии околу зградите го загрозува пристапот до објектите.

Жителите со вознемиреност реагираа на плановите на властите во Амстердам да ги отстранат, според нив, непромислено поставените саксии, објави Гардијан.

Во пристапот што локалните медиуми го нарекоа „операција саксии“, централниот кварт на холандската престолнина ги ограничува жителите да постават два саксии со дијаметар од 50 сантиметри, направени од „одржлив“ материјал и поставени на предниот ѕид на зградата.

Ќе се отстранат цели „градини“ со саксии на паркинзи и под дрвја, се вели во меморандумот на градските власти.

На состанокот на градскиот совет во вторникот, претседателката на Централниот извршен комитет на Амстердам, Амели Стренс, рече дека напуштените саксии со цвеќиња се непривлечни, лоши за биолошката разновидност и ги прават објектите помалку достапни за оние кои користат помагала за мобилност и инвалидски колички.

Некои жители на Амстердам се задоволни што градот реагира на загриженоста на луѓето за преполните тротоари, додека други посочуваат дека напуштените или паркирани велосипеди и тераси во баровите зафаќаат голем дел од јавните површини, како и отпадот, наведувајќи дека преголем број туристи го посетуваат градот.

притисни ентер