Ојарзабал херој на Шпанија, но издајник во родната Баскија!!

Стрелецот на решавачкиот гол за Шпанија во големото финале на ЕУРО 2024 против Англија вреден четврта круна, Микел Ојарзабал е херој на Шпанија, но во родниот град е „прецртан и наречен издајник“.

Неговата мајка не смее од срам и страв да излезе на улица, додека цела Шпанија слави.

По победничкиот гол во 86 минута во финалето, фудбалерот на Реал Сосиедат, Ојарзабал значи не станал херој на цела Шпанија, бидејќи беше омразен во родниот град, поточно во најголемиот дел од провинцијата од која потекнува!

Додека Шпанија во неделата се радуваши и славеше, жителите на покраината Баскија навиваа за Англичаните.

Тие всушност не сакаат Шпанија да победи во големото финале. Жителите на оваа провинција всушност со децении се борат за независност од Шпанија и сакаат своја земја, па добар дел од нив не навиваат за шпанската репрезентација, дури и кога во националниот тим играат голем број фудбалери од овие простори.

За херојот Микел Ојарзабал немаше милост во неговиот роден град. Ден по победата на Шпанија во финалето, навредлив транспарент се појави на фасадата на зграда во Етори, градот во Баскија каде живее мајката на Микел Ојарзабал.

. На него пишува „Забрането играње за Шпанија“, со истакнато баскиско знаме и пречкртано шпанско знаме. На транспарентот дури и имињата на репрезентативците Мерино и Ојарзабал се испишани со натписот предавници.

Кенеди помладиот го подржа Трамп и настапи заедно со него на митинг во Аризона

Роберт Ф. Кенеди помладиот му даде подршка на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп придружувајќи му се синоќа на митинг во Аризона, неколку часа откако ја суспендираше неговата претседателска кампања.

Кенеди изјави дека ќе се повлече од гласачкото ливче во 10 клучни сојузни држави.

Подршката за Трамп предизвика тензии во семејството на Кенеди, едно од најпознатите семејни лози во американската политика кое потекнува од Демократската партија.

Трамп изјави дека е „многу почестен“ што ја добил поддршката од независниот претседателски кандидат Кенеди помладиот, кој го нарече „големо засилување“. Американските медиуми јавуваат дека Трамп ја разгледува можноста да му даде кабинетско место на Кенеди во неговата администрација.

-Многу сум почестен од тоа, изјави Трамп во интервју за д-р Фил синоќа. „Го познавам долго време, бевме делумно пријатели, всушност, и мислам дека ќе биде големо засилување.“

Интервјуто доаѓа откако Кенеди на прес-конференција во петокот објави дека ја суспендира својата кампања во клучните држави и ги повика своите гласачи да го дадат својот глас за Трамп. Кенеди има мала подршка од пет до шест отсто во неколку клучни држави како Аризона и може да стане спојлер за претседателската кандидатка Камала Харис.

Во меѓувреме, пет членови од неговото семејство излегоа со изјава во која подршката за Трамп ја нарекоа „тажен крај на една тажна приказна“ и ја повторија нивната подршка за Харис и нејзиниот кандидат за потпретседател, Тим Валц.

-Одлуката на нашиот брат Боби денеска да го поддржи Трамп е предавство на вредностите што на нашиот татко и нашето семејство им се најблиски до срцето, стои во изјавата објавена на Х од неговата сестра Кери Кенеди.

-Ние веруваме во Харис и Валц. Сакаме Америка исполнета со надеж и обединета со заедничка визија за посветла иднина, иднина дефинирана од индивидуалната слобода, економските перспективи и национална гордост, изјавија од семејството.

Кенеди помладиот, кој е син на покојниот државен обвинител и сенатор Роберт Кенеди и внук на претседателот Џон Ф. Кенеди, и кој за време на Ковид пандемијата ширеше антиваксерски погледи и други теории на заговор, призна дека неговата одлука да го подржи Трамп предизвикала тензии со неговото најблиско семејство.

Мицкоски: Ги стабилизираме институциите од криминалот на минатата власт

Ги стабилизираме институциите од криминалот на минатата власт, за милион и сто илјади евра повеќе пари од патарините кои порано оделе во приватни џебови.

Денеска на покана на директорот на ЈП Државни патишта, заедно со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, сме тука да видиме една преубава презентација во делот на реализација на проектите кои што се дел од работата на ова јавно претпријатие.

Кога велам преубава, мислам на тоа за колку кратко време, би рекол помалку од 2 месеци како една работа која што изгледа безизлезна, катаклизмична, обременета со многу криминал, многу злоупотреба, со лоши решенија, може со посветеност, со работа, со тимска работа да практично изгледа убаво и да биде како што треба да наликува. И набрзо од денеска да имаме реализација на сите овие проекти, нешто кое што граѓаните го очекуваат од нас.

Можам врз основа на ова што го видов да кажа дека полека но сигурно ова јавно претпријатие се консолидира, се стабилизира. Но, истовремено полека но сигурно се ослободува од криминалот.

Изминатите денови посетив неколку државни институции, цело време зборуваме за стабилизација, после оној слободен пад кој што го имавме како држава. И можам да кажам дека полека, но сигурно состојбата се стабилизира и се ослободуваме од криминалот.

Македонија беше обременета од криминал, изминатите 7 години и тоа од епски размери.

Знаете вие како поединци се однесуваа, сите бевме сведоци на лошото функционирање на Владата на СДСМ и ДУИ.

И она кое што мене во овој момент може да ме направи задоволен е што ги стабилизираме состојбите, полека но сигурно.

Но, исто време повикувам до ЈО да си ја заврши својата работа во пријавите кои што досега се добиени и по пријавите кои што ќе следат, бидејќи сето ова кое што се случувало во институциите мора да биде причина да ЈО и другите истражни органи влезат и се позанимаваат, бидејќи сепак тоа се народни пари, ваши пари. И мора да се има одговор каде тие пари завршувале и како поедини политичари од голтари станувале милионери. Зошто се потпишувале вакви договори, што е причината да се потпишат вакви договори на вакви технички решенија кои што се катастрофални.

Мора да има одговорност и одговорност ќе има. Но, важно е и добрата вест од мојата денешна посета е дека директорот заедно со тимот, со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт многу посветено работат, жестоко работат и очекувам резултатите многу скоро од денеска да излезат, нешто што 7 години не беше возможно.

Самите резултати финансиски тоа го кажуваат, ако до пред 2 месеци состојбата била 10 спрема 1 во однос на долгови и финансиски средства расположливи на сметка, денеска е веќе ви рекол тука некаде избалансирана состојбата, значи десеткратно е подобрена состојбата.

А кога станува збор за она исплатата на патарините, самиот директор кажа дека овој јули ако се спореди со минатата година јули имаме за милион и 100 илјади евра повеќе, 66 милиони денари поголема наплата, ако вкупниот приход е 288 милиони, ние имаме за 66 милиони повеќе. Замислете тие каде завршувале до сега.

Ако УЈП имаат за 40 проценти поголема наплата во јули, ако Царина има за 20 проценти, ако овде имаме за 66 милиони повеќе, можете да замислете што се случувало, каква пљачка се случувала во Македонија.

И затоа го повикувам ЈО избран од мнозинството СДСМ-ДУИ веднаш да влезе во институциите и да се позанимава со ова. Има шанса да се позанимава со ова.

Еве од оваа прес конференција го повикувам Јавниот обвинител ќе повторам избран од мнозинството СДСМ-ДУИ да влезе во институциите и да се позанимава со криминалот кој што го правеле функционерите од СДСМ-ДУИ.

Само така ќе покаже дека навистина е неутрален и објективен. Во спротивно ќе мораме ние како Влада да го заштитиме интересот на граѓаните, ако не се постапува, ако не се работи ние мораме да го заштитиме тој интерес.

Така што уште еднаш честитам на овие 2 месеци консолидирање и посакувам уште многу успеси во периодот кој што следи, и заедно да се радуваме на завршени проекти и заедно да редиме успеси, затоа што граѓаните тоа го очекуваат од нас.“

Историска одлука: Зеленски ја забрани Руската православна црква

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го потпиша законот за забрана на активностите на верските организации поврзани со Руската Федерација во Украина, објавено е на веб-страницата на Врховната Рада (Собранието) на Украина.

Станува збор за предлог-закон со кој се забранува активност на Руската православна црква и верските организации поврзани со неа во Украина, пренесува Униан.

На 20 август, Парламентот на Украина, Врховната Рада, усвои закон со кој се забрануваат верски организации поврзани со Руската православна црква.

„Со оглед на тоа што Руската православна црква е идеолошко продолжение на режимот на државата агресор, соучесник во воените злосторства и злосторства против човештвото извршени во името на Руската Федерација и идеологијата на рускиот свет, активноста на руската православна Црквата во Украина е забранета“, се вели во текстот на законот.

Според текстот на законот, не се дозволени односи, врски, комуникации на верски организации, вклучително и верски заедници и други правни лица со странски верски организации, чии активности се забранети во Украина.

Законот предвидува формирање комисија која ќе ги истражува потенцијалните врски на верските организации со Москва и која по утврдувањето на фактите ќе има рок од 60 дена да ги прекине, пред случајот да заврши на суд.

Претставниците на Украинската православна црква претходно изјавија дека споменатиот закон ги крши меѓународно признатите норми во областа на заштитата на верските слободи.

Инаку, Украина денеска го слави Денот на независноста, како потсетување на 24 август 1991 година, денот кога беше донесен Законот за независност. На тој ден во 1991 година, Врховната Рада (Собранието) ја објави независноста на Украина.

Претходно, на 16 јули, Врховната Рада ја усвои Декларацијата за суверенитет, по примерот на идентичниот акт на Врховниот совет на Руската федерална единица.

Во него се истакнува правото на независност, самоопределување, како и супериорноста на украинските законски одредби во однос на другите, поточно советските.

Вообичаено се смета дека пресвртница на целиот процес беше обидот за државен удар во Москва во 19/21 август 1991 година, кога група тврдокорни претставници се обидоа да го соборат Михаил Горбачов, кој се сметаше за главен виновник за дестабилизацијата на советската држава, а исто така и за процесот на распаѓање што беше во тек, пред сè на балтичките републики, а потоа и на други места, во Кавказ, делумно дури и во Централна Азија, во Украина, и на крајот, со потезите на Елцин, во самата Москва.

Како дел од целиот процес, во Украина се одржа референдум на 1 декември 1991 година, а огромното мнозинство, дури 92 отсто од излезените се изјаснија за суверенитет, односно го одобрија Законот за независност од август 24, 1991 година.

Референдумското прашање гласеше „Дали го потврдувате Законот за декларација за независност на Украина?“.

Според тогаш објавените податоци, на референдумот излегле 31.891.742 регистрирани гласачи или околу 84 отсто, а за независност се изјасниле 28.804.071. што значи 92,3 од оние кои гласале.

Паралелно се одржаа и претседателските избори на кои победи Леонид Кравчук, претходно шеф на Врховната Рада.

Следниот ден, 2 декември, Борис Елцин, претседателот на Руската СФСР, ја призна Украина како независна, а Михаил Горбачов во телеграма за поддршка ја истакна надежта за „формирање на сојуз на независни држави“.

притисни ентер