Мицкоски: Ги стабилизираме институциите од криминалот на минатата власт

Ги стабилизираме институциите од криминалот на минатата власт, за милион и сто илјади евра повеќе пари од патарините кои порано оделе во приватни џебови.

Денеска на покана на директорот на ЈП Државни патишта, заедно со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, сме тука да видиме една преубава презентација во делот на реализација на проектите кои што се дел од работата на ова јавно претпријатие.

Кога велам преубава, мислам на тоа за колку кратко време, би рекол помалку од 2 месеци како една работа која што изгледа безизлезна, катаклизмична, обременета со многу криминал, многу злоупотреба, со лоши решенија, може со посветеност, со работа, со тимска работа да практично изгледа убаво и да биде како што треба да наликува. И набрзо од денеска да имаме реализација на сите овие проекти, нешто кое што граѓаните го очекуваат од нас.

Можам врз основа на ова што го видов да кажа дека полека но сигурно ова јавно претпријатие се консолидира, се стабилизира. Но, истовремено полека но сигурно се ослободува од криминалот.

Изминатите денови посетив неколку државни институции, цело време зборуваме за стабилизација, после оној слободен пад кој што го имавме како држава. И можам да кажам дека полека, но сигурно состојбата се стабилизира и се ослободуваме од криминалот.

Македонија беше обременета од криминал, изминатите 7 години и тоа од епски размери.

Знаете вие како поединци се однесуваа, сите бевме сведоци на лошото функционирање на Владата на СДСМ и ДУИ.

И она кое што мене во овој момент може да ме направи задоволен е што ги стабилизираме состојбите, полека но сигурно.

Но, исто време повикувам до ЈО да си ја заврши својата работа во пријавите кои што досега се добиени и по пријавите кои што ќе следат, бидејќи сето ова кое што се случувало во институциите мора да биде причина да ЈО и другите истражни органи влезат и се позанимаваат, бидејќи сепак тоа се народни пари, ваши пари. И мора да се има одговор каде тие пари завршувале и како поедини политичари од голтари станувале милионери. Зошто се потпишувале вакви договори, што е причината да се потпишат вакви договори на вакви технички решенија кои што се катастрофални.

Мора да има одговорност и одговорност ќе има. Но, важно е и добрата вест од мојата денешна посета е дека директорот заедно со тимот, со заменик претседателот на Владата и министер за транспорт многу посветено работат, жестоко работат и очекувам резултатите многу скоро од денеска да излезат, нешто што 7 години не беше возможно.

Самите резултати финансиски тоа го кажуваат, ако до пред 2 месеци состојбата била 10 спрема 1 во однос на долгови и финансиски средства расположливи на сметка, денеска е веќе ви рекол тука некаде избалансирана состојбата, значи десеткратно е подобрена состојбата.

А кога станува збор за она исплатата на патарините, самиот директор кажа дека овој јули ако се спореди со минатата година јули имаме за милион и 100 илјади евра повеќе, 66 милиони денари поголема наплата, ако вкупниот приход е 288 милиони, ние имаме за 66 милиони повеќе. Замислете тие каде завршувале до сега.

Ако УЈП имаат за 40 проценти поголема наплата во јули, ако Царина има за 20 проценти, ако овде имаме за 66 милиони повеќе, можете да замислете што се случувало, каква пљачка се случувала во Македонија.

И затоа го повикувам ЈО избран од мнозинството СДСМ-ДУИ веднаш да влезе во институциите и да се позанимава со ова. Има шанса да се позанимава со ова.

Еве од оваа прес конференција го повикувам Јавниот обвинител ќе повторам избран од мнозинството СДСМ-ДУИ да влезе во институциите и да се позанимава со криминалот кој што го правеле функционерите од СДСМ-ДУИ.

Само така ќе покаже дека навистина е неутрален и објективен. Во спротивно ќе мораме ние како Влада да го заштитиме интересот на граѓаните, ако не се постапува, ако не се работи ние мораме да го заштитиме тој интерес.

Така што уште еднаш честитам на овие 2 месеци консолидирање и посакувам уште многу успеси во периодот кој што следи, и заедно да се радуваме на завршени проекти и заедно да редиме успеси, затоа што граѓаните тоа го очекуваат од нас.“

Ужас во Швајцарија: Ја задавил сопругата и телото ѝ го сомлел во блендер, вели дека се бранел

Судот во Швајцарија оваа недела одби да го ослободи од притвор Томас (41), кој ја убил сопругата Кристина Јоксимовиќ (38), а потоа со миксер ѝ ги исецкал деловите од телото.

Федералниот суд во Лозана вчера ја отфрли неговата жалба, наведувајќи дека има „конкретни индиции за ментална болест“.

Во март, обвинетиот му признал на државниот обвинител дека ја убил сопругата и мајка на неговите две деца - наводно затоа што пред тоа го нападнала со нож. Тој претходно тврдеше дека Кристина ја нашол мртва и во паника ја распарчил. Но судско-медицинскиот извештај укажува дека не се работело за самоодбрана, пишува швајцарски Блик.

Експертите утврдиле дека Кристина, која своевремено влегла во финалето на изборот за Мис на Швајцарија, била задавена на 13 февруари. Според Sky News, остатоците од нејзиното тело биле пронајдени во куќа во Бининген, во близина на Базел.

Обдукцијата покажала дека по убиството жртвата била распарчена во пералната со пила, нож и ножици. Убиецот потоа исецкал некои делови од телото со блендер и потоа ги растворил во хемикалии.

Во наодите на истрагата се наведува дека Томас по убиството на сопругата покажал недостаток на емпатија и социопатско однесување и се обидел да го прикрие злосторството. Забележано е и дека пред убиството ја задавил сопругата, како што стои во пресудата. Инаку, Кристина ја освоила титулата Мис на северозападна Швајцарија и била финалистка на Мис на Швајцарија во 2008 година.

Во февруари, пријателите на двојката рекоа дека немало индикации за лош брак: „Тие изгледаа како совршено семејство“. Но, други рекле дека парот бил во криза со месеци. Наводно, пред убиството, полицијата интервенирала при расправија поради насилство.

Страшна несреќа во Мичиген среде бел ден- возачот заврши на покрив, возилото смачкано (ВИДЕО)

Несреќата се случила во градот Сагинау, во американската сојузна држава Мичиген, откако 28-годишен возач изгубил контрола и со камионетот удрил во куќа на раскрсница.

Возилото се запалило, но тоа не е најбизарниот детал. Неименуваниот возач, очигледно замаен, завршил на покрив од семејна куќа.

На социјалните мрежи кружи видео од инцидентот, а јасно е дека возачот лежи неподвижен на покривот. Недолго потоа се освестил, пренесува ABC 12 News.

На местото на настанот пристигнала и противпожарната единица која го изгаснала пожарот, а донесена е и скала за безбедно да го симне човекот од покривот.

Тој е пренесен во болница во критична, но стабилна состојба. Трите лица кои биле во куќата не се повредени.

Полицијата не соопштува детали, вклучително и како се случила несреќата, бидејќи истрагата е во тек.

На Шведска ќе ѝ требаат најмалку 25 години за го реши проблемот на малолетните криминални банди

Шведска, која до пред десетина години важеше за идилична скандинавска земја, сега е на врвот на листата на членки на ЕУ според стапката на криминал извршен со огнено оружје.

Меѓународните банди сега регрутираат деца, пишува Politico.

На Шведска ќе ѝ требаат најмалку десет години за да го реши проблемот со криминалот на малолетничките банди, изјави министерот за правда.

„Проблемите се секако многу сериозни и ќе биде потребно време за успешно да се смени тој тренд, не само што се однесува до децата“, рече Гунар Стромер, министер за правда.

Шведска е потресена од бран на насилство од банди во последниве години, со стапки на криминал со оружје меѓу највисоките во Европската унија. Според официјалните податоци, во 2022 година во Шведска биле убиени 62 лица, а во 2023 година бројот на жртви бил 54.

„За да се осигураме дека децата што растат во Шведска не запаѓаат во криминал, потребна е најмалку една деценија. Тоа е многу реален поглед на временската перспектива“, рече Стромер.

Криминалот на бандите и миграцијата станаа жешки прашања во Шведска, што ја доведе крајната десница до изборен успех. Најголем дел од злосторствата се извршени од меѓународно поврзани банди кои регрутираат деца во своите редови.

Минатиот септември, откако една 25-годишна жена беше убиена во напад на банди, премиерот Улф Кристерсон во ретко телевизиско обраќање вети дека ќе ги „лови бандите“. Претходно оваа година, шведскиот парламент ја овласти полицијата да воспостави таканаречени безбедносни зони, дозволувајќи им да пребарува одредени области без налог или само со причина.

Стромер рече дека владата исто така ги заострува казните за младите престапници.

„Постои постојан ризик од спирала на ново насилство што клокоти под површината“, предупреди тој.

притисни ентер