Огромна експлозија на танкер во Црвеното Море, се заканува еколошка катастрофа (ВИДЕО)

Танкерот „Сунион“, кој беше нападнат во средата во Црвеното Море, претрпел огромна експлозија, а потоа и пожар, објави Канцеларијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (УКМТО), пренесе Ројтерс.

Екипажот на танкерот бил евакуиран ден претходно, а претходните напади врз танкерот, исто како вчерашната огромна експлозија, им се припишуваат на јеменските исламистички милитанти, Хутите.

Сунион носел 150.000 тони сурова нафта. Доколку нафтата од танкерот што се уште плови заврши во Црвеното Море, тоа ќе биде еколошка катастрофа.

„Бродот припаѓа на компанија која има врски со израелскиот непријател и ја прекршила одлуката за забрана за влез во пристаништата на окупирана Палестина“, рече воениот портпарол на Хутите, Јахја Сари во говорот емитуван на јеменската телевизија.

Хутите, кои ги контролираат најнаселените региони во Јемен, во четвртокот признаа дека го нападнале танкерот со нафта „Сунион“ во Црвеното Море еден ден претходно. Исламистичката група, која е поддржана од Иран, со месеци напаѓа бродови, како што тврдат, во знак на солидарност со Палестинците во војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Танкерот „Сунион“ првпат беше погоден во средата со излив на оган од два мали брода што му се приближија на околу 143 километри западно од јеменското пристаниште Худајда, соопшти УКМТО.

Грчкиот министер за поморски работи го осуди нападот како флагрантно кршење на меѓународното право.

Хутите тврдат дека дејствуваат како поддршка на Палестинците во војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. Тие тврдеа, честопати лажно, дека таргетирале само бродови поврзани со Израел, САД или Британија.

Нив не ги одврати распоредувањето на западните воени бродови во Црвеното Море, ниту американските и британските воздушни напади на територијата што ја контролираат во северозападен Јемен. Израел, исто така, минатиот месец го бомбардираше пристаништето Худајда како одмазда за смртоносниот напад со беспилотни летала врз Тел Авив.

Танкер „Сунион“, долг 274 метри и широк 50 метри, носел сурова нафта од ирачкото пристаниште Басра кога бил нападнат, пренесе Индекс.

Ужас во Швајцарија: Ја задавил сопругата и телото ѝ го сомлел во блендер, вели дека се бранел

Судот во Швајцарија оваа недела одби да го ослободи од притвор Томас (41), кој ја убил сопругата Кристина Јоксимовиќ (38), а потоа со миксер ѝ ги исецкал деловите од телото.

Федералниот суд во Лозана вчера ја отфрли неговата жалба, наведувајќи дека има „конкретни индиции за ментална болест“.

Во март, обвинетиот му признал на државниот обвинител дека ја убил сопругата и мајка на неговите две деца - наводно затоа што пред тоа го нападнала со нож. Тој претходно тврдеше дека Кристина ја нашол мртва и во паника ја распарчил. Но судско-медицинскиот извештај укажува дека не се работело за самоодбрана, пишува швајцарски Блик.

Експертите утврдиле дека Кристина, која своевремено влегла во финалето на изборот за Мис на Швајцарија, била задавена на 13 февруари. Според Sky News, остатоците од нејзиното тело биле пронајдени во куќа во Бининген, во близина на Базел.

Обдукцијата покажала дека по убиството жртвата била распарчена во пералната со пила, нож и ножици. Убиецот потоа исецкал некои делови од телото со блендер и потоа ги растворил во хемикалии.

Во наодите на истрагата се наведува дека Томас по убиството на сопругата покажал недостаток на емпатија и социопатско однесување и се обидел да го прикрие злосторството. Забележано е и дека пред убиството ја задавил сопругата, како што стои во пресудата. Инаку, Кристина ја освоила титулата Мис на северозападна Швајцарија и била финалистка на Мис на Швајцарија во 2008 година.

Во февруари, пријателите на двојката рекоа дека немало индикации за лош брак: „Тие изгледаа како совршено семејство“. Но, други рекле дека парот бил во криза со месеци. Наводно, пред убиството, полицијата интервенирала при расправија поради насилство.

Страшна несреќа во Мичиген среде бел ден- возачот заврши на покрив, возилото смачкано (ВИДЕО)

Несреќата се случила во градот Сагинау, во американската сојузна држава Мичиген, откако 28-годишен возач изгубил контрола и со камионетот удрил во куќа на раскрсница.

Возилото се запалило, но тоа не е најбизарниот детал. Неименуваниот возач, очигледно замаен, завршил на покрив од семејна куќа.

На социјалните мрежи кружи видео од инцидентот, а јасно е дека возачот лежи неподвижен на покривот. Недолго потоа се освестил, пренесува ABC 12 News.

На местото на настанот пристигнала и противпожарната единица која го изгаснала пожарот, а донесена е и скала за безбедно да го симне човекот од покривот.

Тој е пренесен во болница во критична, но стабилна состојба. Трите лица кои биле во куќата не се повредени.

Полицијата не соопштува детали, вклучително и како се случила несреќата, бидејќи истрагата е во тек.

На Шведска ќе ѝ требаат најмалку 25 години за го реши проблемот на малолетните криминални банди

Шведска, која до пред десетина години важеше за идилична скандинавска земја, сега е на врвот на листата на членки на ЕУ според стапката на криминал извршен со огнено оружје.

Меѓународните банди сега регрутираат деца, пишува Politico.

На Шведска ќе ѝ требаат најмалку десет години за да го реши проблемот со криминалот на малолетничките банди, изјави министерот за правда.

„Проблемите се секако многу сериозни и ќе биде потребно време за успешно да се смени тој тренд, не само што се однесува до децата“, рече Гунар Стромер, министер за правда.

Шведска е потресена од бран на насилство од банди во последниве години, со стапки на криминал со оружје меѓу највисоките во Европската унија. Според официјалните податоци, во 2022 година во Шведска биле убиени 62 лица, а во 2023 година бројот на жртви бил 54.

„За да се осигураме дека децата што растат во Шведска не запаѓаат во криминал, потребна е најмалку една деценија. Тоа е многу реален поглед на временската перспектива“, рече Стромер.

Криминалот на бандите и миграцијата станаа жешки прашања во Шведска, што ја доведе крајната десница до изборен успех. Најголем дел од злосторствата се извршени од меѓународно поврзани банди кои регрутираат деца во своите редови.

Минатиот септември, откако една 25-годишна жена беше убиена во напад на банди, премиерот Улф Кристерсон во ретко телевизиско обраќање вети дека ќе ги „лови бандите“. Претходно оваа година, шведскиот парламент ја овласти полицијата да воспостави таканаречени безбедносни зони, дозволувајќи им да пребарува одредени области без налог или само со причина.

Стромер рече дека владата исто така ги заострува казните за младите престапници.

„Постои постојан ризик од спирала на ново насилство што клокоти под површината“, предупреди тој.

притисни ентер