ОЕЦД ги објави резултатите од тестирањето ПИСА

Секој четврти ученик во земјите членки на ОЕЦД не може да ги извршува наједноставните задачи во разбирањето на читањето, што значи дека веројатно ќе има проблеми да успее во се повеќе нестабилниот и дигитален свет. 

Ова е едно од наодите од последното Глобално истражување ПИСА на ОЕЦД, кое ги проценува квалитетот, правичноста и ефикасноста на училишните системи. Во студијата е опфатена и нашата земја, многу ниско на ранг листата, иако таа е меѓу земјите кои постигна најдобри резултати од студијата направена во 2018, а објавена денес во споредба со таа од 2015, јавува дописникот на МИА.

Околу 600 000 15-годишни деца во 79 земји и економии ги поминаја тестовите ПИСА 2018 во читање, наука и математика, повеќето од нив се компјутерски, додека во Македонија тие беа писмени тестови. Акцентот овој пат беше ставен на разбирањето на читањето.

Учениците од Македонија се на 67-то место на листата на ПИСА, од нашиот регион само учениците од Косово се подолу, додека сите други имаат подобри резултати.

Повеќето земји, особено развиените, бележат мало подобрување во текот на изминатата деценија, и покрај зголемувањето на трошоците за образование од 15% за истиот период. Во читањето, студентите во Пекинг, Шангај, Жиангсу и Бjеџијанг (Кина) и Сингапур постигнаа значително подобруи резултати од оние во другите земји. Водечките земји на ОЕЦД се Естонија, Канада, Финска и Ирска.

-Без здраво образование, младите луѓе ризикуваат да останат на маргините на општеството, не можат да се справат со предизвиците на утрепниот свет на трудот и нееднаквостите ќе продолжат да се шират", предупреди Генералниот секретар на ОЕЦД, Ангел Гурша, по повод презентацијата на извештајот во Париз, отворајќи ја дводневна конференција за иднината на образованието, додавајќи:

-Секој долар потрошен на образованието генерира значителни придобивки во однос на социјалниот и економскиот напредок и помага во градењето на инклузивна и просперитетна иднина за сите.

Постојат значителни разлики во тоа како перформансите на некои земји и економии се развија во периодот помеѓу 2015 година и 2018 година. На пример, просечните перформанси во математиката се подобриле во 13 земји и економии меѓу кои и во Република Македонија.

Просечно македонските ученици добиле 393 поени за разбирање на читањето – средната оценка на ОЦДЕ е 487, 394 за математика а средната оценка на ОЦДЕ е 489 и 413 за наука под средната оценка на ОЦДЕ од 489.

Споредба на перформансите на земјите и економиите во разбирањето на читањето осум земји се со просечни оценки под просекот на ОЕЦД (Саудиска Арабија, Аргентина, Јордан, Либан, Молдавија, Република Македонија, Романија и Украина) во 2018 година.

Постојат значителни разлики во начинот на кој се менуваат резултатите на некои земји и економии меѓу 2015 и 2018 година. Така, просечното разбирање во читањето е зголемено во 4 земји и економии меѓу кои и во Република Македонија, притоа нашата земја е меѓу земјите каде резултатот за читање односно разбирање на текст нагло и најмногу се зголеми за 41 поен, ) за споредба во Турција тоа е 37 поени, но исто и во Макао (Кина) и Сингапур (помеѓу 10 и 20 поени).

Во просек, во земјите на ОЕЦД, резултатот не се промени значително во математиката или науката помеѓу 2015 година и 2018 година. Во математиката, резултатот се намали во само 3 земји и економии (во Малта, Романија и Кинески Тајпеј), но се зголеми за повеќе од 10 поени во 11 земји и економии (во Албанија, Јордан, Латвија, Макао [Кина],Црна Гора, Македонија, Перу, Полска, Катар, Словачка Република и Турција). Тој особено се зголеми во Турција (33 поени), Албанија (24 поени) и Северна Македонија (23 поени).

Во науката, зголемувањето на просечните оценки е многу поретко. Помеѓу 2015 и 2018 година просечната оценка се зголеми за повеќе од 10 поени во само четири земји и економии: Турција (43 поени), Македонија (29 поени), Јордан (21 поен) и Макао (Кина) (15 поени).

Просечното знаење на учениците значително се зголеми во 2 од 3-теобласти во текот над проценките на ПИСА во 12 земји и економии: во читање и математика во Естонија, Израел, Црна Гора, Полска, Романија, во Руската Федерација и во Србија; по математика и наука во Грузија, Малезија, Република Македонија и во Турција; и во разбирањето на читањеи наука во Сингапур.

ПИСА ги идентификува и државите што постигнале значителен напредок во постигнувањето на целта на да се осигура дека сите деца имаат минимално ниво на владеење во читањето и математиката на крајот од првиот циклус на средното образование. Во разбирањето на читањето, процентот на учениците кои го надминале нивото на минимална компетентност се зголеми за повеќе од 10 процентни поени во Република Молдавија, Република Македонија, Перу и Катар; а во математиката, таа се зголеми во споредлива мера во Албанија, Малезија, Црна Гора, Перу и Катар.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер