На прес конференција во градот Самара, каде се наоѓа во инспекција за тоа како течат подготовките за првенството во 2018 година, Валке рече дека е „вистински нонсенс“ сега да се почне со кандидирањето за организацијата на Мундијалот за 11 години, кога се знае каква е климата во ФИФА.
Неговата изјава доаѓа по сомневањата во регуларноста на изборот на Русија и Катар за организиатори на светските првенства во 2018 и 2022 година.
Во декември 2010 година, 22 членови на Извршниот комитет на ФИФА гласаа овие две земји да бидат домаќини на наредните две Светски првенства, но швајцарските власти, минатиот месец, покренаа и формална истрага околу оваа одлука, откако поранешниот функционер на ФИФА, Американецот Чак Блејзер им признал на американските правосудни власти дека „прифатил да земе поткуп“ за да гласа за изборот на Јужна Африка, за домаќин на првенството во 2010 година.
Јужна Африка на неколкупати досега ги отфрлаше обвинувањата од САД за „подмитување„ на функционери на ФИФА, а во Самара за тоа зборуваше и Валке кого некои американски весници го посочија како „еден од осомничените во врвовите на ФИФА“.
Тој го бранеше решението на Јужна Африка и на нејзината фудбалска асоцијација, да префрлат 10 милиони долари во фондот за развој на фудбалот во Карибскиот регион.
Станува збор за легитимна постапка, предвидена со прописите на ФИФА. Освен тоа, тиа пари не се на Меѓунардната фудбалска федерација- рече Валке во Самара, инсистирајќи дека во неговото согласување со трансферот, нема ништо што е против законите.
- Нема никаква моја одговорност во тоа, а најмалку корупција, рече Џером Валке.
Според календарот на ФИФА, гласањето за домаќин на првенството во 2026 година, би требало да се одржи во мај 2017, во Куала Лумпур, во Малезија.
САД уште сега ја предводат групата на земји-кандидати, но се најавува кандидатурата и на Канада, Мексико и Колумбија.