Одбојкарска брачна двојка загинаа во земјотресот во Турција: Рајот да ви биде среќно место

Бројот на загинати во двата разорни земјотреси што вчера ги погодија јужна Турција и северозападна Сирија се искачи на повеќе од 6.300, а десетици илјади луѓе се повредени.

Земјотресите оставија илјадници луѓе без покрив над главата, додека цели станбени блокови беа срамнети со земја.

Огромната спасувачка операција се уште трае. Студеното време ги попречува спасувачите во потрагата по преживеани. Во текот на утрото Турција беше погодена од два нови силни земјотреси - првиот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, а вториот, кој се случи околу 08:50 часот, со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала. Досега во спасувачките операции се спасени голем број спортисти, а претходно денеска беше објавена и веста за Ахмет Ејуп Туркаслан, голманот на турскиот второлигаш Јени Малатијаспор, чие тело било пронајдено во урнатините.

За жал, пристигна уште една тажна вест. Турските медиуми објавија дека спасувачите пронашле тела на одбојкарски пар под урнатините по разорниот земјотрес. Станува збор за одбојкарката Бетул Чобан Чакир и нејзиниот сопруг Бедретин. Бетул имала 27 години и играла за турскиот прволигаш Меринос, а нејзиниот сопруг своевремено играл и за Халкбанка.

„Нашата болка е голема... Со длабока тага објавуваме дека Бетул Чобан Чакир, која порасна играјќи одбојка во нашиот клуб и со години го претставуваше нашиот клуб на најдобар начин, нѐ напушти. Го загубивме и нејзиниот сопруг Бедретин Чакир, исто така одбојкар.Им посакуваме Божја милост на нашата спортистка и нејзиниот сопруг, рајот сега нека ви биде среќно место...“, соопштија од турскиот клуб.

Учество на Муцунски на состанок на МНР на земјите од САД – Јадранската повелба (А5)

Министерот Муцунски ја истакна посветеноста за натамошно одржување на релевантноста на САД–Јадранската повелба.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од САД – Јадранската повелба (А5), кој се одржа на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк, во рамките на претседавањето на Република Албанија со А5 оваа година.

Во рамките на состанокот, министрите дискутираа за начините за натамошно унапредување на соработката во рамките на Повелбата, во контекст на современите безбедносни предизвици. Заеднички беше оценето дека А5, како посебна платформа за соработка, има постигнато значајни резултати во изминатите две децении, и беше искажана подготвеност за натамошно зајакнување на соработката со цел одржување на стабилноста и просперитетот на регионот.

Министерот Муцунски ја истакна посветеноста за натамошно одржување на релевантноста на САД–Јадранската повелба. Нагласи дека фокусот на соработката во претстојниот период треба да биде ставен на интензивирање на соработката во справување со новите безбедносни предизвици со кои се соочува регионот, особено хибридните закани, сајбер нападите и природните непогоди, со цел зајакнување на отпорноста на државите.

Во експлозија во судница во Калифорнија две лица се повредени, осомничениот е во притвор

Најмалку две лица се повредени во експлозија што се случи денеска во судницата на југот на американската сојузна држава Калифорнија, соопштија властите.

Едно лице е приведено по експлозијата што била пријавена во судот во Санта Марија во округот Санта Барбара, соопшти канцеларијата на шерифот.

„Имаме извештаи за двајца повредени. Едно лице е веднаш приведено. Местото и понатаму е активно. Ве молиме продолжете да ја избегнувате областа“, соопштија од Канцеларијата на шерифот на округот Санта Барбара на платформата X (Твитер). /МИА

Повеќе од 30 затвореници по грешка ослободени од затвор во Велика Британија

Повеќе од 30 затвореници по грешка се ослободени од затвор во Велика Британија како дел од владиниот план за растеретување на затворите.

Извор од Министерството за правда изјави дека на 10 септември по грешка биле пуштени 37 лица, бидејќи нивните прекршоци биле погрешно евидентирани, јави Скај њуз.

Петмина затвореници се уште не се вратени во затвор, но повеќето се вратени во притвор.

Околу 1.700 затвореници беа ослободени од затворите низ Англија и Велс на 10 септември во обид да се олесни пренатрупаноста на затворите, а речиси исто толку ќе бидат ослободени во октомври. /МИА

притисни ентер