Одбележани 76 години од стрелањето на ваташките младинци

Седумдесет и шест години од стрелањето на ваташките младинци беа одбележани денеска во месноста Моклиште, Кавадаречко.

– Во долгата и тешка историја на македонскиот народ, многу настани останаа длабоко врежани во свеста и паметењето на луѓето и долга низа години ќе се пренесуваат од генерација на генерација. Настан кој никогаш не може да биде избришан од меморијата на народот од овој крај, е и масакрот на 12 младинци од селото Ваташа, рече Марија Михова, кустос историчар при Музеј галерија Кавадарци.

Таа потсети дека Ваташа во текот на својата бурна историја даде плејада на револуционери и борци за слобода во времето на Народноослободителната војна и Револуцијата, од 1941 до 1945 година.

Светската награда на УНЕСКО за слобода на медиумите за палестинските новинари

Организацијата на Обединетите нации за образование, култура и наука (УНЕСКО) денеска ја додели својата Светска награда за слобода на медиумите на сите палестински новинари кои известуваат за војната во Појасот Газа .

Организацијата на Обединетите нации за образование, култура и наука (УНЕСКО) денеска ја додели својата Светска награда за слобода на медиумите на сите палестински новинари кои известуваат за војната во Појасот Газа од почетокот на конфликтот меѓу израелските сили и палестинското движење Хамас на 7 октомври.

„Во овие времиња на темнина и безредие, сакаме да испратиме силна порака за солидарност и признание до палестинските новинари кои ја следат оваа криза во драматични околности“, рече Маурицио Вајбел, претседател на Меѓународното жири на медиумски професионалци.

Според него, човештвото им должи огромен долг на палестинските новинари за нивната храброст и посветеност на слободата на изразување.

Генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле, ја истакна „важноста на колективната мобилизација за новинарите, насекаде во светот, да можат да продолжат да ја вршат својата суштинска работа за информирање и истражување“.

Според Комитетот за заштита на новинарите (CPJ), организација со седиште во Њујорк, 97 новинари и медиумски работници, од кои 92 Палестинци, се убиени, а 16 се повредени од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври.

Турција ги прекина трговските односи со Израел

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, бидејќи веќе го ограничија извозот во таа земја во април, соопшти турското Министерство за трговија.

„Извозот и увозот со Израел се прекинати“, се вели во соопштението на Министерството.

Се додава дека Турција ќе ги применува овие нови мерки „додека израелската влада не одобри непречен проток на хуманитарна помош во Појасот Газа“.

Бајден: Полицајците го претставуваат најдоброто во нас

Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа во Северна Каролина се сретна со семејствата на четирите полицајци кои беа убиени за време на службена акција. 

Средбата доаѓа само една недела по сличната посета на најблиски на двајца убиени полицајци во северниот дел на сојузна држава Њујорк.

Патувањето беше со цел да ја оствари оваа посета, но во приватна атмосфера, без многу камери и зад затворени врати.

-Целата нација жали со овие семејства, изјави тој по следното застанување на кампањската турнеја во Вилмингтон, Северна Каролина, каде објави нови мерки за отстранување на оловните цевки од водоводниот систем на САД.

Toj потоа се обрати во Воздухопловната национална база на Северна Каролина каде локалните служби за безбедност можеа да дојдат без многу патување и во време кога сеуште се опоравуваат од смртта на нивните колеги, но кои помогнаа во обезбедувањето на претседателот.

-Мажи и жени од службите за безбедност, вие го претставувате најдоброто во нас, изјави Бајден од подиум во базата.

Тој уште еднаш повика на порестриктивни мерки за поседување оружје и повеќе пари за полицијата која е во првите борбени редови.

Минатата недела во Северна Каролина беа убиени четири полицајци откако лице кое требаше да го уапсат поради поседување оружје како поранешен осуденик отвори оган во нив од полуавтоматска пушка АР-15.

За време на акцијата уште четири службени лица беа повредени. Осомничениот беше убиен.

притисни ентер