Одбележан летниот празник на Свети Наум Охридски Чудотворец на Попова Шапка

Летниот празник на Свети Наум Охридски Чудотворец што е истовремено и патронен празник на истоимената манастирска црква на Попова Шапка денеска беше одбележан со света арихерејска и божествена литургија со која чининачалствуваше епископот охридски и македонски г.г.Стефан заедно со тетовско гостиварскиот митрополит Господин Јосиф и митрополитот на кумановско осоговската епархија господин Јосиф во сослужение на повеќе свештеници на МПЦ- Охридска Архиепископија.

- На овогодишното чествување на споменот на Свети Наум во ова поново светилиште на Попова Шапка имаме можност да размислуваме за вистинските вредности, за она што трае со векови и веруваме дека ќе продолжи вечно да трае. И токму тие вредности што го красат богоугодното дело на Свети Наум придонело и придонесува неговиот култ да биде присутен не само меѓу нашиот народ, туку и подалеку на целиот Балкан, во Мишколц во Унгарија, во Влашко во Романија, па и на југ до Атина. Во Мишколц што се наоѓа во североисточна Унгарија е подигнат најголемиот храм посветен на Свети Наум, а го изградиле православни семејства на почетокот на 19 век кои под притисок на Османлиите ја напуштиле Македонија и се удомиле таму и подигнале светилиште што опстојува повеќе од два века, а сега е под јурисдикција на Руската православна црква во оваа земја. И во Атина има култ што го почитуваат нашиот светител и тоа сум го забележал во една продавница за црковни предмети каде стоеше запалено кандило пред неговата икона во природна големина со неговиот манастир и дел од Охридското езеро во позадина. А дека и во поново време се чествува и се зголемува почитувањето нашиот светец покажува овој храм на Попова Шапка, како и оној во скопско Радишани, новиот параклис во Лесновскиот манастир, новиот храм посветен на Свети Наум во Делчево, како и новите храмови во Хамилтон во Канада, Аделаида во Австралија,Малме во Шведска, Виена, Австрија и други места по Европа и светот каде што живеат иселени Македонци, рече меѓу другото во својата беседа епископот охридски и македонски г.г. Стефан.

На летното чествување на Свети Наум на Попова Шапка присуствуваа повеќе жители на Тетово и Тетовско, како и од други градови во Македонија./МИА.

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за повреда на избирачко право

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Република Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото п.

Во канцеларијата на Народниот правобранител, утре од 7 до 19 часот, на денот на одржување на вториот круг за избор на претседател на Република Македонија и на парламентарните избори, граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321.

Како што информираат денеска од канцеларијата на Народниот правобранител, освен на бесплатната телефонска линијата, граѓаните ќе можат да пријават повреди на избирачкото право и лично во главната канцеларија во Скопје, што се наоѓа на улицата „Македонија“ бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен куќата на Мајка Тереза).

-Исто така, утре на денот на изборите дежурства ќе има и во подрачните канцеларии во Струмица на тел.бр.(034)329-996, Кичево на тел. бр (045).228-586, Тетово на тел. бр.(044) 344-082, Битола на тел. бр.(047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488, се вели во денешното соопштение од Народниот правобранител.

Народниот правобранител, нагласуваат оттаму, со цел заштита на избирачкото право на граѓаните ќе презема итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.

Јулија Навална: На Путин мора да му дојде крајот

Јулија Навална, вдовицата на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални, по повод инаугурацијата на Владимир Путин за претседател на Русија, денеска изјави дека неговиот режим се заснова на лаги и корупција и дека мора да дојде до крај, јави Бета.

-За мене лично, последните шест години од владеењето на Путин беа годините во кои мојот сопруг, Алексеј Навални, вистински руски патриот, беше прогонуван, отруен со хемиско оружје, суден, мачен во затвор три години, а потоа убиен, рече Навална и притоа за сето тоа го обвини рускиот претседател.

Во видео порака објавена на Јутјуб таа кажа дека со секој нов мандат на Путин целата ситуација во земјата се влошува и додаде дека е страшно да се замисли што друго ќе се случи доколку тој остане на власт.

-Секојдневно ни се крадат огромни суми пари за да се бомбардираат мирните градови, им порача Јулија на граѓаните на Русија и истакна дека Путин се плаши да ги открие вистинските бројки за жртвите на „крвавата и бесмислена војна што никој не ја сака, туку само тој“.

Таа додаде дека Русија со Путин „нема да има ниту мир, ниту развој, ниту слобода“, а тој не го исполнил ветувањето дадено за време на последниот инаугуративен говор кога кажа дека сака мирна Русија, безбедна за нејзините граѓани.

-Пред два месеци Русија доживеа масовна трагедија, еден од најголемите и најстрашни терористички напади во поновата историја. Руските безбедносни сили не успеаја да го спречат и дозволија смрт на десетици наши сограѓани. А сепак, секој ден мирно апсат поединци за новинарство, ставови, па дури и објава на социјалните мрежи, рече Навална.

Таа додаде дека мора да се обезбеди никој во светот да нема доверба во Путин, ниту во Русија, ниту надвор од нејзините граници.

-Нашата земја моментално ја води лажго, крадец и убиец, но на тоа ќе му дојде крајот. Не се откажувајте, вистината ќе победи, заклучила Јулија Навална во видео пораката на ЈуТјуб по повод новата, петта инаугурација на Владимир Путин како претседател на Русија.

Владимир Кара-Мурза доби Пулицерова награда за неговите колумни од затвор

Затворениот руски дисидент и новинар, Владимир Кара-Мурза, ја доби Пулицеровата награда за 2024 година за коментарите и за своите написи објавени во Вашингтон пост.

Кара-Мурза „победи за страсните колумни напишани со голем личен ризик од неговата затворска ќелија, предупредувајќи за последиците од несогласувањето во Русија кон Владимир Путин и инсистирајќи на демократската иднина на неговата земја“, се наведува во соопштението на Пулицеровата комисија.

Кара-Мурза моментално отслужува 25-годишна затворска казна, најдолга затворска казна изречена на противник на Кремљ во постсоветска Русија, за дискредитација на руската војска и предавство, по забелешките што ги даде во говорите надвор од Русија, критикувајќи ја политиката на Москва, јавува Радио Слободна Европа.

притисни ентер