Одбележан 20 Септември - Денот на Општина Ѓорче Петров

Со положување свежо цвеќе на споменикот на Ѓорче Петров во реонскиот парк и со свечена седница на Советот, општината го одбележа празникот на општината – 20 септември.

Бројни делегации положија цвеќе на споменикот на великанот Ѓорче Петров, а се одржа и свечена седница на Советот на која беа доделени годишната награда, признанија и благодарници за особен придонес. Добитник на Годишната награда на Општината е фудбалската репрезентативка Афродита Салихи.

Градоначалникот Стојкоски во своето обраќање истакна дека останува доследен на заложбата да го направиме Ѓорче Петров модерно и урбано јадро за живеење.

"Во периодот зад нас, успеавме да сработиме проекти со кои затворивме горливи проблеми. Како градоначалник на општината Ѓорче Петров не можам да го сокријам своето задоволство од постигнатото: Работиме на нова детска градинка во Стопански Двор, која се очекува да биде завршена во следните две години, и на уште една локација, односно во Дексион. Завршена е доградбата на ООУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ во Хром со нови училници, а централното училиште речиси целосно го реконструиравме. ООУ „Тихомир Милошевски“ доби 6 нови училници и тоалети. Интервениравме во сите училишта, како и во училишните спортски сали, а следуваат уште инфраструктурни проекти кои значително ќе ги подобрат условите за настава. Проектот „Првиот центар за ресоцијализација на деца кои го победиле карциномот“ се реализира во Кучково.

Една од најзначајните инвестиции е изградбата на станицата за третман на отпадни води и фекален колектор во село Орман. Реконструиравме над стотина улици, поставивме нова фекална и атмосферска мрежа, ја отворивме новата општинска зграда, ја доградивме градинката „Детелинка“, Кучково доби нов систем за водоснабдување, а на ова место целосно партерно го уредивме и локалитетот „Крст“. Депонијата во Ново Село сега е мега-парк „Даме Груев“ со површина од 31.000 м².

Најавуваме изградба и реконструкција на сервисни и станбени улици, водоводни мрежи во руралните области, фекална канализација и нова пречистителна станица преку планот за развојни програми за 2024-2026 година, со вкупен буџет од 90 милиони денари" истакна градоначалникот Александар Стојкоски, на свечената седница по повод 20 септември.

Градоначалникот го најави и почетокот на изградбата на училишната спортска сала во ООУ „Димитар Беровски“, кој е долгогодишен проблем за реализирање на физичкото образование.

Претседателката Ленче Нелоска, која ја отвори Свечената седница на советот на општината Ѓорче Петров, се осврна на големиот број капитални проекти кои значајно ја подобрија инфраструктурата. Се заблагодари на членовите на советот за сите разумни одлуки и проектите кои беа на дневен ред на седниците.

Недела (22 септември) е затворањето на Деновите на општината Ѓорче Петров со голем семеен концерт под мотото „Музика и забава за сите“, каде ги покануваме сите граѓани пред платото кај Корзото со почеток од 11 часот, а ќе траат се до доцните вечерни часови.

Општина Ѓорче Петров

Фон дер Лајен: ЕУ е тука да му помогне на украинскиот народ во справувањето со предизвиците

Таа потсети дека ЕУ вчера заедно со Меѓународната агенција за енергија, промовираше „Зимски план за Украина“.

Денеска сум овде за да му пренесам на народот на Украина дека Европската Унија е тука да му помогне во овие предизвикувачки времиња во пресрет на зимата, за да може да запали светло и да се згрее и да ја одржи својата економија, додека во исто време се бори за својот опстанок, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен од Киев.

- Зимата се приближува, а Русија продолжува да ја таргетира вашата цивилна енергетска инфраструктура на бесрамен и злобен начин за да се обиде да ја втурне вашата земја во темнина. И можев да видам утрово, кога посетив една од вашите непобедливи позиции, колку Украинците се решени да се погрижат тоа да не се случи, изјави Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Таа потсети дека ЕУ вчера заедно со Меѓународната агенција за енергија, промовираше „Зимски план за Украина, со кој меѓу останатото се предвидува поправка на енергетската инфраструктура оштетена при руските напади, поврзување на земјата со европската електрична мрежа и обезбедување услови за постојан проток на струја низ државата.

Фон дер Лајен нагласи дека за реализација на овие приоритетите за поддршка на украинската енергетската инфраструктура се обезбедени финансиска поддршка и донации во натура од земјите членки на Унијата во вредност од две милијарди евра.

- И ќе има уште. Вчера го објавив пакетот за поддршка од 160 милиони евра, за поправки и обезбедување итна зимска опрема. Дел од овие пари доаѓаат од приходите на руските замрзнати средства во Европската Унија. И токму тоа треба да го направиме со нив, треба да ја натераме Русија да плати за штетите што го предизвика, порача претседателката на ЕК.

Таа додаде и дека за задоволување на огромните финансиски потреби на Украина предизвикани од војната, ЕУ од самиот почеток на руската инвазија на земјата и додели помош од над 118 милијарди евра.

- Но, немилосрдните напади на Русија значат дека е неопходна дополнителна поддршка. Затоа, со задоволство можам да објавам дека денеска Комисијата усвои предлози кои ќе и овозможат на ЕУ да позајми 35 милијарди евра. Ова е огромен чекор напред. Сега сме уверени дека можеме многу брзо да и го испорачаме овој заем на Украина, поддржан од неочекуваните приходи од замрзнатите руски средства, рече Фон дер Лајен.

Таа говореше и за потребите на украинската армија и одбранбена индустрија, потсетувајќи дека ЕУ веќе започна со префрлање на средства од приходите од замрзнатите руски средства во Унијата за потребите на вооружените сили на Украина, при што веќе се префрлани првите 1,4 милијарди евра за нарачки за оружје и опрема преку Европскиот мировен фонд.

- Ова ја прави Европа број еден јавен инвеститор во вашиот одбранбен сектор, додаде претседателката на ЕК.

Фон дер Лајен се осврна и на европската перспектива на Украина, нагласувајќи дека членството на земјата во ЕУ ќе биде еден од приоритетите на новата Европска комисија во следните пет години.

- На крајот на јуни, пред помалку од три месеци, Украина направи огромен чекор напред со првата Меѓувладина конференција. Ова беше доказ за големите чекори што Украина ги направи во однос на нејзините реформи поврзани со ЕУ, додека се бори против руската агресија, рече Фон дер Лајен.

Според неа, следна цел во тој правец е во договор со земјите членки, ЕК што поскоро да ги започне преговорите за членство со Украина по кластерот „Основани вредности“.

- Додека, за жал, се приближуваме до 1.000 дена од руската агресија, ние стравуваме за опстојувањето на храброста на Украина. Можеме само да се обидеме да ја поттикнеме со нашето трајно пријателство и солидарност, како и со изгледите за мирна иднина на Украина во Европската унија. Слава Украини, додаде Фон дер Лајен.

Зеленски од своја страна се заблагодари се сета досегашна поддршка од ЕУ за Украина, додавајќи дека таа е особено важна за одржување на енергетската инфраструктура која е изложена на секојдневни руски напади и бомбардирања.

- За нас Украинците поддршката за Украина е прашање на принцип што треба да обезбеди сигурност и долгорочен мир. Колку поддршката е поголема, толку побрзо ќе биде возобновена безбедноста во Украина, рече Зеленски.

Тој нагласи дека за Украина од клучна важност е да се спречат блокадите при обезбедувањето поддршка за украинските одбранбени сили преку Европскиот мировен фонд и преку Украинскиот механизам, бидејќи тие блокади влијаат врз способноста на земјата да се одбрани себе си и својот народ и врз нејзините позиции на линијата на фронтот.

Според него, одлуката на ЕУ за користење на средствата од приходите од замрзнатите руски средства е праведна и со тоа ќе се помогне во стопирањето на агресијата од страна на Русија.

Фон дер Лајен утрово допатува во посета на Киев. Пред билатералната средба со Зеленски, таа ја посети украинската Државна служба за вонредни состојби и им оддаде почит на жртвите на руската агресија. /МИА

СДСМ: СДСМ намалуваше цени на 500 производи, Мицкоски замрзна маржа на 73, дебакл на Владата

Мерките на владата на Мицкоски освен што се задоцнети, тие нема да имаат ефект врз цените и стандардот на граѓаните.

За жал, по најавената мерка на Владата дека се замрзнуваат маржите на само 73 производи, граѓаните не треба да очекуваат некаков ефект.

Оваа мерка е калкулантска политика на Владата колку да замачкаат очи дека нешто направиле под притисок на јавноста. Сега е повеќе од јасно зошто со недели Мицкоски чекаше со намалување на цените на производите. Целта била да се најде решение колку да го има и тоа е во интерес на трговците, а не во интерес на граѓаните ниту нешто посебно ќе им помогне.

За потсетување, Владата на СДСМ минатиот септември 2023 година донесе мерки за намалување на над 500 производи во 25 различни категории и реализираше антикризен пакет за помош на граѓаните вреден 662 милиони евра. Ова е реална помош.

Во соседна Србија поевтинија 700 производи, слично е во Црна Гора. Ова што го донесе како мерка Владата на Мицкоски граѓаните нема ни да го осетат и тоа е доказ дека тој нема никаков интерес да се грижи за стандардот на граѓаните.

За прв пат денес стигна и информацијата дека просечната плата за јули бележи пад од речиси 1000 денари по пет години постојан раст. Се намалуваат платите, цените остануваат високи. Граѓаните заслужуваат фер третман и вистинска грижа.

Центар за комуникации на СДСМ

Денот започнува со кафе мока, а продолжува со Opel Mokka!

Овој викенд Opel Mokka на “Skopje Coffee Festival” во City Mall, но и со одлична понуда за наредниот период! 

• Opel Mokka - освежување, исто како првото утринско кафе.

• Петок (20.09) / сабота (21.09) - дружење во Скопје Сити Мол.

• Нова понуда - сега е вистински момент за нова Opel Mokka.

• Опел - дел од културно-забавниот живот во Македонија.

Скопје. Coffee Festival во Сити Мол. Opel Моkka ќе го „освежи“ скопскиот фестивал на кафето. На 20.09 (петок) и 21.09 (сабота), се дружиме и освежуваме со вкусот и мирисот на најразлично кафе и со погледот кон Opel Mokka. Името „Мокка“ за автомобил, е необично. Осмели се да бидеш поинаков/ва. Помалку нормално, повеќе Mokka.

Модерен и повеќе од смел... Стилски израз на чист прогресивен дизајн. Нова филозофија на германскиот инжинеринг и јасна визија за фасцинантната иднина на Opel. Во внатрешноста ќе откриете хармонија на пропорции, светлина, простор и технологија кои овозможуваат вистинско возбудливо возење. А, динамичните мотори, го прават овој модел агилен во секој поглед...

Со појавувањето на Оpel Mokka на овој фестивал, тимот на блицот во Македонија ја најави и својата најнова понуда. Mokka со “Elegance” ниво на опременост и 1.2 Turbo 100sk MT6, која е достапна за 245 Евра месечно.

Моделот кој се понудува, не е нималку наивно опремен, поседува ѝ: Intelli-LED предни светла; rearview camera пакет (ултрасонични сензори за помош при паркирање, назад; панорамска камера за паркирање 180°); електронска паркинг сопирачка; алуминиумски фелни 17”, Black Diamond. Понудата е креирана во соработка со Шпаркасе Лизинг, отплатата е на 84 месечни рати. Последната рата изнесува 20% од вредноста на возилото, а секако за сите детали можете да се обратите до овластената дилерска мрежа на Опел, до увозникот „Еуроимпекс“ или да ја посетите opel.mk.

Опел Македонија е дел од културно-забавниот живот во Македонија. Ги покануваме сите заинтересирани за уникатно искуство и кафе-дружба да нè посетат на "rooftop" во Skopje City Mall или во салоните на Opel.

притисни ентер