Од понеделник учениците на еднонеделен пролетен распуст

За учениците од основните и средните училишта денеска е последен учебен ден по што ќе следува пролетниот распуст кој за прв пат се воведува годинава. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија

Украина ги уништи сите 37 беспилотни летала лансирани синоќа од Русија против цели на многу места во земјата, соопшти украинското воздухопловство.

Во соопштението се наведува дека уништените беспилотни летала „Шахед“ биле насочени кон главниот град Киев и украинските градови Одеса, Миколаив, Суми и Виница, како и цели во регионите Житомир, Черкаси и Херсон./МИА

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

 Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и  Ѓорче Петров.

Како што соопшти РЦУК - Скопје, без струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците на дел од село Долно Лисиче, реонот околу чаталот, ул.10 во општина Аеродром, од 10:30 до 14:30 часот дел од улица 16, на патот кон Визбеговово општина Карпош, а од 13:00 до 14:30 часот објектите на градинката Росица, на ул.„Мечкин Камен“, бр.45А. во општина Ѓорче Петров.

Израелската војска соопшти дека пронашла тело на уште еден заложник во Појасот Газа

Бинјамин бил пронајден заедно со тројцата убиени заложници во Појасот Газа, чии тела, како што соопшти израелската војска, се вратени во Израел.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили кои дејствуваат во Појасот Газа го пронашле телото на Рон Бинјамин, кој беше меѓу 252 лица заробени од палестински вооружени лица во нападот предводен од Хамас на израелска територија на 7 октомври минатата година, што ја предизвика војната.

Главниот воен портпарол на Израел, контраадмирал Даниел Хагари, изјави дека Бинјамин бил пронајден заедно со тројцата убиени заложници во Појасот Газа, чии тела, како што соопшти израелската војска, се вратени во Израел.

Повикувајќи се на разузнавачки информации, војската соопшти дека сите биле убиени на 7 октомври.

Тројцата заложници, како што изјави Хагари се Шани Лук, Амит Бускила и Јицак Гелерентер. Тој рече дека тројцата биле на музичкиот фестивал Нова и биле убиени од борците на Хамас додека се обидувале да побегнат. Нивните тела потоа биле однесени во Појасот Газа. /МИА

притисни ентер