Од Цитроен први реагираа на купувањето на Твитер од Илон Маск и му испратија остра порака

Првиот ден, Илон Маск се справи со менаџментот на компанијата и вети полесна комуникација.

Производителите на автомобили не се премногу задоволни.

Голем број на производители на автомобили се многу активни на Твитер. Сега, сепак, работите се сменија, бидејќи нивниот еден вид ривал стана сопственик на мрежата.

Citroën беше меѓу првите кои реагираа, со многу јасна најава. „Поздрав до платформата за социјални медиумот во сопственост на еден од нашите конкуренти. Францускиот производител иако не е присутен на американскиот пазар, каде што оваа мрежа има најголемо влијание, но како дел од Stellantis е во големата динамика на електрификација која ја опфати целата гама.

Приказната започна со малиот модел на четири тркала Ами, а во меѓувреме доби голем број атрактивни модели. На крајот на краиштата, планот на Stellantis е да понуди исклучиво електрични возила од 2030 година.“

Засега не е познато како деловниот потег на Маск ќе се одрази на присуството на автомобилски брендови на социјалната мрежа. Сепак, судејќи по првите реакции, не изгледа добро. Така, General Motors објави дека ги стопира сите платени рекламни кампањи на платформата. Од друга страна, Fisker го затвори профилот уште пролетва при првите најави, додека Ford одлучи да ја користи платформата само за комуникација со клиентите.

Да потсетиме, General Motors планира да ја преземе титулата најпродавана електрична марка од Tesla во Америка до 2025 година. Тешка задача, имајќи предвид дека минатата година продале само 25.000 електрични автомобили во споредба со над 350.000 на Tesla.

Volkswagen и останатите гиганти се уште не се изразиле. Засега повеќе се занимаваат со славење на Ноќта на вештерките.

Кремљ ги дефинираше како неосновани обвинувањата на САД дека користеле хемиско оружје

 Кремљ ги оквалификува како неосновани американските обвинувања дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва останува обврзана со договорот за забрана на употреба на хемиско оружје.

Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршува Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје.

„Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт департментот. /МИА

Палестинските безбедносни сили убиле милитант на Западниот брег

Палестинските безбедносни сили денеска на Западниот Брег убиле припадник на локална вооружена група поврзана со милитантниот Исламски џихад, откако биле под нивен оган, јавуваат британските медиуми, додавајќи дека тоа е редок судир меѓу Палестинците.

Талак Двејкат, портпарол на безбедносните служби на палестинските власти, изјави дека органите на редот биле испратени во ноќна патрола во Тулкарм и биле под оган и возвратиле и го застрелале напаѓачот, кој починал од раните во болница.

Локалната вооружена група бригади Тулкарм и Нур-Шамс објави дека загинатиот човек Ахмед Абу ал Фул е нивни член. Групата ја потврди својата поврзаност со милитантите на Исламскиот џихад. Бригадите Тулкарм и Нур Шамс го опишаа нападот на палестинските безбедносни сили врз нивниот член како „атентат“ во израелски стил. Според вооружената група, Ал-Фул бил нападнат „без причина“.

Палестинската управа, предводена од претседателот Махмуд Абас, има ограничена самоуправа на Западниот Брег и понекогаш ја координира безбедноста со Израел. Хамас, сојузник на Исламскиот џихад, ги осуди „нападите на силите на палестинската управа против нашиот народ и борците на отпорот“. /МИА

Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер

Бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче.

Почитувани,

Ова писмо е доказ за злоупотреба на позицијата вицепремиер и државните ресурси во политичка кампања од страна на СДС. Имено Фатмир Битиќи, коносител во ИЕ 2 на 29 април 2024 година испраќа писмо злоупотребувајќи ја својата позиција како вицепремиер, и неговата обврска да работи за компаниите и бизнис секторот.

Битиќи упатува апел и директно вели, цитирам: Го барам вашиот глас, а притоа потенцира дека го водел секторот, кој помогнал со финансиска поддршка од над 100 милиони евра.

Потенцира дека за да продолжат овие позитивни политики за поддршка на бизнисот и во иднина, цитира дел од партиската програма за изборите, во која ветува зголемување на на овие средства во износ од 180 милиони евра.

Битиќи директно во ова писмо бара лична поддршка гласајќи за СДС и за Коалицијата Европска иднина наведувајќи го и редниот број на гласачкото ливче.

Ова претставува злоупотреба на службената положба и овластување согласно член 353. Имено според овој член е наведено дека службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, ќе прибави за себе или за друг некаква корист, во овој случај тоа е политичка корист преку директно барање на поддршка за број на гласачко ливче под кое се наоѓа коалицијата од која самиот Битиќи е дел.

Битиќи извршил злоупотреба на службената положба, затоа што како вицепремиер, кој одлучувал за доделување на помошта за компаниите им се обраќа истите да го дадат гласот за него, поради помошта која им е исплатена од негова страна, како вицепремиер на владата и дека истата ќе се зголеми доколку се добие поддршката.

Дали со ваквиот чин, Битиќи создава притисок на компаниите кои добиле државна помош, и заради истата тој бара тие да гласаат за него. Ова е преседан од невидени размери, за што очекуваме не само извинување од Битиќи и СДС, туку и ДКСК да покрене случај против ова.

Времето на злоупотребите на државните позиции и условувањето на компаниите и граѓаните завршува на 8 мај. Компаниите да не се плашат, и да не подлегнуваат на притисоците на СДС и ДУИ, по 8 мај сите кои вршеле притисоци ќе се соочат со одговорност. Ова време завршува!

Време е Македонија да ја вратиме на народот. Време е Македонија да биде повторно твоја.

Марија Митева, портпарол и кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер