НУ Музеј Куманово ја организира изложбата Народноослободителна борба во Куманово 1941-1944

Кумановци вечерва ќе имаат можност да ја проследат изложбата „Народноослободителна борба во Куманово 1941-1944“ почеток во 19 часот во уметничката галерија, информираа денеска организаторите Националната установа Музеј.

Установата ја организира изложбата по повод Денот на ослободувањето на градот.

- Народноослободителна борба во Куманово (1941-1944) година е историско-документарно сведоштво за клучните настани кои се случиле во Народноослободителнота борба на македонскиот народ во текот на Втората светска војна. Изложбата опфаќа дванаесет програмски цели на кои се прикажани базирани историски факти, примарни историски извори и фотографии, изјави авторката, кустос-советник историчар Марија Живачки.

Изложбата ги опфаќа настаните кои се случиле пред востанието, илустриран е Денот на востанието – 11 октомври 1941 година, фотографии и биографии на истакнати личности кои дале значаен придонес во Народноослободителната борба во Куманово како и клучните настани од 1943 година формирањето на „Кумановски партизански одред“ и „Баталјон Јордан Николов Орце“. Преку изложбата е презентиран борбениот пат на „Трета македонска ударна бригада“ од нејзино формирање до учеството на сремскиот фронт, потенцирано е исклучителното значење на антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ) од 2 август 1944 година.

- Хронолошки како клучен настан од Народноослободителната борба, илустрирано е и ослободувањето на Куманово-11 ноември 1944 година. Претставени се и народните херои од Куманово со кратка биографија во посебна целина. Последната тематска целина е посветена на Спомен обележја и споменици на култура од Народноослободителната борба во Куманово, поттикнувајќи го посетителот и пошироката јавност да размислува за актуелниот однос кон културното и историското наследство од Народноослободителната војна, додава Живачки.

Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат изложбата до крајот на ноември во постојаната музејска поставка во Национална установа музеј Куманово.

Во шумски пожари лани уништени над 500 000 хектари во ЕУ, најголемиот бил во северна Грција

Во текот на минатата година Европа, Блискиот Исток и Африка се соочија со едни од најголемите шумски пожари регистрирани од 2000 година, при што беа опожарени над 500 000 хектари земјиште.

Во текот на минатата година Европа, Блискиот Исток и Африка се соочија со едни од најголемите шумски пожари регистрирани од 2000 година, при што беа опожарени над 500 000 хектари земјиште, се наведува во извештајот на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.

- Во последниве години катастрофалните шумски пожари станаа вообичаени во Европската Унија и соседните земји, а исклучок од тоа не беше ни 2023 година. Пожарот во близина на градот Александруполис во грчкиот регион Тракија, беше најголемиот поединечен шумски пожар регистриран во ЕУ откако Европскиот информативен систем за шумски пожари (ЕФФИС) почна да ги следи состојбите во 2000 година, се наведува во Извештајот.

Центарот посочува дека шумските пожари без преседан што ја зафатија Европа во последните четири години ги покажуваат непобитните ефекти на климатските промени, поради кои огнените стихии стануваат се почести и поинтензивни.

Климатските промени, како што се наведува во документот, не само што придонесуваат за зголемен опсег на областите погодени од шумски пожари, па тие сега се појавуваат и во реони во кои вообичаено ги немало во таков обем, туку прават и огнените стихии да бидат поинтензивни и сезоната на пожари да се прошири и надвор од традиционалниот летен период.

- Зголемената зачестеност и интензитет на шумските пожари во продолжените сезони на пожари, претставуваат нов предизвик за противпожарните служби низ Европа и на глобално ниво, бидејќи гаснењето на огнот од воздух станува посложено, а копнените операции стануваат потешки, па понекогаш дури и невозможни, посочува Центарот.

Според прелиминарните проценки, опожарените површини во Европа до средината на септември годинава се под просекот од последните две децении, првенствено како резултат на обилните врнежи што зафатија големи делови на континентот во текот на пролетните и летните месеци.

- Во септември, во Португалија избувнаа повеќе шумски пожари истовремено. Ова придонесе штетата од шумските пожари во 2024 година да биде над просекот на ЕУ во последните децении. Сепак, генерално, 2024 година може да се смета за помалку тешка сезона на шумски пожари, бидејќи во неа се бележи намалување на штетите од разорните пожари по три последователни години на раст, се вели во документот.

Во извештајот натаму се оценува изминатите години дека Европската комисија и земјите членки на ЕУ ги подобриле своите капацитети за превенција и подготвеност за гаснење на пожарите, што резултира за помали штети низ блокот во текот на оваа година.

Центарот наведува дека за справување со шумските пожари во Европа, но и на глобално ниво, неопходно е да се минимизира палењето оган во близина на шумите, да се мониторираат состојбите во критичните региони за појава на пожари и да се спречи складирањето на високоризични видови горива во шумските реони.

Според извештајот, речиси 96 отсто од пожарите во ЕУ се предизвикани од човечки фактот, па затоа едукативните кампањи и подигањето на свеста кај населението се од суштинска важност за намалување на шумските пожари.

- Како што се заострува климатската криза, од клучно значење е населението на Европа да се подготви за почести и поинтензивни шумски пожари. Мерките за превенција мора да ги опфатат сите делови од населението, вклучително и руралните заедници кои се во директен контакт со природата, како и особено ранливото население кое живее на рабовите на дивината и градовите, се додава во Извештајот.

Според еврокомесарката за иновации, истражување, култура, образование и млади Илијана Иванова, зголемената закана од шумски пожари, предизвикани од климатските промени, бара „заеднички одговор базиран на докази“.

- Заедничкиот истражувачки центар на Комисијата игра клучна улога во овој напор со унапредување на системите за рано предупредување и обезбедување критични податоци за информирање на политиката и заштита на ранливите региони, оцени Иванова.

Имајќи предвид дека речиси сите шумски пожари се предизвикани од човечкиот фактор, според еврокомесарката. превенцијата и едукацијата се клучни за нивно намалување.

- Со поттикнување на поголема соработка низ ЕУ и со користење на научните сознанија, можеме подобро да ги заштитиме нашите шуми, биодиверзитетот и нашите заедници од зголемените ризици од шумските пожари, заклучи Иванова.

Еврокомесарот за климатска акција, Вопке Хукстра оцени дека шумските пожари што ја зафатија Европа во 2023 година, покажале дека ЕУ не е доволно подготвена да се соочи со ваквите ризици.

- Климатските промени ја зголемуваат зачестеноста и сериозноста на шумските пожари. Мора да инвестираме повеќе за подобро да се подготвиме и да ги спречиме овие шумски пожари, рече Хукстра.

Тој посочи дека врз основа на наодите во неодамна објавената студија под наслов „Европска проценка на климатскиот ризик“, ЕУ во моментов работи на подготовка на нов амбициозен план за климатска адаптација.

- Исто така, ќе ја процениме потребата од ново законодавство за климатска отпорност и подготвеност. Соочени со забрзаното глобално затоплување и зголемените ризици од шумски пожари, мора да се погрижиме сите да имаме просперитетна, безбедна и сигурна иднина, додаде Хукстра.

Еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич, пак, посочи дека ЕУ е подготвена да помогне во случај на голем шумски пожар во Европа и ширум светот, меѓу другото, и со испраќање на воздухопловни и копнени противпожарни сили во рамките на Механизмот за цивилна заштита на Унијата.

- Новиот договор со Канада за производство на 12 амфибиски авиони за гаснење пожари што ќе го сочинуваат столбот на постојаната флота „РескЕУ“, означува уште еден важен чекор во подобрувањето на капацитетот и подготвеноста на ЕУ за борба против пожарите, паралелно со националните капацитети за одговор на земјите членки на ЕУ, истакна Ленарчич.

Сепак, според него, способноста за одговор на пожарите е само едната страна на медалот, додека другата е потребата да се работи на зајакната подготвеноста и адаптација.

- Затоа ЕУ, исто така, ги поддржува земјите членки со проекти за превенција од шумски пожари, упатства за добри практики и пренесување на искуства, додаде Ленарчич.

Европскиот информативен систем за шумски пожари (ЕФФИС) е мрежа преку која 43 земји разменуваат информации за шумските пожари и ги проценуваат нивните ефекти во Европа, а овозможува и размена на искуства за добрите практики во превенцијата од пожари, нивното гаснење, реставрацијата на опожарените подрачја и за други активности поврзани со справувањето со огнените стихии.

Од 2015 година, ЕФФИС ги користи и услугите на Програмата на ЕУ за сателитски мониторинг на Земјата „Коперник“, преку која обезбедува информации и податоци за состојбите на Планетата и нејзини одделни области со помош на снимки од сателити.

Времето денеска ведро и многу студено

Времето денеска изутрина ќе биде ведро и многу студено, а преку ден ќе биде сончево со мала локална облачност. 

Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -2, а максималната ќе достигне од 5 до 12 степени Целзиусови.

И во Скопје наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до средината на оваа седмица насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Дневните температури ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност.

Дневен хороскоп за 24. ноември 2024 година

Дневен хороскоп за недела, 24. ноември 2024 година. 

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Колку и да се трудите , ќе чувствувате празнина во душата , а љубовниот живот ќе ви биде недокажан.

Кариера

Пред вас се нови и многубројни работни задачи. Ќе мора да работите повеќе и најдобро е да почнете веднаш.

Здравје и совет

Држете се до своите принципи.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете малку лути , зашто другата страна не ве разбира , но тоа е резултат од вашите преголеми очекувања.

Кариера

Ако малку подобро погледнете што се случува околу вас ,ќе најдете на работата многу причини за задоволство.

Здравје и совет

Подготвени сте за акција на работното место.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе поработите на комуникацијата со саканата личност. Така својот однос уште повеќе ќе го унапредите.

Кариера

Кога се работи за деловните односи, денеска многу работи доаѓаат на вистинското место.

Здравје и совет

Покажете се што знаете.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во случај дас е посомневате во себеси , свртете се и погледнете ги луѓето околу вас. Преку нив ќе видите дека се е во ред.

Кариера

Го ценат вашиот труд , а особено сега на почеток на новите анализи или пописи. Почнувате да ги согледувате резултатите.

Здравје и совет

Ќе има чудни сништа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе флертуваат со личност која едноставно не е од нивен ранг. Ќе биде тоа вистинска утопија за двете страни.

Кариера

Можете да бидете среќни што некој од соработниците ви прогледува низ прсти. Истовремено , вашите критичари не спијат.

Здравје и совет

Морате да се приберете.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Идеализам , сонување и фантазирање – сето тоа ќе го доживеете денеска. Бидете подготвени.

Кариера

Без оглед што сте направиле некои грешки , денеска ќе го одвоите и нагласите она доброто што сте го направиле.

Здравје и совет

Не ги критикувајте другите, прво погледнете се себеси.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе се двоумите дали да излезете надвор на атрактивно место или да останете дома и да уживате со партнерот во пријатна вечера. И едното и другото е добро за вас.

Кариера

Вашиот стил на работење веќе на сите им е препознатлив, но сега и други ќе ве прашуваат за совет или упатство.Помогнете им.

Здравје и совет

Не ви треба совет , знаете на што сте.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Како што ќе минува денот , полека ќе паѓаат сите маски , а вас тоа ќе ве радува зашто по природа сте отворени.

Кариера

Со тактичност и дипломатија можете да постигнете вреден договор со шефовите. Без тактичност можно е само надмудрување.

Здравје и совет

Бидете паметни.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Би можеле денеска да излезете и убаво да си поминете. Нема да има сензации , но ритамот на друштвениот и личниот живот е поволен.

Кариера

Почнува период во кој нема да ги држите конците во свои раце , па затоа продгответе се .

Здравје и совет

Размислувате за диета.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе бидете концентрирани на саканата личност и ќе настоите да и игодите во секој поглед. Сепак не заборавајте се себеси.

Кариера

Можеби некои други се сега центар на случувањата на работното место , но вие својата работа пропдолжувате да си ја работите во мир и тишина.

Здравје и совет

Не очекувајте чуда.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Заведувањето ќе ви биде секојдневно хоби , а денеска преку него ќе се надмудрувате со другата страна.

Кариера

Веројатно ќе ви текне интересна идеја , но сепак ќе треба да знаете кому да му ја претставите.

Здравје и совет

Мали преодни грижи.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Немојте премногу да сонувате зашто принцот(принцезата) на коњ би можела да ви избега.Подобро држете ги очите ширум отворени.

Кариера

Вашата потреба за слобода денеска ќе се засили , и како што ќе минува денот , така се помалку ќе ви се работи.

Здравје и совет

Подобро да трчате отколку да озборувате.

притисни ентер