Новиот Peugeot e-3008 е помеѓу финалистите

Автомобил на годината 2024: Новиот PEUGEOT E-3008 е помеѓу финалистите

На 27 ноември 2023 година, 59-те членови на жирито за Европски автомобил на годината (COTY), кои претставуваат 22 земји од целиот континент, од вкупно 28 модели, го избраа новиот PEUGEOT E-3008 да им се придружи на финалните седум кандидати за главна награда. Во последните 10 години, Е-3008 е 7-ми модел од PEUGEOT, кој е избран да биде COTY финалист.

PEUGEOT го трансформираше 3008, подигнувајќи го на сосема ново ниво во однос на дизајнот, уживање во возењето и додаде водечки електрични перформанси за да го создаде новиот E-3008:

ALLURE. Fastback SUV со обновен, современ и впечатлив дизајн.

EMOTION. Предизвикани емоции од новиот панорамскиот i-Cockpit®. Уживајте во возењето на едно сосема ново ниво...

EXCELLENCE. Комбинира перформанси и целосно електричнен опсег до 700 km, благодарение на новата STLA-Medium платформа од Stellantis.

Нема категории, поделби или класи. Може да има само еден победник на наградата „Автомобил на годината“, а победникот за 2024 година ќе биде објавен на 26-ти февруари во Женева (Швајцарија).

Со новиот E-3008, PEUGEOT се приклучи на ексклузивната листа на финалисти за наградата „Европски автомобил на годината“ по 7-ми пат од 2013 година.

Новиот 408 беше избран за COTY финалист на крајот на 2022 година, 308 на крајот на 2021 година, 208 на крајот на 2019 година (победник во 2020 година), 508 (Хечбег и SW) на крајот на 2018 година, 3008 на крајот на 2016 година (победник во 2017 година) и претходната генерација на 308 (Хечбег и SW) на крајот од 2013 година (победник во 2014 година).

Наградата „Автомобил на годината“ е најпосакувана во автомобилската индустрија. Жирито е составено од 59 членови кои потекнуваат од 22 европски земји. Секој од нив ги избра своите 7 финалисти во првичното гласање од долгата листа од 28 кандидати. Можете да ја погледнете листата на кандидати и финалисти на веб-страната за автомобил на годината: https://www.caroftheyear.org/.

Новото ниво на Fastback SUV, новиот PEUGEOT E-3008, е подобрено благодарение на сосема новата платформа STLA-Medium на Stellantis која дебитира со PEUGEOT E-3008. Оваа иновативна платформа е дизајнирана да овозможи најдобри перформанси во класата за критериуми кои се најважни на клинетите: опсег (до 700 km), време на полнење (100 km за 10 минути), задоволство при возење, перформанси, ефикасност на дизајнот (помалку од 14 kWh / 100km) и поврзани услуги (Trip Planner, паметно полнење, функции од далечина и ажурирања „Over-The-Air“).

Новиот панорамски PEUGEOT i-Cockpit® го подобрува уживањето во возењето со спектакуларниот заоблен „лебдечки“ 21“ HD екран, кој ги спојува head-up дисплејот и централниот екран на допир.

Новиот PEUGEOT E-3008 ќе се произведува исклучиво во фабриката во Sochaux во Франција. Веќе е достапен за нарачка во многу европски земји и ќе биде пуштен во продажба на почетокот на 2024 година.

Имаме амбиција до 2025 да понудиме комплетна линија на електрични возила во Европа. PEUGEOT E-3008 е олицетворение на нашата стратегија за електрификација на брендот. Целосната гамата на електрични возила се состои од девет патнички автомобили и три комерцијални возила и претставува најширока и најефикасна палета од кој било конвенцијален бренд.

Видео: Новак Ѓоковиќ ги насмеа следбениците, танцуваше грчки танц на лента за трчање

На Дејвис куп тестот вчера Србија поведе со 2:0 против Грција во Белград, а тој втор бод го донесе Новак Ѓоковиќ совладувајќи го Гркот Јоанис Ксилас со 6:0, 6:1.

Новак пред натпреварот ги насмеа сите свои следбеници на социјалните мрежи објавувајќи видео во кое покажа како се подготвува за натпреварот.

„Смешен начин да се подготвите за натпреварите против Грција“, напиша тој во описот на неговото видео на TikTok, кое собра повеќе од 655.000 прегледи за само еден ден. Имено, додека бил во теретана, Ѓоковиќ на лентата за трчање го играл познатиот грчки танц - сиртаки.

@djokernole Fun way to prepare for the matches vs Greece 🇬🇷 brothers #tennis #serbia #greece #daviscup ♬ original sound - Novak Djokovic

Освен Срби и луѓе од соседните земји, во коментарите му одговорија и Грци. „Ве обожаваме во Грција. Секогаш сте добредојдени“, „Ви испраќаме голем поздрав од Грција“, „Дојди овде да танцуваме“, продолжија коментарите.

„Веќе можам да видам дека можеби ќе почне да танцува кога ќе се пензионира“, гласи еден од коментарите.

Рама: Австријци во Корча ќе го градат првиот ски-центар во Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама најави изградба на првиот ски-центар во земјата, додавајќи дека тоа ќе биде во Корча, а инвеститорот ќе биде од Австрија.

- Наскоро со Божја помош, никогаш не се знае што ќе се случи следниот ден во овој живот, ќе започнеме со изградба на првиот ски-центар кој ќе биде во областа на Корча. Станува збор за фантастичен проект од група многу сериозни инвеститори од Австрија, рече Рама.

Според него, и архитектите се Австријци, автори на најпознатите одморалишта во Австрија и Швајцарија.

-Ова ќе биде првиот ски-центар. Владината намера е Албанија да ја претвори во туристичка дестинација и за зимската, а не само летната сезона, посочи Рама во поткастот „Зборуваме".

Додаде дека, како резултат на визијата на владата и вложувањата, неговата земја станала барана дестинација, која во изминатите осум месеци од годинава ја посетиле над 8,5 милиони туристи. /МИА

Зеленски: Украина трпи големи загуби поради бавната испорака на оружје

Украинските војници трпат големи загуби поради бавното пристигнување на западното оружје за соодветно опремување на вооружените сили, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.

Зеленски истакна дека ситуацијата во источниот дел на земјата е „многу тешка“, додавајќи дека половина од украинските бригади таму не се опремени, пренесува БТА.

- Затоа губиме многу луѓе. Ги губиме луѓето затоа што немаат борбени возила... немаат артилерија, немаат артилериски гранати, рече Зеленски.

Тој, исто така, забележа дека оружјето ветено од САД и европските земји пристигнува многу бавно.

- Потребни ни се 14 бригади за да бидеме подготвени. Досега... од овие пакети [со пратки оружје] не опремивме ниту четири, посочи украинскиот претседател.

Зеленски овој месец треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и ќе му претстави план за ставање крај на војната. Главните елементи се безбедносна и дипломатска поддршка, како и воена и економска помош, најави Зеленски.

Се очекува тој да му ги повтори на Бајден барањата да и се дозволи на Украина да користи американско оружје со долг дострел за да напаѓа длабоко на руска територија.

- Единственото нешто од што се плаши рускиот претседател Владимир Путин е реакцијата на неговиот народ ако цената на војната ги натера да страдаат. Направете ја Украина силна и ќе видите дека тој ќе седне и ќе преговара, рече Зеленски./МИА

притисни ентер