Нов Центар за деца со церебрална парализа во Скопје

Во Скопје се отвора нов Центар за деца со церебрална парализа. 

Како дел од социјалната реформа и инклузијата на децата со попреченост во заедницата, новиот дневен центар е изграден во рамки на Основното училиште „Киро Глигоров", со поддршка на Министерството за труд и социјална политика, општина Центар и Здружението на родители на деца со церебрална парализа.

-Грижата за општеството значи грижа за сите граѓани подеднакво. Една од целите на реформата што ја спроведуваме во изминатиот период е да обезбедиме поддршка за децата и семејствата на кои им е потребна и да ги вклучиме во активности надвор од домот. Социјалните сервиси како што е овој дневен центар, имаат опрема и обучен кадар да ги следат индивидуалните потреби на секое дете и неговото семејство. Преку поврзување со другите системи на поддршка ја зголемуваме вклученоста на децата со попреченост во заедницата, изјави дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ при денешната посета на Центарот заедно со родителите и децата корисници на дневниот центар.

МТСП соопшти дека дневниот центар зафаќа 360 квадратни метри. Во него 30 до 40 деца ќе имаат можност да добијат третмани од специјални едукатори, логопеди, психолози и физиотерапевти и со тоа да ја подобрат својата функционалност, но и да дружат со другите деца од училиштето „Киро Глигоров".

Според вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, како што стои во соопштението, важно е да се развиваат услуги на локално ниво со цел да бидат поддржани сите граѓани во заедницата што имаат времена потреба од поддршка на институциите.

– Кога зборуваме за сервисни услуги кон граѓаните зборуваме за директни инвестиции и развој на економијата. Зошто е тоа така, сега ќе ви појаснам. Кога отворате услуга тогаш отворате нови работни места но од друга страна овозможувате жените кои се уште го носат најголемиот товар на домашната грижа, да добијат можност да бидат активни на пазарот на труд, посочи вицепремиерката Царовска.

Општина Центар за изградба на објектот издвои 5,4 милиони денари, додека МТСП за набавка на опрема и справи за физикална терапија, душеци, ленти за трчање, справи за вежбање, кревет за масажа, абс топки и други останати реквизити обезбеди 441.372 денари.

-Објектот е прв инклузивен центар за вакви лица, опремен со антибактериски подови, тоалети адаптирани за вакви лица, кујна по хасап, рампи за пристап и пристап до ботаничката градинка, интерактивни табли, клинео плафони и адаптабилно загревање. Центарот е опремен по највисоки стандарди, зголемен е капацитетот на лица кои ќе членуваат во овој центар. Училишниот двор и влезот на училиштето се приспособени за потребите на овие лица и овие лица слободно и безбедно ќе ја користат спортската сала на училиштето „Киро Глигоров", изјави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Центарот работи во рамки на ЈУ МЦСР Скопје и родителите кои се уште не ги користат услугите од дневно згрижување ги повикуваме да аплицираат за остварување на правото до овој Центар.

Во наредниот период заради унапредување на содржините за игра за децата ќе се издвојат средства и за набавка и монтажа на детско инклузивно игралиште во дворот на училиштето.

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер