Нов бизнис во САД: Изнајмување на кокошки!

Бизнисот на Џен Томпкинс која прва Пенсилванија пред две години отвори компанија „Изнајмете кокошка“ се прошири во уште три американски држави, и во Торонто!

Се поголем број на луѓе во САД кои сакаат да јадат домашни јајца изнајмуваат кокошки на извесен период. Тие не сакаат да ги одгледуваат кокошките и долгорочно да бидат врзани - ги изнајмуваат за период кој им одговара!

Некои семејства ги изнајмуваат кокошките за да ги запознаат своите деца со жива кокошка.

Од овие или од други причини, бизнисот на Џен Томпкинс која прва Пенсилванија пред две години отвори компанија „Изнајмете кокошка“ цвета - се прошири во уште три американски држави, и во Торонто!

- Кокошките може да живеат 7 или 10 години и луѓето малку се плашат од тоа - вели Џен.

Затоа изнајмувањето е вистинското решение. Цените се различни, но почнуваат од 150 долари за месец. „Пакетот“ вклучува две кокошки, петел, и телефон на кој во секое време може да се постави прашање. Ако не се снајдат со птиците, луѓето може да ги вратат веднаш, или пак ако се е во ред - да ги „посвојат“ на подолго време.

Компанијата сместена во предградие на Вашингтон во 2012 добивала порачки за 6 кокошки месечно, а сега бројот е 5 пати поголем.

/ извор: ctpost.com

Маск пристигна на Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан.

Американскиот милијардер Илон Маск денеска пристигна на индонезискиот остров Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк на Спејс Икс за индонезиската Влада, која се надева дека со тоа ќе го зголеми продорот на интернет и здравствените услуги во оддалечените делови на огромниот архипелаг.

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан и најави дека ќе разговараат за соработка, вклучително и достапност на Старлинк.

Панџаитан истакна дека еднаквиот пристап до Интернет низ Индонезија, островска држава во Југоисточна Азија со повеќе од 270 милиони луѓе кои живеат во три временски зони, ќе им овозможи на луѓето во оддалечените области да уживаат во истата удобност на Интернет со голема брзина, како и оние во урбаните области.

„Старлинк доби лиценца за работа во Индонезија како давател на интернет сервис провајдер“, потврди Панџаитан.

Маск попладне ќе присуствува на промоцијата на Старлинк со индонезискиот претседател Џоко Видодо. Индонезија е третата земја во Југоисточна Азија каде што ќе функционира Старлинк, по Филипините и Малезија./МИА

Путин одржа состанок за поплавите и пожарите во Русија

 Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со министерот за вонредни состојби Александар Куренков и министерот за природни ресурси и животна средина Александар Козлов за да разговараат за поплавите и пожарите.

„Имаме неколку теми. Да почнеме со главната, актуелната, најжешката во буквална смисла на зборот“, рече Путин.

Тој рече дека додека поплавите се уште траат во еден дел од земјата, во некои региони има и пожари или опасни состојби од пожари.

„Властите мора веднаш да ги проценат штетите од поплавите за да почнат со обнова на станбениот фонд до крајот на летната сезона. Мораме веднаш да ја процениме штетата на домаќинствата. Сето тоа треба да се исуши - и тоа на време. Летото брзо ќе помине, а во текот на летото треба да направиме што повеќе за да го вратиме станбениот фонд“, нагласи Путин. /МИА

Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија

Украина ги уништи сите 37 беспилотни летала лансирани синоќа од Русија против цели на многу места во земјата, соопшти украинското воздухопловство.

Во соопштението се наведува дека уништените беспилотни летала „Шахед“ биле насочени кон главниот град Киев и украинските градови Одеса, Миколаив, Суми и Виница, како и цели во регионите Житомир, Черкаси и Херсон./МИА

притисни ентер