Нов АСНОМ: Добивме забрана да го чествуваме Кресненското востание

Македонците во Бугарија добија забрана за одбележување на Кресненското востание.

Од Македонскиот клуб за етничка толеранција велат дека слично како и претходните години кога без проблем одбележувале, доставиле известување до Општина Кресна дека ќе положат цвеќе пред споменикот на Димитар Поп Георгиев Беровски кој се наоѓа во центарот на градот. Но непријатно биле изненадени кога од општината добиле известување дека на 20 октомври, датумот кој требало да го одбележат, градот имал планирано други настани.

-Кметот на Кресна ни забрани. Поднесовме тужба во судот, но тој ни прати ново писмо одговор дека имаат настани за да можеме да го направиме одбележувањето како што треба. Секогаш ќе имаме пречки и не се надевам дека ќе се среди нешто, барем не додека јас сум жив. Мислат дека ќе објавиме востание и ќе објавиме независност, од тоа се плашат,- изјави – Ангел Радонов – Македонски клуб за етничка толеранција Благоевград.

Во образложението на Општина Кресна стои дека на 18, 19 и 20 октомври го слават празникот на градот и им сугерираат на македонците да изберат друг датум за настан, што според нив е уште еден обид за дискриминација. Во меѓувреме се соочуваат и како што велат со нова неправда откако и Европскиот суд на правдата во Луксембург неодамна прогласувајќи се за ненадлежен им ја отфрли тужбата против ЕК со која бараа Бугарија да дозволи регистрација на Македонскиот клуб за етничка толеранција.

-Со оваа пресуда со пшотпис и печат, дискриминацијата против македонците во ЕУ е озаконета. Затоа што ЕК и Судот за правда се ставаат на страната на Бугарија против кршењето на основните човекови права на македонците. Истите две институции и даваат сигнал на Бугарија да продолжи со дискриминацијата а тие се тука истата да ја помогнат.- изјави – Сашо Маневски – Претседател на Нов АСНОМ.

Минатиот месец Комитетот на министри на Советот на Европа донесе одлука со која од Бугарија побара до 16 декември да одговори какви чекори ќе преземе околу спроведувањето на 14-те пресуди на Европскиот суд за човекови права. Од Софија се очекуваат резултати од веќе формираната работна група која треба да подготви законски или уставни измени кои ќе овозможат регистрација на македонските здруженија.

Димитриевски: Нашите дипломатски напори треба да продолжат со бранење на националните интереси

„Официјалната бугарска политика кон Македонија не може да се смени, Радев не е пилот во Ф-16 туку во МИГ-29“

Војната во Украина ќе заврши, големите сили повторно ќе седнат на маса и ќе соработуваат, ЕУ и натаму ќе тежнее онаму каде има наголем пазар.

Ми пречи терминот западен балкан, нашите дипломатски напори треба да продолжат но со бранење на националните интереси.

Неколку пати се обидоа да не понижат, но тоа не го отсликува расположението на бугарската јавност.

ние треба да се обединиме за националните интереси со ставање акцент кон албанската заедница дека тоа е важно за нашите чувства.

За сите граѓани во Бугарија што се чувствуваат како Македонци не се почитуваат пресудите од Стразбур, ние сакаме да бидеме дел од Еу поради што таму е модерниот свет, но ако мора да го поминеме истото што го минавме со Преспанскиот договор, тогаш треба да седнеме и сериозно да размислиме.

Треба да се бара алтернативно решение кое Македонија нема да ја стави во подредена состојба.

Ако се прашуваме како влада не би продолжиле многу работи почнати од претходната влада како што е договорот со Бехтел и енка.

Од Бугарија никогаш не стигна извинување, најмал број жртви во Македонија има од германски фашисти, најмногу се од бугарските фашисти.

Доаѓам во светот на политиката од приватен бизнис, имавме идеја со партнери од регионот, но фирмата не профункционира до ден денеска.

Од земји членки на ЕУ добивам пораки дека треба да работиме на реформите и штом дојде погодно време тоа ќе ни биде дополнителен ветер во грб кога ќе ги почнеме преговорите.

Официјалната бугарска политика кон Македонија не може да се смени, Радев не е пилот во ф-16 туку во миг-29

Карикатурист доби 23 години затвор во Саудиска Арабија- ги цртал лидерите

Саудиски карикатурист е осуден на повеќе од две децении затвор за политички карикатури кои наводно го навредувале раководството на кралството, соопштија неговата сестра и организација за човекови права.

Случајот на Мохамед ал-Хаза (48) ја зголеми загриженоста за слободата на изразување под престолонаследникот Мохамед бин Салман, бидејќи Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта, се обидува да се отвори за туристите и инвеститорите по долгогодишна изолација.

Таткото на пет деца бил уапсен во февруари 2018 година во Саудиска Арабија за време на „насилна рација“ во која безбедносните сили упаднале во неговиот дом и го демолирале неговото студио, објави лондонската организација за човекови права „Санад“, пренесе „Дејлимејл“.

Според судскиот документ што го видел АФП, обвиненијата против Хаза се однесуваат на „навредливи карикатури“ што ги направил за катарскиот весник Лусаил, како и објави на социјалните мрежи кои наводно биле „непријателски“ кон Саудиска Арабија и во корист на Катар.

Неговото апсење доаѓа помалку од една година откако Саудиска Арабија, заедно со неколку сојузници, ги прекинаа дипломатските односи со Катар, тврдејќи дека Доха ги поддржува екстремистите и одржува премногу блиски врски со Иран, што Катар го негираше.

Овие две земји ги обновија односите во јануари 2021 година. Специјалниот кривичен суд на Саудиска Арабија, основан во 2008 година за да постапува во случаи поврзани со тероризам, првично го осуди Хаза на шест години затвор.

Меѓутоа, оваа година, кога Хаза требаше да биде ослободен, случајот беше повторно отворен и неговата казна е зголемена на 23 години, потврди телефонски за АФП од САД неговата сестра Асрар ал Хаза.

„Беше на чекор до слобода. За малку ќе излезеше од затвор. А потоа, од никаде, случајот беше повторно отворен и казната беше продолжена на 23 години“, рече таа.

Саудиските власти не одговориле веднаш на барањето за коментар за случајот.

Хаза најмногу работел за весникот Лусаил пред бојкотот во 2017 година и повеќето од неговите карикатури биле посветени на внатрешните прашања на Катар. Обвинителството не обезбедило докази за карикатури кои би биле навредливи за Саудиска Арабија, ниту за објави на социјалните мрежи кои би го поддржале Катар за време на бојкотот.

Под раководство на престолонаследникот Мохамед бин Салман, Саудиска Арабија се соочи со критики од активисти за сузбивање дури и на најблагите форми на онлајн критика.

Според организациите за човекови права „Амнести интернешенел“ и „АЛКСТ“, во изминатите две години, судовите во Саудиска Арабија „осудија десетици лица на долги затворски казни за изразување на своето мислење на социјалните мрежи“.

Пресудата на Хази дојде само неколку дена откако на Саудиска Арабија ѝ беше одбиено место во Советот за човекови права на Обединетите нации.

Саудиската влада продолжува да се обидува да ја прикаже земјата како реформирана, истакнувајќи го напредокот во родовата еднаквост и човековите права.

Режимот исто така изрече долги затворски казни на голем број жени, често по тајни судења, откако беа фатени како користат социјални мрежи за да се залагаат за поголеми права и слободи на жените.

Еден од нив, Манахел ал Отаиби (30) е осуден на 11 години затвор за „терористички дејствија“. Оваа саудиска фитнес инструкторка објави пораки за зајакнување на жените на Интернет.

На почетокот на овој месец, Манахел му кажа на своето семејство дека некој ја прободел во лицето со остро пенкало, поради што повредата морало да биде сошиена. Меѓутоа, кога семејството се обидело да го пријави нападот до Комисијата за човекови права на Саудиска Арабија, наводно биле игнорирани.

Сепак, Саудиска Арабија е избрана во март за претседател на комисијата на ОН задолжена за промовирање на родовата еднаквост и зајакнување на жените.

На разочарување на организациите за човекови права ширум светот, претставникот на Саудиска Арабија во ОН, Абдулазиз Алвасил, е избран за претседател на Комисијата за статусот на жените без противење на годишниот состанок на групата во Њујорк.

Се огласи Нетанјаху по ликвидацијата на лидерот на Хамас: Победи доброто над злото

Бенјамин Нетанјаху, израелскиот премиер, вели дека злото „претрпело тежок удар“, но предупреди дека задачата на Израел „не завршил“.

Во изјавата по потврдената смрт на Јахја Синвар, израелскиот премиер рече дека Израел го направил „тоа што ветивме дека ќе го направиме“ со убиството на лидерот на Хамас.

„Денес злото претрпе тежок удар, но задачата пред нас се уште не е завршена“, рече тој.

Обраќајќи им се на семејствата на заложниците, Нетанјаху рече дека тоа е „важен момент во војната“.

„Ќе продолжиме со сите сили до враќањето дома на сите ваши најблиски, кои се наши сакани“, рече тој, нарекувајќи го тоа своја „најголема посветеност“.

Тој исто така имаше порака до жителите на Газа, велејќи: „Синвар ви го уништи животот. Ви кажа дека е лав, но всушност се криеше во мрачно дувло – и беше убиен кога панично бегаше од нашите војници“.

Тој ја нарече смртта на Синвар „важна одредница во падот на злобното владеење на Хамас“.

Израелскиот премиер вети дека Хамас „повеќе нема да владее со Газа“, а убиството на Синвар е „почеток на крајот на Хамас“.

Тој, исто така, инсистираше на тоа дека преостанатите лидери на Хамас ќе бидат „елиминирани“.

Нетанјаху рече дека светлината преовладува над темнината во Газа, Бејрут и на целиот Блиски Исток. Тој рече дека регионот сега има можност да ја запре „оската на злото“ и да создаде „иднина на мир“ и „просперитет“.

„Денеска повторно разјаснивме што се случува со оние кои нè повредија. Денеска уште еднаш му ја покажавме на светот победата на доброто над злото“, рече израелскиот лидер.

притисни ентер