Норвешка размислува за изградба на ограда на границата со Русија

Министерката за правда на Норвешка, Емили Енгер Мел изјави дека Осло би можел да постави ограда долж границата со Русија, по примерот на Финска.

- Оградата на границата е многу интересна, не само затоа што може да делува како одвраќање, туку и затоа што содржи сензори и технологија што ви овозможува да откриете дали луѓето се движат блиску до границата, наведе Мел.

Таа додаде норвешката Влада во моментов разгледува „неколку мерки“ за зајакнување на безбедноста на границата со Русија во северниот дел на Арктикот, како што се оградување, зголемување на бројот на граничниот персонал или зголемување на надзорот.

- Доколку безбедносната ситуација во регионот на Арктикот се влоши, норвешката Влада е подготвена да ја затвори границата на краток рок, истакна Мел.

Норвешка, земја со 5,6 милиони жители, е членка на НАТО, не е дел од Европска Унија, но е во Шенген зоната.

Коалицијата Милатовиќ-Абазовиќ ќе биде тасот на вагата за власта во Подгорица

Според прелиминарните резултати од вчерашните избори во Подгорица ниту една од листите поединичено не освоила доволен број гласови за самостојно да формира власт.

Демократската партија на социјалистите (ДПС) освои 19 мандати во градскиот парламент, Движењето Европа сега (ПЕС) и Демократите освоија 14 мандати, додека коалицијата предводена од некогашниот Демократски фронт (ДФ) има 13 мандати, За подобра Подгорица – шест, Европскиот сојуз – три, Пресврт и Партија на европскиот прогрес (СЕП) освоија по две места.

Градското собрание на Подгорица има 59 места, а за мнозинство потребни се 30 мандати. За формирање на градска власт ќе решава коалицијата За подобра Подгорица, која со Граѓанското движење Обединета реформска акција (ГП УРА) на поранешниот премиер Дритан Абазовиќ и Движењето за промени (ПЗП) на Небојша Медојевиќ.

Ако сојузот помеѓу ПЕЗ-Демократи и коалицијата За иднината на Подгорица обезбедат поддршка за претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ би имале 33 места во Парламентот. Од друга страна ДПС со поддршка на Европскиот сојуз, СЕП и листата За подобра Подгорица би имале до 30 одборници.

Вонредните избори во Подгорица беа распишани по расколот во владејачкото Движење Европа сега помеѓу актуелниот премиер Милојко Спајиќ и претседателот Милатовиќ.

Инсајдер: Поседуваме документи што покажуваат дека Навални е отруен

Рускиот портал Инсајдер објави дека добил пристап до официјални документи поврзани со смртта на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални.

Порталот пишува дека има две верзии на документот потпишани од рускиот истражител Александар Варапаев. Тие се однесуваат на одлуката на рускиот истражен комитет да не отвора кривична постапка по смртта на Навални. Порталот пишува дека руските власти постојано ги отстранувале информациите за симптоми кои не одговараат на официјалната причина за смртта објавена од руската држава.

Претходната верзија ги опиша симптомите на Навални на следниов начин: „На 16.02.2024 година осудениот А.А.Навални додека бил во тренинг дворот број 2 на ТОЧК (стамбена единица од типот на едноќелија), почувствувал нагло влошување на неговата здравствена состојба, за што го известил дежурниот од установата, кој го извадил од просториите на дворот во просториите на одделение бр.4 на ЕПКТ. Таму осудениот А.А. Навални легна на подот и почна да се жали на остри болки во стомакот - почнал рефлексно да ја исфрла содржината од желудникот, имал конвулзии и изгубил свест, што веднаш било пријавено кај медицинскиот персонал од поправниот дом“.

Во подоцнежната верзија на истиот документ, која стана конечна, нема информации за болки во стомакот, повраќање или напади. Инсајдер пишува дека има пристап до друг документ кој содржи список на „конфискувани предмети“ земени од местото на смртта на Навални. Списокот вклучува „примероци од повраќање“, за кои во документот се вели дека биле доставени на тестирање.

Но, информациите за прегледот и наодите од повраќањето не се официјално објавени.

-Документите ги потврдуваат зборовите на Јулија Навална, која изјавила дека во последните минути пред смртта Алексеј се пожалил на акутна стомачна болка, пишува Инсајдер.

Инсајдер го цитира лекарот Александар Полупан, кој го лекуваше Навални во Омск по труењето со Новичок во 2020 година. Тој вели дека симптомите опишани во документите не се совпаѓаат со официјалната верзија.

-Официјалната причина за смртта, нарушување на срцевиот ритам, на никаков начин не ги објаснува симптомите опишани во документите: остри болки во стомакот, повраќање или напади. Овие симптоми тешко можат да се објаснат со ништо друго освен со труење. Краткиот интервал помеѓу абдоминалната болка и конвулзии сугерира можност за изложеност на истата класа на супстанција како и Новичок, но во овој случај можеби е администриран внатрешно наместо локално, изјави Полупан за Инсајдер.

ПОЦ: Санкционирани 156 непрописно паркирани возила на територијата на О.Центар

 ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 23.09. до 29.09.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 156 непрописно паркирани возила .

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 23.09. до 29.09.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 156 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

притисни ентер