Вкупно 48,4 проценти од сите нови автомобили што се продавале во Норвешка во првата половина од годинава се електрични. За споредба,минатата година биле продадени 31,2 отсто, според податоците на Норвешката патничка асоцијација.
Со тоа Норвешка, еден од големите производители на нафта, го потврди статусот на убедлив глобален лидер во продажбата на електрични автомобили по глава на жител.
Со цел да ја постигне својата цел и да стави крај на продажбата на дизел и бензински автомобили до средината на следната деценија, Норвешка ги ослободи купувачите на автомобили со батерии од тешките даноци. Дополнително , се воведени поволности како што е бесплатната патарина.
Овие владини мерки предизвикаа продажба на брендови како што се Тесла, Нисан, Хјундаи и БМВ, кои нудат електрични автомобили , но не и хибриди со комбинација на електричен мотор и мотор со внатрешно согорување.
Според податоците на NRF, најпопуларниот модел кај потрошувачите во првите шест месеци од оваа година беше Тесла Модел 3. Во јуни, 3.760 автомобили на Тесла беа продадени, со вкупна продажба од 24,5 проценти.
Брендови кои немаат електрични возила, како Форд и Мерцедес-Бенц, забележаа пад на продажбата.
Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), која исто така вклучува и хибридни модели во категоријата електрични автомобили, рече дека учеството на Норвешка во глобалната продажба на електрични автомобили во 2017 година изнесува 39 проценти. На второто место е Британија со 12 отсто, а во третата Шведска со шест проценти.