Никол Кидман на Мет Гала во фустан на кој што биле попрошени 800 работни часа (ФОТО)

Креацијата, што ја носеше славната Никол Кидман, вклучувала неверојатни 800 часа рачна работа, со 3.000 пердуви внимателно нанесени на 150 метри свилена органза.

Секој од нив е рачно исечен, превиткан, плисиран и на крајот сошиен. Покрај тоа, уште 400 часа работа во ателјето биле потрошени за трансформирање на оригиналниот изглед на две одделни парчиња во едноделен вечерен фустан, објави Вог.

„Фустанот претставува природен момент од целосниот круг на времето – тоа е прослава на делото на Ричард што ќе живее, но и почит на уметничката визија на Баленсијага која продолжува беспрекорно да ја спојува илузијата на минатото, сегашноста и иднината“, додава Кидман. .

Со оглед на разиграната визија за модата на Никол Кидман, таа и нејзиниот стилист Џејсон Болден сакаа да се погрижат изгледот да биде повеќе од само почит на модната историја.

„Кога дојде време да зборувам за мојот прв настан на Мет Гала со Никол, навистина сакав да започнам во светот што ја инспирира. Таа е вистински уметник и вистински соработник, па разговорот започна со светот на Баленсијага и она што беше размислување. Никол беше неверојатно инспирирана од оваа фотографија на Ричард Аведон, а приказната зад неа беше тотално инспиративна“, вели Болден.

Додека Кидман чекореше по скалите на Мет Гала, правејќи впечатлива поза што го истакна драматичниот преден дел на фустанот, изгледот беше совршено прилагоден за принцеза од бајките, што очигледно беше нејзината намера.

„Обезбедувајќи дека, исто како и Заспаната убавица, ниту еден фустан не „спие“ вистински, почестена сум што вечерва носам креација на Баленсијага“, вели Никол, додавајќи:

„Голема благодарност до извонредните занаетчии за нивната посветеност и одржување на високата мода, и посебна благодарност до Ана Винтур. Ви благодариме на сите што не собравте сите заедно да ги славиме модата и уметноста.

Модниот код за оваа година е „Градина на времето“, концепт инспириран од истоимениот расказ на Џ.Г. Балард од 1962 година. Во основа, темата ја истражува врската помеѓу времето и природната убавина, оставајќи ја вратата широко отворена за посетителите да ја толкуваат овогодинешната мода како што сакаат.

Гвардиола не планира наскоро да го напушти Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во тимот.

- Имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да останам во Манчестер следната сезона, изјави Гвардиола за „Мирор“.

Шпанскиот фудбалски стручњак го презеде Манчестер сити во 2016 година. Под негово водство тимот пет пати го освојуваше англискиот шампионат и еднаш Лигата на шампионите.

По 37 кола, во Премиер лигата води Манчестер сити со 88 бодови. Заостанувањето на второпласираниот Арсенал е два бода. Ливерпул (79) ги загуби шансите за евентуална шампионска титула. /МИА

„Билд“: Германското Министерство за одбрана бара од Владата уште 3,8 милијарди евра за Украина

Германското Министерство за одбрана побара од сојузната влада дополнителни 3,8 милијарди евра помош за Украина за оваа фискална година, пишува „Билд“.

Весникот наведува дека оваа година Германија обезбедила воена помош од 7,1 милијарди евра за Украина и дека овие пари се користат за плаќање на воена опрема што Украина ја купува директно од наменската индустрија и укажува дека на Украина и треба итно поголема поддршка за да не изгуби војната со Русија, поради што Министерството за одбрана побара дополнителни средства.

Министерот за одбрана Борис Писториус разговараше за тоа со канцеларот Олаф Шолц, а потоа се сретна со Кристијан Линднер, шеф на одделот за буџет во германското Министерство за финансии.

Дополнителните расходи треба во јуни да бидат поднесени до Бундестагот на усвојување, според „Билд“. /МИА

Тешка сообраќајка на „Водњанска“, повредени седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар.

-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил „БМВ“, автомобил „Ауди“, и две паркирани патнички возила „Голф“ и „Мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки, соопштија од МВР..

Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, но причините се уште не се познати.

притисни ентер