Ница го доби дербито против Олимпик Лион

Фудбалерите на Ница славеа убедлива победа со 3-0 над Олимпик Лион во воведниот, воедно и дерби меч, од 14.коло на француската Лига 1.


На средбата одиграна синоќа во Ница, домашниот тим веќе по 20-минути игра преку Валери Герман дојде до предност од 1:0. По само три минути игра во второто полувреме Мбива си постигна авто-гол, а во 71-минута Винсент Козиељо ги постави конечните Ница – Олимпик Лион 3:0.

Со новите три бодови сега Ница се проби на третото место, со само бод помалку од Олимпик Лион, а во идентични 24 бода колку што има и екипата на Кан.

Во останатите натпревари од ова коло ќе играат:
Сабота
17:00 Лориен - Париз Сен Жермен
20:00 Гингамп – Тулуз
20:00 Монако – Нант
20:00 Монпеље – Ремс
20:00 Tроа – Лил
20:00 Бастија – Ајачо
Недела
14:00 Кан – Енгерс
17:00 Рен – Бордо
21:00 Сент Етијен - Олимпик Марсеј

Табела:
1. Париз Сен Жермен 35 бодови
2. Олимпик Лион 25
3. Ница 24
4. Кан 24
5. Енгерс 22
6. Сент Етијен 22
7. Лориен 20
8. Рен 20
9. Монако 20.

Ако телото ви мириса на квасец, проверете го следново!

Лекарите советуваат како да се ослободите од оваа непријатност.

Повеќето луѓе имаат непријатен мирис на телото кога се потат. Според докторката Даун Харпер, доктор по општа пракса, еден од 100 луѓе страда од хиперхидроза, состојба на прекумерно потење. Сепак, постојат ситуации кога непријатниот мирис на телото може да укажува на здравствени проблеми, пишува Дејли меил.

Според стручњаците, одредена миризба на телото, од лошиот мирис на стапалата па до невообичаениот мирис на урината, може да биде сигнал дека нешто не е во ред со нас.

Мирис на гнилеж

Силниот непријатен мирис што потсетува на нешто гнило може да биде симптом на стрес и анксиозност, што предизвикува поголемо лачење на пот од потните жлезди. Според д-р Ен Наинан, причините може да бидат носење тесна и синтетичка облека или консумирање премногу преработена храна, алкохол и шеќер.

– Ваквиот мирис може да укажува на хиперхидроза (прекумерно потење), особено на дланките и пазувите, или хормонални промени за време на менструацијата или менопаузата – вели таа.

Редовното туширање, миењето на телото со сапун и промена на облеката се најчесто решение за овој проблем. Ако мирисот не исчезнува, консултирајте се со доктор.

Мирис на квасец

Овој мирис најчесто се јавува при вагинален исцедок кај жените. Најчесто се работи за инфекција со кандида и проблеми во вагиналниот микробиом. Според гинекологот д-р Џо Бејли, најдобро е да се јавите кај вашиот лекар кој ќе ви препише адекватна терапија. Се препорачува употреба на сапуни без парфеми при миење на интимните делови од телото, памучна долна облека и избегнување тесна облека, особено панталони.

Мирис на риба

Уште еден мирис што се јавува кај жените во интимната регија. Според д-р Бејли, најверојатно тоа е последица на бактериска вагиноза и често се јавува кај жените во репродуктивниот период. Покрај непријатниот мирис, може да се појават и други симптоми, како што се чешање, печење или болки во вагината. Во случај на ваква миризба веднаш обратете се кај вашиот гинеколог за лекување, бидејќи игнорирањето на симптомите може да доведе до компликации и воспаленија во пределот на карлицата, а го зголемува и ризикот од полово преносливи болести. Најчесто се лекува со антибиотици.

Остар мирис на урина

Исхраната и недоволното внесување вода во организмот може да предизвикаат промени во мирисот и бојата на урината. Доколку забележите остар мирис на урината веднаш по мокрењето, тоа може да биде сигнал дека имате инфекција на уринарниот тракт, но и дека не внесувате доволно течност.

Урологот Сушма Срикришина предупредува дека на бојата и миризбата на урината влијаат и одредени намирници како што се: аспарагус, прокељ, кромид, одредени зачини, лук, кари, лосос, алкохол...

Уринарните инфекции обично имаат други симптоми: болка при мокрење, матна урина, траги од крв во урината. За што и да се работи, обратете се на лекар.

Лош здив

Ваквата состојба најчесто е предизвикана од недоволна или лоша орална хигиена, но може да укажува и на проблеми со забите дури и ако немате болка на забите. Редовно мијте ги забите и користете четка за отстранување на вишокот бактерии од јазикот. Ако ова не помага, побарајте помош од стоматолог.

Смрдливи стапала

Миризбата на стапалата најчесто е предизвикана од прекумерно потење на стапалата во комбинација со неквалитетни обувки. Исто така, важно е да носите памучни чорапи за да може стапалата да „дишат“. Редовно мијте ги стапалата со сапун, носете памучни чорапи и квалитетни чевли за да ја избегнете оваа непријатна состојба.

Симптоми на најсмртоносниот гинеколошки канцер

Тешко се забележуваат, а ова се факторите на ризик...

На 8-ми мај се одбележа светскиот ден за борба против ракот на јајници.

Ракот на јајниците е клеточен раст кој се формира во јајниците. Клетките брзо се размножуваат и можат да го нападнат и уништат здравото ткиво на телото. Женскиот репродуктивен систем содржи два јајника, по еден на секоја страна од матката. Јајниците - секој со големина на бадем - произведуваат јајце-клетки, како и хормони естроген и прогестерон. Третманот на ракот на јајници обично вклучува операција и хемотерапија.

Кога ракот на јајниците ќе се развие првпат, тој може да не предизвика никакви забележливи симптоми. Кога ќе се појават симптоми на ракот на јајници, тие обично се припишуваат на други, почести состојби.

Знаците и симптомите на ракот на јајниците може да вклучуваат: надуеност или оток на абдоменот, брзо чувство на ситост кога јадете, губење на тежината, непријатност во карличната област, замор, болка во грбот, промени во навиките на цревата, како што е запек, честа потреба за мокрење.

Причини за ракот на јајници

Не е јасно што го предизвикува ракот на јајниците, иако лекарите идентификувале работи кои можат да го зголемат ризикот од болеста. Според лекарите од клиниката Мајо, ракот на јајници започнува кога клетките во јајниците или во нивна близина развиваат промени (мутации) во нивната ДНК.

ДНК на клетката содржи инструкции по кои клетката функционира. Промените вклучуваат брз раст на клетките, брзо размножување создавајќи маса (тумор) од канцерогени клетки. Клетките на ракот продолжуваат да живеат кога здравите клетки би умреле. Тие можат да ги нападнат блиските ткива и да се отцепат од почетниот тумор, т.е да се рашират (метастазираат) на други делови од телото.

Фактори на ризик

Факторите кои можат да го зголемат ризикот од ракот на јајниците вклучуваат:

- Постара возраст - Ризикот од оваа болест се зголемува како што стареете. Најчесто се дијагностицира кај постари лица. Наследни промени на гените. Во мал процент оваа болест е предизвикана поради промени во гените што сте ги наследиле од вашите родители. Гените кои го зголемуваат ризикот од ракот на јајници ги вклучуваат BRCA1 и BRCA2. Овие гени исто така го зголемуваат ризикот од рак на дојка.

- Семејна историја на рак на јајници. Ако имате крвни сродници на кои им бил дијагностициран рак на јајниците, може да имате зголемен ризик од болеста.

- Прекумерна тежина или дебелина. Прекумерната тежина или дебелината го зголемува ризикот од рак на јајници.

- Хормонска терапија во период на постменопауза. Земањето хормонска терапија за контрола на знаците и симптомите на менопаузата може да го зголеми ризикот од рак на јајниците.

- Ендометриоза е често болно нарушување во кое ткиво слично на ткивото што ја обложува внатрешноста на матката расте надвор од матката.

притисни ентер