Независните пратеници кои ја напуштија СИРИЗА формираат пратеничка група

Единаесетмина пратениците, меѓу кои и поранешни министри, кои во изминатиот период ја напуштија грчката опозициска партија СИРИЗА формираат пратеничка група во Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.

Пратениците доцна синоќа одржаа состанок и како што беше очекувано и се најавуваше, се договорија да формираат нова пратеничка група за која го имаат доволниот број, со оглед на тоа дека за формирање потребни се најмалку десет пратеници.

Новата пратеничката група, официјално ќе биде промовирана в понеделник кога ќе биде соопштено и името, додека пак претседател ќе биде поранешниот министер Алексис Харицис.

Станува збор за пратеници од две фракции, кои си заминаа од СИРИЗА поради несогласувањата со новиот партиски лидер Стефанос Каселакис.

Ултрасите на ПСЖ нема да го исвиркуваат Мбапе иако тој си заминува од клубот

Најжестоките навивачи на Пари Сен Жермен, нема да го исвиркуваат Килијан Мбапе. Се очекува 25-годишниот фудбалер да му се приклучи на Реал Мадрид како слободен играч на крајот од сезоната. 

ПСЖ и Мбапе заеднички ќе го објават заминувањето веднаш штом напаѓачот потпише договор со Мадрид.

Застапниците на Килијан успеа да воспостави односи со влијателни лидери на париската навивачка група, па нивниот однос кон напаѓачот е прилично мек.

„Collectif Ultra Paris“ (CUP) побара да не се исвиркува Мбапе и да не се реагира на било кој начин на информациите за можно заминување на играчот, барем до официјалното соопштение.

Покрај тоа, навивачите можат да организираат свеченост во чест на напаѓачот на крајот на сезоната.

Мбапе постигна 244 гола за ПСЖ - тој е најдобар стрелец во историјата на клубот. /МИА

Рибарите од Општина Пустец бараат крапот да се пласира како преспански бренд

Рибарите од Општина Пустец, каде живеат над 5 илјади жители-Македонци бараат крапот да се пласира како преспански бренд.

-Во општина Пустец, каде на брегот на Преспанско Езеро, се распослани девет села, со над 5 илјади жители-Македонци, за дел од нив главен извор на егзистенција е риболовот, посебно ловот на познатиот преспански крап. Во општината има 50 лиценцирани рибари кои секојдневно во водите на Преспанското Езеро ловат риба, тука секако и познатиот преспански крап. Нивното здружение бара крапот да се пласира како бренд на нивното езеро, бидејќи според нив, со преспанскиот крап манипулираат трговците од различни околии, пренесува весникот „Македониум“.

Тие исто така во континуитет бараат постоење на двa пункта за складирање на уловената риба.

-Нашето здружение на рибари бара отворање на два пункта, еден во Пустец и еден во Туминец. Ние не може со сопствени средства да ги изгради овие пункта, па бараме поддршка од општината, вели Тоди Јоно од село Пустец.

Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски информираше дека по барање на риболовното друштво побарал финансиска поддршка од Министерството за земјоделство за изградба на овие два пункта.

Идентично барање има и од Здружението на рибари од Поградец, кои во најголем број случаи количината уловена риба ја чуваат и ја продаваат сами како ќе се снајдат. /МИА

Киев: Во војната со русија досега загинаа 31 илјади украински војници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 31.000 украински војници загинале од почетокот на војната, со што ја објави првата официјална бројка за воени жртви по многу месеци.

Тој истакна дека победата на Украина во војната против руските сили зависи од поддршката на западот и изрази надеж дека американскиот Конгрес ќе одобри нова голема воена и финансиска помош.. Претходно, министерот за одбрана Рустем Умеров посочи дека околу 50 проценти од западното оружје не стигнува во Украина, што доведуваат до загуби и на персонал и на територии..

притисни ентер