Неверојатно здрава намирница, добра за крвните садови и за диета, а и лесна за приготвување

Нутритивната хељдина каша станува сè попопуларна меѓу оние кои водат здрав и урамнотежен начин на исхрана.

Кашата од хељда е древно омилено јадење на многу Руси. Поради нејзините нутритивни вредности, таа добива сè поголемо внимание и сè поширока примена во секојдневната исхрана.

За многумина, кашата од хељда е повеќе од едноставен појадок - тоа е традиција што се пренесувала низ генерациите. Доколку ја приготвите само со вода и малку масло таа е лесен оброк без маснотии, а ако додадете млеко, мед и ореви станува вкусна и хранлива ужина која дава долготрајна енергија и чувство на ситост.

Здравствени придобивки

Борба против инфекции: Хељдата содржи рутин, кој позитивно влијае на ѕидовите на крвните садови, што може да помогне во спречување на настинки и други инфекции.

Ги зајакнува крвните садови: Рутинот присутен во хељдата е познат по својата способност да ги зајакнува крвните садови, што ја прави оваа каша корисна за луѓе со васкуларни проблеми, вклучувајќи го и дијабетесот.

Превенција на анемија: Хељдата е богата со железо, па се препорачува за лица кои боледуваат од анемија, обезбедувајќи ја потребната доза од овој важен минерал.

Поддршка при слабеење: Како нискокалорична и нутритивно богата, кашата од хељда е идеален избор за оние кои сакаат да одржат здрава тежина или држат диета.

Соодветна исхрана за трудници: Високото ниво на фолна киселина во хељдата ја прави корисна за здравјето на трудниците и правилниот развој на бебето.

Рецепт и подготовка

Рецептот за подготовка на оваа вкусна каша е едноставен и прилагодлив на различните вкусови и преференции, а потребни ви се само вода, сол и брашно од хељда.

Во сад ставете вода и сол. Кога водата ќе зоврие, тргнете го садот од оган и додајте го брашното од хељда. Мешајте ја смесата додека не се изедначи.

Кашата можете да ја збогатите со додавање сирење, павлака, јогурт, семки или слатки состојки како мед или суво грозје. За особено хранлив појадок, додајте пржени печурки со кромид.

Оваа вкусна и хранлива каша од хељда станува омилен дел од утринската рутина за многумина, нудејќи бројни здравствени придобивки и можности за креативност во кујната.

Видео: Новак Ѓоковиќ ги насмеа следбениците, танцуваше грчки танц на лента за трчање

На Дејвис куп тестот вчера Србија поведе со 2:0 против Грција во Белград, а тој втор бод го донесе Новак Ѓоковиќ совладувајќи го Гркот Јоанис Ксилас со 6:0, 6:1.

Новак пред натпреварот ги насмеа сите свои следбеници на социјалните мрежи објавувајќи видео во кое покажа како се подготвува за натпреварот.

„Смешен начин да се подготвите за натпреварите против Грција“, напиша тој во описот на неговото видео на TikTok, кое собра повеќе од 655.000 прегледи за само еден ден. Имено, додека бил во теретана, Ѓоковиќ на лентата за трчање го играл познатиот грчки танц - сиртаки.

@djokernole Fun way to prepare for the matches vs Greece 🇬🇷 brothers #tennis #serbia #greece #daviscup ♬ original sound - Novak Djokovic

Освен Срби и луѓе од соседните земји, во коментарите му одговорија и Грци. „Ве обожаваме во Грција. Секогаш сте добредојдени“, „Ви испраќаме голем поздрав од Грција“, „Дојди овде да танцуваме“, продолжија коментарите.

„Веќе можам да видам дека можеби ќе почне да танцува кога ќе се пензионира“, гласи еден од коментарите.

Рама: Австријци во Корча ќе го градат првиот ски-центар во Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама најави изградба на првиот ски-центар во земјата, додавајќи дека тоа ќе биде во Корча, а инвеститорот ќе биде од Австрија.

- Наскоро со Божја помош, никогаш не се знае што ќе се случи следниот ден во овој живот, ќе започнеме со изградба на првиот ски-центар кој ќе биде во областа на Корча. Станува збор за фантастичен проект од група многу сериозни инвеститори од Австрија, рече Рама.

Според него, и архитектите се Австријци, автори на најпознатите одморалишта во Австрија и Швајцарија.

-Ова ќе биде првиот ски-центар. Владината намера е Албанија да ја претвори во туристичка дестинација и за зимската, а не само летната сезона, посочи Рама во поткастот „Зборуваме".

Додаде дека, како резултат на визијата на владата и вложувањата, неговата земја станала барана дестинација, која во изминатите осум месеци од годинава ја посетиле над 8,5 милиони туристи. /МИА

Зеленски: Украина трпи големи загуби поради бавната испорака на оружје

Украинските војници трпат големи загуби поради бавното пристигнување на западното оружје за соодветно опремување на вооружените сили, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен.

Зеленски истакна дека ситуацијата во источниот дел на земјата е „многу тешка“, додавајќи дека половина од украинските бригади таму не се опремени, пренесува БТА.

- Затоа губиме многу луѓе. Ги губиме луѓето затоа што немаат борбени возила... немаат артилерија, немаат артилериски гранати, рече Зеленски.

Тој, исто така, забележа дека оружјето ветено од САД и европските земји пристигнува многу бавно.

- Потребни ни се 14 бригади за да бидеме подготвени. Досега... од овие пакети [со пратки оружје] не опремивме ниту четири, посочи украинскиот претседател.

Зеленски овој месец треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и ќе му претстави план за ставање крај на војната. Главните елементи се безбедносна и дипломатска поддршка, како и воена и економска помош, најави Зеленски.

Се очекува тој да му ги повтори на Бајден барањата да и се дозволи на Украина да користи американско оружје со долг дострел за да напаѓа длабоко на руска територија.

- Единственото нешто од што се плаши рускиот претседател Владимир Путин е реакцијата на неговиот народ ако цената на војната ги натера да страдаат. Направете ја Украина силна и ќе видите дека тој ќе седне и ќе преговара, рече Зеленски./МИА

притисни ентер