Невакцинираните деца за голема кашлица си одат во градинка-кој треба да прогласи епидемија

Нема дилема, дали треба одлуката на Центарот за јавно здравје на ниво на град Скопје за прогласување на епидемија и невакцинираните деца да не одат во градинка да не се применува?

Таа одлука треба веднаш да се применува од страна на Mинистерството за труд и социјлна политика, според Член 56 од Законот за заштита на населението кога има само едно подрачје тогаш епидемија прогласува надлежниот центар, а не да се чека одлука на влада, вели професорот по епидемиологија Драган Даниловски.

„Многу е јасно дека кога Центарот за јавно здравје инфромирал ги потврдил мерките од Комисијата за заразни болести тие мерки веднаш треба да се применат“, вели проф. д-р Драган Даниловски за Канал 5.

Даниловски објаснува дека не само во градинките туку и во училиштата треба да се применува неимунизиарни деца да не одат во училиште. Тој се повикува на член 39 од Уставот.

Член 39

На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.

Според него во време на прогласена епидемија здравствената заштита треба да биде загаранитринам во целиот систем.

„Да децата имаат право на образовние, но притоа родителите треба да ги вакцинираат децата. Зошто оние деца кои не можат да се вакцинираат им се прекршува нивното право за заштита на здравјето, потенцира Даниловски.

Даниловски вели дека неодговорноста, неказнивоста на ширење на лажни вести свесно од страна на поединци носи несигурност и страв кај дел од родителите. Дел од родителите кои заради неукост и влијание на лажни вести враќаат болести кога ќе се намали имунизацијата.

„Има дел од педијатрите кои свесно ги одвраќаат родителите од вакцина. Тоа е затоа тие не се едуцираат, не читаат и не виделе тешки болести од минатато кои се искоренети со вакцинација и затоа не веруваат во постоењетона болестите“, вели Даниловски.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје на ниво на цела територија има 39 случаи на голема кашлица, 33 се во Скопје.

Од Министерството за труд и социјлна политика се повикуваат на владина одлука која ја немаат добиено за задолжително примање на вакцинирани деца во градинките.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер